КошаркаВидео: Неверојатен кош на Дончиќ 23 годишниот репрезенативец на Словенија, Лука Дончиќ има феноменален почетокот на сезоната во НБА.По десет кола Дончиќ ј е најдобар стрелец во најсилната кошаркарска лига на светот со неверојатен просек од 36 поени, Лука е и шестиот најдобар асистент во лигата со просек од 8,6 асистенции. Во моментов предводникот на Далас е незапирлив на паркетот може да прави што сака со топката. Така пред последниот дуел со Нетс, Дончиќ покажа дека е вистински виртуоз со портокаловиот баскет и успеа да постигне кош дури и со рамото. Кошот неговиот Далас го опиша како уште една магија на Лука . Luka Doncic knocks down a wild trickshot using his shoulder during warmups! pic.twitter.com/U2HJUAJE9t — NBA (@NBA) November 8, 2022 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Центар со ексклузивна поддршка за македонската музичка сцена по повод 50 години постоење Четврто издание на традиционалниот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“: Општина Центар со ексклузивна поддршка за македонската музичка сцена по повод 50 години постоење.Скопје се подготвува за уште една вечер за паметење! Во сабота, 12 септември 2026 година, од 20 часот, Паркот на франкофонијата ќе биде епицентар на четвртото последователно издание на традиционалниот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“, кој годинава се одржува во духот на големиот јубилеј - 50 години од формирањето на Општина Центар. Општина Центар и понатаму е единствена општина што преку овој настан недвосмислено ја застапува и поддржува домашната култура, ангажирајќи исклучиво македонски уметници и музички изведувачи. Преку оваа традиција во фокус остануваат промоцијата и поддршката на македонската музичка сцена и домашниот автентичен звук. Годинава на настанот ќе учествуваат гигантите на домашната урбана сцена. Публиката ќе има ретка можност да ужива во ексклузивниот скопски настап на популарното дуо „Дупер“, а енергијата до максимум ќе ја издигнат Слаткар, еден од највлијателните хип-хоп артисти на нашите простори, како и хитмејкерите 2 Бона. Покрај нив, сцената ќе ја збогатат и извонредните вокали Лина Пејовска и Барбара Поповиќ. Диригентската палка на целовечерната програма ќе биде во рацете на омилениот и незаменлив македонски актер Сашко Коцев. Со својот препознатлив хумор, непосредност и уникатен шарм, Коцев ќе се погрижи за атмосферата меѓу настапите и ќе ја води публиката низ сите изненадувања на оваа јубилејна вечер. „Овој хепенинг е подарок за сите жители на Центар и Скопје - вечер посветена на заедништвото, позитивната енергија и поддршката на нашите музички таленти“, вели градоначалникот Горан Герасимовски. Со „Нешто што ќе остане“ ќе се забавуваат сите генерации. Ве покануваме заедно да го прославиме овој важен јубилеј и да создадеме уште една вечер што ќе се памети!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалРоналдо му изразил сочувство на Меси по смртта на неговиот таткоГолеми ривали, но и големи луѓе. Двете големи фудбалски ѕвезди кои со своето ривалство на зелениот терен ги одбележаа последните 15 години во светскиот фудбал Португалецот Кристијано Роналдо и аргентинскиот волшебник Лионел Меси покажаа дека нивното ривалството е само на теренот не и во приватниот живот. Португалецот Кристијано Роналдо упати сочувство до Лионел Меси и неговото семејство. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, испратил порака за поддршка до Лионел Меси по смртта на неговиот татко Хорхе. Најважниот човек во животот на аргентинскиот волшебник почина на 69-годишна возраст, по борба со тешка болест. Ситуацијата за семејството Меси била многу тешка уште за време на Светското првенство, а трагичната вест пристигнала овој викедн во саботата. Сочувство до Лионел пристигнуваа од сите страни, а посебно внимание привлече емотивната порака од Кристијано Роналдо, со кого водеше големи битки на теренот, како и трката за титулата „најдобар на сите времиња“ (GOAT), која ја подели фудбалската јавност. „Голема прегратка за тебе и твоите најблиски во овој тежок момент, Лео. Остани силен“, му порача Роналдо на Меси.Тагови: Кристијано Роналдо Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаЛДП: Додека се шири западнонилската треска, институциите молчат – кој ќе одговара?Додека западнонилската треска се шири, имаме заболени и веќе еден починат пациент, надлежните институции повторно се однесуваат како проблемот да ќе исчезне ако доволно долго молчат.Ова не е тема за бирократски соопштенија и префрлање на топката од една институција на друга. Ова е јавно здравје и човечки животи. Според досега објавените информации, епидемија е прогласена во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, регистрирани се 26 случаи, а еден пациент е починат. Затоа прашуваме: што правеа институциите додека растеше бројот на заболени? Кога го добиле првото предупредување? Кога сфатиле дека бројот на случаи расте? Дали и кога е извршена дезинсекција и со каков опфат? Кои биле утврдените ризични подрачја? Колку пари се обезбедени за итни мерки и, конечно, кој ќе понесе одговорност ако било задоцнето со превенцијата? Не прифаќаме граѓаните да дознаваат од медиуми и социјални мрежи дека во нивната општина е прогласена епидемија, додека надлежните се кријат зад институционален молк. Комарецот не знае каде завршува една, а почнува друга општина, па затоа е срамно Владата, Министерството, здравствените институции и општините да си ја префрлаат одговорноста додека заразата се шири. Бараме Владата, Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје – Скопје и локалните самоуправи веднаш и јавно да соопштат што презеле досега, што ќе преземат во следните денови и кој конкретно е одговорен за секоја мерка. За епидемија не се реагира откако ќе почнат да се бројат заболени и починати. Се реагира пред тоа. Тоа се вика превенција. Сè друго е неодговорност што граѓаните ја плаќаат со сопственото здравје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter