Видео: Напад во Холандија, маж со самострел пукал кон минувачи, убиени две лица

Денес во градот Алмело во Холаднија се случил напад.

Во нападот кој се случил утрово во алмело се убиени две лица а едно лице е повредено. Осомничениет е ранет и аупсен јавуваат локалните медиуми. Иако мотивите на напаѓалот и се се уште непознати, властите не го третираат како терорист, објави „De Telegraaf“ повикувајќи се на портпаролот на полицијата.

На местото на настанот се видени шест возила на брзата помош и повеќе полициски воизила како и екупа на специјалната полиција.

„RTV Oost“ објави снимка која прикажува полугол маж со самострел на балкон, додека во позадина се слуша истрел од огнено оружје. Мажот наводно со самострел од балконот пукал кон минувачите.

Полицијата пукала со огнено оружје при апсењето на осомничениот.

Полицијата првично на Твитер објави дека ситуацијата е под контрола, но дополнително е објавено дека станува збор за состојба која се означува со кратенката „GRIP 3“, што значи дека е во тек ситуација опасна по граѓаните.

По социјалниуте мрежи кружат снимки кои ја прикажуваат полициската акција.

Околу 10 часот полицијата првично објави дека е во тек интервензија поврзана со прободување и дека полицајците биле принудени да употребат огнено оружје.

„ Ситуацијата моментално не е безбедна, тргнете се од локацијата“, објавија тие.

Околу 15 минути подовна полицијата објавила дека станува збор за ситуација означена со кратенката „GRIP1“: „Тактичкиот тим на полицијата уапси едно лице, состојбата е под контрола“.

Но, поливина час подоцна ситуацијата е означена со кратенка „GRIP3“. Тоа според владината страница посветена на безбедност и борба против тероризмот, значи дека постои закана по популацијата во одреден округ.

Состојбата се смирила околу 12:45, јавуваат локалните медиуми.

Стојаноска: Оваа власт заминува во неславната македонска историја

Оваа власт заминува во неславната македонска историја, а Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата ќе ја направат Македонија повторно горда и повторно твоја.

Денес од Пештер, општина Јегуновце го упатувам последниот повик до сите граѓани на Република Македонија на коишто оваа влада им преседна со криминал и корупција, предавства, лошо образование, неквалитетно здравство, ниски плати и пензии, задутре да ја испратат во минатото и да остане запишана во неславната македонска историја.

Задутре гласајте за бројот 2, за професорката Гордана Силјановска Давкова, за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија.

Тоа се луѓето кои Македонија ќе ја направат повторно горда и повторно твоја.

Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот

Фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски ги пофали квалитетите на Килијан Мбапе.

- Ако го споредите Килијан со други играчи, разбирате дека тој зборува различен јазик. Јасно им дава до знаење на младите играчи дека фудбалот не е единственото нешто што е важно. Тој е и пример за личност, покажувајќи дека не е важно само фудбалскиот терен, туку и она што е во вашата глава. Многу паметен човек кој има многу јасна идеја за тоа што сака да прави и како сака да го прави тоа. Патот по кој оди е јасен. Тој е паметен не само како играч, туку и како личност. Го почувствував тоа кога првпат го видов пред неколку години. Ми остави впечаток. Можете да зборувате за многу нешта со Килијан, изјави полскиот фудбалски ветеран.

Мбапе е член за Пари Сен-Жермен, капитен на француската фудбалска репрезентација и важи за еден од најдобрите фудбалери на светот.

По крајот на сезоната извесно е дека Мбапе ќе направи трансфер во Реал Мадрид.

Последна претседателска дебата – вечерва по централните вести на Канал 5

Попладнево во Канал 5 се снимаше последната дебата на кандидатите за претседател.

Соочувањето ќе се емитува веднаш по централните вести во 18.30, а самата дебата е поделена на два дела.

Практично на само некоколку часови пред молкот, Канал 5 е местото каде што Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова ќе ги соочат аргументите и ќе ги испратат последните пораки до граѓаните.

притисни ентер