Тројца пожарникари загинаа во пожарите кои беснеат во Грција, најкритично на Крит и Пелопонез, евакуирани туристи
1Тројца пожарникари загинаа во пожарите кои беснеат во Грција, најкритично на Крит и Пелопонез, евакуирани туристи
ФудбалВидео: Нервозниот Енрике по убедливиот пораз, нападна фудбалер на ЧелзиНепријатни сцени по последниот судиски свиреж на историското прво финале меѓу ПСЖ ми Челзи на фудбалскиот Мундијал за клубови во Америка.Неверојатна случка го одбележа крајот на финалето на клупскиот мундијал во САД,, нервозниот предводник на европскиот шампион ПСЖ, Луис Енрике да го издржи притисокот поради убедливиот пораз сакаше физички да се пресметка со напаѓачот на Челзи, стрелецот на третиот гол, Бразилецот Жоао Педро. Педро беше во конфликт со голманот Донарума и со Хакими кога Енрике влезе во вербална пресметка со противничкиот фудбалер, која подоцна стана и физичка. 🚨: Luis Enrique tries to grab Joao Pedro’s neck and then pushes him in the face 🤯 pic.twitter.com/8utmsEIjxk — Dean (@DeanCFC_) July 13, 2025 Ударот не беше пресилен, но Педро падна како покосен и нема никаков сомнеж дека Енрике ќе биде жестоко казнет за своето однесување. Se le ha ido la olla a Luis Enrique, lamentable la imagen que deja al final enganchando a João Pedro del cuello.pic.twitter.com/VSouKc0Bdc — Helena 🇮🇨 (@HdeHelena_RM) July 13, 2025 Тагови: Луис Енрике ПСЖ Челзи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00
БалканТројца пожарникари загинаа во пожарите кои беснеат во Грција, најкритично на Крит и Пелопонез, евакуирани туристиЈужна Европа и натаму е во пламен. Разорните шумски пожари и натаму беснеат во повеќе европски земји, оставајќи зад себе уништени домови, опожарени шуми и илјадници евакуирани жители и туристи. Најтешка е состојбата во Грција, каде што во борбата со огнената стихија животот го загубија тројца пожарникари. На југот на островот Крит беснеат најголемите пожари. Двајца пожарникари загинале откако со службеното возило ја изгубиле ориентацијата во густиот чад, додека уште еден нивен колега бил пронајден мртов во близина на пристаништето Гитео на Пелопонез. Причината за неговата смрт сè уште не е соопштена. Поради силните ветрови, хеликоптерите и противпожарните авиони привремено ги прекинаа летовите, што дополнително ја отежна борбата со пожарите. Евакуирани се неколку населени места, а околу 6.000 туристи биле погодени од евакуациите. Грчките власти предупредуваат дека опасноста останува исклучително висока и во наредните денови. -Во името на целиот владин кабинет изразувам длабоко сочуство кон семејствата на загинатите пожарникари, кои ги загубија своите животи во борбата со пламените јазици, додека се обидуваа да ги спасат животите на своите сограѓани, и нивните домови. Државата ќе ги одликува со најголеми почести. Владата ќе застане зад нивните семејства и ќе ги зајакне акциите со кои ќе се превенираат ефективно заканите од климатската криза – изјави Мицотакис. Во Франција пак, пожарникарите се борат со десетици активни пожари. Во јужниот департман Вар се евакуирани неколку стотици жители, а нови огнени жаришта се регистрирани и во шумите, јужно од Париз, каде што веќе изгореле повеќе од 120 хектари. Во регионот кај Бордо, каде што пожарите ова лето уништија околу 42 илјади хектари, состојбата постепено се стабилизира и властите најавуваат враќање кон нормален живот. Во исто време нови пожари се шират и во Шпанија. Најкритично е во Националниот парк на границата со Португалија, каде што се евакуирани дванаесет населени места и речиси илјада жители. Иако во делови од земјата мерките постепено се укинуваат, околу 9.500 луѓе во регионот на Мадрид сè уште не можат да се вратат во своите домови. Со пожарите се бори и Турција. Во туристичката област Анталија противпожарните екипи веќе неколку дена интервенираат на повеќе жаришта, а дел од населението е евакуирано како мерка на претпазливост.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМитева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност Настанот ќе биде од отворен карактер и со слободен влез, соопшти портпаролката на владата Марија Митева.Пионерите на транс музиката, диџеите Пол Ван Дајк и Пол Окенфолд, ќе настапат во Струмица на 16 август во Градскиот парк, како дел од манифестацијата „35 години независност на Македонија“ која започнува на празникот 2 август-Илинден во Битола, а завршува на денот на независноста, 8 септември во Скопје. Настанот ќе биде од отворен карактер и со слободен влез, соопшти портпаролката на владата Марија Митева. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАндоновски: Нема да се уништува животната средина за да се градат дата-центриНема да се уништува животната средина за да се градат дата-центри – уверува минситерот за дигитализација Стефан Андоновски.Според него, се размислува дата-центрите да бидат лоцирани во технолошко-индустриските развојни зони, на места каде што веќе има постоечки фабрики Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook