СудбинаВидео - Неверојатна сцена: Фудбалер оживеа галеб кој беше погоден со топкаКапитен на еден аматерски фудбалски тим на натпревар во Истанбул спаси галеб кој откако беше погоден со топка падна на земјата без знаци на живот.Птицата за среќа еспасена по брзата интервенција на еден од фудбалерите која на галебот му пружи прва помош, давајќи му му кардиопулмонална реанимација на теренот. Во 22-та минута од натпреварот, голманот на еден од тимовите ја шутна топката од својот шеснаесетник, по што таа удри во галеб кој леташе над теренот, според Ал Џезира. Птицата веднаш паднала на тревата, на чудење на играчите и публиката, а голманот рекол дека на почетокот дури и не знаел што погодила топката и дека го сфатил тоа дури откако се приближил до „белиот предмет што паднал од небото“, пренесуваа локалните медиуми. Капетанот на тимот Гани Катан веднаш дотрча до галебот и започна да му пружа прва помош. галебот, бил во несвест и не дишел. Иако нема медицинска обука, Катан, според веб-страницата „Турки тудеј“, започнал со кардиопулмонална реанимација (КПР) со примена на компресии на градите врз птицата. По околу две минути, галебот покажа знаци на закрепнување и почна да се движи, по што беше префрлен на понатамошна ветеринарна нега, под аплауз од присутните гледачи. Катан рекол дека поразот е разочарувачки, но нагласил дека спасувањето животи е поважно од резултатот. 🇹🇷 #Turkey. And now for the important news. The goalkeeper hit a seagull with the ball, and the captain tried to save it right on the field. Play was halted during an amateur football match in Istanbul after a strike hit a low-flying seagull, leaving it motionless on the pitch.… pic.twitter.com/ZtzfKJrVMe — Pisklauren (@pisklauren) February 24, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМисајловски на Свечениот собир со припадниците на Армијата и вработените во одбранатаВо пресрет на роденденот на македонската Армија, министерот Мисајловски упати благодарност до сите вработени.Денеска пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот, по повод 18. Август - Денот на Армијата, се одржа свечен собир на припадниците на Армијата и вработените во одбраната, на кој се обратија министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Во пресрет на роденденот на македонската Армија, министерот Мисајловски упати благодарност до сите вработени и нагласи: „Вашиот труд, вашата посветеност и професионалност која ја покажувате секојдневно ни овозможува да бидеме една од најорганизираните институции во државата. За сите нас, за Македонија, успехот ќе ни биде загарантиран само ако продолжиме посветено да работиме, да продолжиме да функционираме како едно големо семејство кое го обединува заедничка цел: Македонија да продолжи да се развива и да изградиме подобра држава за следните поколенија“. Мисајловски на вработените им порача дека ќе продолжат да бидат вреднувани затоа што тие се столбот на одбраната. „Кон секој предизвик пристапувавме од исто стојалиште и иста перспектива – се поддржувавме во секој момент и за доброто на секој војник, подофицер, офицер и вработен во одбраната. Носиме одлуки кои ќе нè направат посилни и токму затоа сакам да нагласам дека работиме и на повисоки плати и подобри услови за работа“, рече Мисајловски. Началникот на Генералштабот, Генералот Лафчиски во своето обраќање пред присутните, истакна дека 18 Август е „денот кога ја славиме Воената професија, професија која се темели на чест, дисциплина, одговорност, лојалност, професионализам и патриотизам. Тоа се вредностите по кои секојдневно се препознаваме – вредности кои се во кодот на секој Армиски припадник. Генералот Лафчиски наведе дека изминатата година беше година на значајни резултати и потврда дека Армијата продолжува да ги развива своите способности и да ги исполнува највисоките национални и НАТО стандарди, истакнувајќи „Зад секој од овие резултати стои многу работа, соработка, координација, планирање, реализација и извршување“. Во рамки на свеченоста, делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот, предводена од министерот Мисајловски, заедно со семејствата на загинатите бранители, положија свежо цвеќе пред спомен-обележјето на загинатите бранители пред зградата на Министерството, оддавајќи им почит за нивната храброст и пожртвуваност. Претходно, на градските гробишта во Бутел, владина делегација предводена од министерот положи венци со свежо цвеќе на партизанските гробишта и на вечните почивалишта на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Глигоров и на генералот Михаило Апостолски. На свечениот собир на вработените Министерството за одбрана и Генералштабот присуствуваа и заменикот министер, Адмир Шабани, заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова, директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев, вработени во Министерството и Генералштабот и останати гости. Централната свеченост по повод Денот на Армијата ќе се реализира утре 18. Август во Центарот за обука на вода - Биљанини извори во Охрид.Тагови: Владо Мисајловски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
МакедонијаБорозан: Зошто се крие документ за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?СДСМ со денови јавно бара владата на Мицкоски да објави официјален документ, анализа, резултат кој потврдува дека водата во Гостивар е безбедна за пиење.Прашањето е зошто се крие официјален документ за водата во Гостивар? Зошто не се објавува? Бадијала се повиците на Мицкоски кога не се објавува и се крие од луѓето. А знаеме криењето на резултати до каква катастрофа доведе. Од почетокот на кризата со труењето во Гостивар - нема ниту едно стручно лице да излезе и да ги соопшти резултатите за водата. Власта нема објавено ниту еден официјален документ за водата. Граѓаните не видоа ниту една институција ниту одговорно лице што стои зад исправноста. Мицкоски од екскурзија ја „пушти“ водата за пиење во Гостивар ама документ за исправност на водата сè уште нема. Клековски, кој исто така беше на екскурзија, сè уште не се огласил, иако самиот најави дека првите резултати ќе ги има дури околу 20 август. Наместо премиерот и министерот за здравство - полицаец држеше здравица и објаснувше колку е „вкусна“ водата во Гостивар. Прво еден „полицаец“ Тошковски ја хиперхлорираше, потоа друг, Ангелов, ја пушти во употреба со здравица. Тотална негрижа, срам, брука и неодговорност. Кој тогаш шири паника? Оној што не сака или не може да покаже официјален документ. Да работеа институциите како што треба и на јавноста да ѝ беа достапни документите, како и стручните и овластени лица, немаше да има нервоза ниту паника. Така што, единствено паника создава Мицкоски и неговата криминална екипа, нестручна и неспособна. Граѓаните на Гостивар кои 5 недели пиеја загадена вода, каде има над 5.000 заболени, не заслужуваат ваков однос. Бидете барем еднаш одговорни и сериозни објавете документ: Која институција направила анализа на водата и какви се резултатите? Кој го потпишал извештајот и кој со својот потпис гарантира дека водата е безбедна? За здравјето и животите на луѓето се работи. Прес конференција на СДСМ, Маја БорозанТагови: Борозан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
МакедонијаСе зголемува цената на горивата: Дизелот поскап за 6,50, бензините за 4,50 денари по литарМалопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 6,00 ден/лит.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,85% во однос на одлуката од 10.8.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 8,983%, кај дизелот за 10,979%, кај екстра лесното масло за 9,801% и кај мазутот зголемувањето е за 0,871%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,2247%. Во денешната Одлука е продолжена примената на намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V). Од 18.8.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 91,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 93,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 98,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 43,726 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 4,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 6,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,188 ден/кг. и сега ќе изнесува 43,726 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 18.8.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат Тагови: бензините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29