Видео: НБА Ол Стар: Диало леташе, Харис попрецизен од Кари - Канал 5

Видео: НБА Ол Стар: Диало леташе, Харис попрецизен од Кари

Вториот ден на НБА Ол Стар викендот во Шарлот беше резервиран за тројкашите, забивачите и натпреварот во покажување на вештини.

Видео: НБА Ол Стар: Диало леташе, Харис попрецизен од Кари

Шоуто во Шарлот стартуваше со популарниот скилс челенџ или натпреварот во вештина. Во ова натпреварување учествуваа и двајца кошаркари од екс Jугославија, Словенецот Лука Дончиќ , Србинот Никола Јокиќ , Црногорецот Никола Вучевиќ, во нивната пресметка во четврфиналето подобар беше кошаркарот на Денвер, Јокиќ. Српскиот центар потоа испадна од кошаркарот на Бостон Џејсон Тејтум, која на кјрајот беше прогласен з највешт кошаркар , отако во финалето ја победи младата ѕвезда на Атланта Треј Јанг.

YouTube video

Во финалето Тејтум постигна кош од половина терен за победа.

Во пресметката во брзо и прецизно шутирање на тројки финалната тројка ја сочинуваа Џо Харис, Стеф Кари и Бади Хилд.Во првата рунда меѓудругите испаднаа почесниот учесник Дирк Новицки и бранителот на трофејот Девин Букер.

YouTube video

На крајот Харис со 2 поени го победи Стеф Кари и го освои престижниот трофеј. Шутерот на Бруклин Харис ја игра петтата сеззона во НБА.

Во најинтересното натпреварување на вториот дена на Ол Стар викеднот , натпреварот во забивање шампион беше атлетот на Оклахома Сити летечкиот Хамид Диало.. Противник во решавачката рунда му беше Денис Смит од Њујорк.

Најатрективното забивање Диало го изведе во првата серија кога во дресот на Супермен Диало го прескокна огромниот Шекил О Нил и заби тако што неговата рака до лактот остана во обручот.Во финалето против Смит , Хамид немааше проблеми поради тоа што неговиот противник не успеа да заби.

YouTube video

Вечерва во Шарлот е мечот на сите ѕвезди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Републиканците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов

Републиканците во Претставничкиот дом на САД го блокираа обидот за импичмент на министерот за Одбрана Пит Хегсет.

Републиканците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов

Со 211 гласа „за“ и 204 „против“ беше усвоен предлогот за упатување на осумте точки за импичмент до правосудниот комитет.Иницијативата ја поднесе републиканскиот конгресмен Томас Маси, но не доби поддршка од ниту еден друг републиканец.

Демократите го обвинуваат Хегсет за злоупотреба на функцијата и незаконско наредување воени операции во Иран и Јемен.Во обвиненијата се споменуваат и американските напади врз бродови на Карибите, како и заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Хегсет ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека обидот за негов импичмент е политичка фарса.Тој ја бранеше воената политика на администрацијата на Доналд Трамп и тврдеше дека неговите наредби биле законски.

Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс јавно застанаа во одбрана на министерот.Демократите, кои по среднорочните избори ќе ја преземат контролата врз Конгресот, најавуваат дека ќе разговараат за нова иницијатива.

Незадоволството од војната во Иран беше и еден од факторите што влијаеја врз изборните резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Денеска продолжува рочиштето  за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали.

Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра.

Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра.

На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер