Видео: Несекојдневна глетка кон поларната светлина над северниот Атлантик - Канал 5

Видео: Несекојдневна глетка кон поларната светлина над северниот Атлантик

Патниците кои се најдоа на летот од Рејкјавик, Исланд, до Манчестер, Велика Британија, синоќа имале несекојдневна можност да ја видат поларната светлина. 

Видео: Несекојдневна глетка кон поларната светлина над северниот Атлантик

Спектакуларните слики и снимки го преплавија интернет-просторот, а сѐ тоа, благодарение на пилотот што го сврте авионот „во место“ за 360 степени.

Имено, половина час по полетувањето, пилотот на „Изиџет“ го направи маневарот, за да може необичната глетка да се види од обете страни, а авионскиот персонал ги затемни светлата во кабината за да го направи искуството комплетно. Но, се чини, тие знаеле за среќната вест меѓу патниците...

Адам, еден од туристите, се враќал од романтично патување со својата девојка, каде што и ја запросил. Но, поради облачното време, не успеале да ја видат поларната светлина на Исланд.

- Отидов таму за да ја побарам мојата девојка за време на поларната светлина. Така што, големо изненадување е што сепак успеавме да ја видиме во авионот, рече тој, додавајќи дека пилотот го направил овој потег за патниците десно во авионот, каде што седеле и свршениците.

И други пилоти го следеа примерот на својот колега од британската авиокомпанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата

Заврши гласањето во Брвеница, граѓаните избираа меѓу Стојанчо Радически од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ     

Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата

За 21 часот државната изборна комисија најави дека ќе ги објави првичните резултати од денешниот втор кјруг за градоначалник во Брвеница.. ВМРО-ДПМНЕ пред малку го призна поразот на нивниот кандидат Стојанче Радичевски и ја честиташе победата на на кандидатот на ДУИ Аркин Јахиј.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Жешка одбојкарка

Атрактивната Кајла Симонс , која важи за најсекси одбојкарка во светот, ги воодушеви своите обожаватели со најновата објава на Инстаграм.

Фото: Жешка одбојкарка

Оваа 31-годишна девојка, поранешна универзитетска одбојкарка, а денес инфлуенсерка и модел, сподели неколку фотографии на кои позира на плажа.

Со текот на годините, Кајла стекна голема база на обожаватели и има речиси милион следбеници на Инстаграм.

Нејзината најнова објава прикажа дека 31 годишната екс одбојкарка ужива на егзотичните Бахами.

На фотографиите таа носи светлозелено бикини кое ги истакна сите нејзини облини. На некои од нив позира легната покрај морето, додека на друга го покажува своето тело покриено со песок.

Нејзината објава собра многу допаѓања и коментари. „Не сум сигурен дали песокот некогаш изгледал вака добро“, „Апсолутно прекрасна“, „Божица“ – ова се само дел од коментарите под објавата.

За време на студиите на Универзитетот „Маршал“, Кајла играла одбојка. Таа се откажа од професионална одбојкарска кариера по завршувањето на четиригодишните студии, поради притисок и конфликти со универзитетската управа, која барала од неа да отстрани фотографии од Инстаграм и да го избрише својот профил.

Сега убавата Кајла е инфлуенсерка и модел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алта банка – Битола: Експозитурите нема да работат со клиенти

Од Алта банка – Битола информираат дека од 2 ноември 2026 година (понеделник), експозитурите на АЛТА банка АД Битола привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување.

притисни ентер