Видео: Настап што ги расплака сите откако натпреварувач се трансформираше во легендарниот Тоше Проески - Канал 5

Видео: Настап што ги расплака сите откако натпреварувач се трансформираше во легендарниот Тоше Проески

Настап што ги расплака сите откако натпреварувач од шоуто „Твоето лице звучи познато“ се трансформираше во легендарниот македонски пејач Тоше Проески

Видео: Настап што ги расплака сите откако натпреварувач се трансформираше во легендарниот Тоше Проески

Хрватскиот пејач Свен Поцрниќ, учесник во новата сезона на шоуто „Твоето лице звучи познато“, успеа со својата изведба на песната „Игри без граници“ (Igrа bez granica) да ги разнежни сите присутни. Со секој тон, тој ја пренесе емоцијата и чувството карактеристично за Тоше Проески, што беше веднаш забележано од страна на жирито, пишува сараевскиот портал Кликс.

Жирито оваа година е составено од Енис Бешлагиќ, Горан Навојец, Мартина Стјепановиќ Метер и Марио Рот. -Навистина имав чувство дека вечерва го слушав Тоше - истакна Рот.

Додека пак, Метер го нагласи достоинствениот и почитувачки начин на кој пејачот ја долови изведбата на покојниот пејач.

-Свен, ти на свој начин навистина се обиде да го доловиш тоа, што според мене е една од најтешките задачи што можеше да ја добиеш. Ти благодарам, додаде Бешлагиќ.

Навојец, пак, нагласи дека на моменти Свен навистина наликувал на Тоше, со што ја засили емоцијата на целиот настап.

Свен Поцрниќ е школуван музичар, пејач, како и вокален ментор и педагог со богато искуство во театарот, студиската работа и работата со изведувачи од различни генерации. Како вокален ментор и педагог работи во школата за пеење „Хусар и Томчиќ“. Покрај тоа, публиката имала можност да го гледа во театарски претстави во театар Комедија и др.

Неговата изведба на „Игри без граници“ покажа не само техничка виртуозност, туку и длабока емоционална посветеност, што го направи еден од највпечатливите моменти во новата сезона на шоуто, наведува Кликс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Таа е жена од соништата,  во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година.

Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи.

Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Младата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекција

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Сексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи.

Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење.

„Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гламурозно порше 911

Славната француска модна куќа  „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Видео: Гламурозно порше 911

Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили.

Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци.

Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач.

Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС.

Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода.

Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер