Шоу бизВидео: Неприкосновената Дуа Липа ги воодушеви сите на светската премиера на филмот „Барби“Светската премиера на долгоочекуваниот филм „Барби“ се одржа вчера во „Shrine Auditorium“ во Лос Анџелес.Наместо на црвен тепих, ѕвездите прошетаа по розов, боја специфична за најпознатата кукла во светот. На светската премиера на филмот во режија на Грета Гервиг присуствуваа ѕвездите од филмот Маргот Роби и Рајан Гослинг, кои ги играат Барби и Кен, како и нивните колешки Иса Рае, Кејт Мекинон, Сима Лиу и Америка Ферера. Во „Shrine Auditorium“ беа и Били Ајлиш и Дуа Липа, кои се дел од саундтракот. И додека повеќето ѕвезди на розовиот тепих носеа комбинации кои потсетуваа на светот на најпознатата кукла во светот, пејачката Дуа Липа го привлече вниманието во проѕирен, блескав фустан со само бели гаќички одоздола. Dua Lipa at the Barbie Premiere. I’m sorry but pic.twitter.com/xLBTqxfTQs — Maddy (@Madicattt) July 10, 2023 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаКривична пријава за раководството на УХМР и битолска фирма за наместени набавкиСомнежи за злоупотреби со јавни набавки во УХМР. МВР поднесе кривична пријава против девет вработени и едно правно лице, меѓу кои и поранешниот в.д. директор Ивица Тодоровски. Според истрагата, со спорни набавки во 2023 година на две фирми им била овозможена противправна имотна корист од речиси половина милион евра. Тодоровски потпишал тендер со фирма кој бил спротивен на одредбите на Етичкиот кодекс на Светска метереолошка организација. Најголем износ се однесува на фирма од Скопје, на која според полицијата и била овозможена имотна корист од околу 475 илјади евра. Речиси 13 илјади евра добила битолска фирма која требало да печати промотивни материјали и да набави ситен инвентар. -И.Т. во својство на в.д. директор на УХМР, иако знаел дека се правно нецелосни и процедурално неисправни, донел две посебни одлуки за набавка во различен период за ист настан. И покрај фактот што однапред имал добиено спецификација за потребни количини на услуги за вкупните потреби и обемот на настанот, постапката ја спровел врз основа на изменета спецификација по единечна количина,- -МВР. Инаку во јуни 2023 година во Скопје биле организирани две работилници за управување со системот за брзи поплави, за кои Светската метеоролошка организација обезбедила 650 илјади евра. И ДЗР во својот извештај од тогаш изразил мислење со резрева за финансиските извештаи за дел од потрошените пари и во него е наведено дека се одговорност на тогашниот в.д директор Ивица Тодоровски. Дел од пријавените вработени, според МВР одобриле и пуштиле во исплата фактура без приложени докази, со измислени коефициенти и невистинити финансиски податоци. Уште една кривична пријава за проневера во службата и перење пари МВР поднесе против 47-годишен скопјанец и едно правно лице. Како овластено лице во фирма што вршела технички прегледи, од 2021 до јануари 2026, доставувал лажни извештаи до надлежните институции за надоместоците наплатени при регистрација на возила и противправно се стекнал со околу 110 илјади евра. -Изготвувањето на извештаите и лажирањето на податоците биле извршувани во содејство со лицето С.С., кои како овластени лица за изготвување и потпишување на фактури и доставување на извештаи до надлежните институции со цел прикривање на паричните средства на наплатените парични средства преку две правни лица и осигурително брокерско друштво од Скопје, на чии сметки биле наплаќани предвидените надоместоци,- -МВР. Пријавите се доставени до скопското и ОЈО ГОКК кои треба да ги прверат наводите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаМицкоски: До крајот на годината нема да има поскапување на струјатаЦената на електричната енергија до крајот на годината ќе остане иста, а владата ќе се бори таа да остане иста и од 1 јануари – изјави денеска премиерот Мицкоски.Цената на електричната енергија до крајот на годината ќе остане иста, а владата ќе се бори таа да остане иста и од 1 јануари – изјави денеска премиерот Мицкоски, според кој приоритет на владата била одржување на енергетската стабилност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОсми конгрес на СОНК и повлекување на Неделков по 16 годиниЌе се заложам за подобри услови и плати, почитување на стекнатите права, но и за враќање на достоинството на просветниот работник, порача на осмиот конгрес на СОНК Стојко Рамов кој како единствен кандидат го заменува Јаким Неделков.Ќе се заложам за подобри услови и плати, почитување на стекнатите права, но и за враќање на достоинството на просветниот работник, порача на осмиот конгрес на СОНК Стојко Рамов кој како единствен кандидат го заменува Јаким Неделков, кој по 16 години минати на претседателското место се повлекува од челната синдикална позиција. -Приоритет ќе ми биде склучување на колективниот договор за основно и средно образование, но и да се потпише колективен договор за детска заштита, нов колективен договор за култура. Сметам дека во идниот период следува доста работа, се надевам дека ќе наидеме на разбирање од социјалните партнери и дека ќе успееме да го подобриме економскиот и социјалниот статус на просветните и културните работници во Република Македонија,- -Стојко Рамов. Го скршивме мразот на замрзнатите плати, а трасираниот пат кон успехот треба да продолжи бидејќи навистина има уште многу работи што треба да се завршат, порача Неделков истакнувајќи дека за најголемо достигнување и гордост сепак го смета тоа што не дозволил разни струи од надвор да влезат во редовите на Синдикатот. -Во овој мандатен период најмалото зголемување во дејностите детска заштита и образование е над 70 %, а највисокото зголемување на платите во високото образование и наука е околу 100 %. Мојата најголема гордост е што не дозволив разни „струи“ од надвор кои имаат интерес го ослабнат СОНК, да влезат во нашите редови и да го ослабнат или растурат Синдикатот. Највистина сум горд што нашето членство остана единствено,- - Јаким Неделков. Министерката за образование и наука Весна Јавска која присуствуваше на Конгресот порача дека очекува да продолжи партнерскиот дијалог и подвлече дека тешката реформа, што инаку вклучува затворање на голем број на училишта ширум земјава, или „оптимизацијата во образованието“ нема да остави ниту еден наставник без работа. „Оптимизација“ значи подобрување на образовниот процес. Во принцип, генерално, најголемата корист ќе биде за учениците, но тоа не значи дека и наставниците нема да се чувствуваат подобро кога работат во подобри услови и поголеми групи. Овој процес, кажав, би требало да трае најмногу 4 години, во кои ниту еден наставник нема да го загуби работното место, но нови вработувања во овој период нема да има. - Весна Јаневска. По 16 години, СОНК добива нов претседател, Рамов го презема претседателското место како единствен кандидат на осмиот конгрес, а до изборот беше еден од двајцата потпретседатели на СОНК и претседател на регионален огранок на синдикатот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11