Видео: „Најжешката“ навивачка на финалето во Мадрид - Канал 5

Видео: „Најжешката“ навивачка на финалето во Мадрид

На синоќешното финале во фудбалската лига на шампионите во Мадрид меѓу Липерпул и Тотенхем  покрај фудбалерите главна ѕвезда беше и една „жешка“ навивачка во минијатурно бикини.

Видео: „Најжешката“ навивачка  на финалето во Мадрид

На синоќешното финале во фудбалската лига на шампионите во Мадрид меѓу Липерпул и Тотенхем покрај фудбалерите главна ѕвезда беше и една „жешка“ навивачка во минијатурно бикини.

-Нејзиниот скоро гол задник им ја украде славата на фудбалерите, сметаа милиони фудбалски навивачи од светот.

Рускиот Јутјубер Виталиј Зборовецки смислил страшен план како неговата девојка Кинси Волански да им го „украде“ шоуто на фудбалерите на ливерпул и Тотенхем

Виталиј кој е на црната листа на ФИФА и УЕФА поради тоа што прекина еден меч на Светскиот шампионат во Русија сега има забрана за влез на сите натпревари во организација на овие две светски фудбалски асоцијации. Но, тоа сепак не било проблем за него да направи нов маркетиншки потег.

За оваа своја измама ја искористи русокосата убавица Кинси. Прво со убавата Кинси објави фотографии и видеа од Бали, лажирајќи дека е далеку од Мадрид за потоа русокосата Кинси скоро гола да се појави на теренот во во шпанската престолнина. .

Виталија на својот Инстаграм покажа како со капа и брада сепак успеал да влезе на трибините и да го следи финалето и да го гледа перформансот на својата девојка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео- Фото: Халанд со нова фризура во нови победи со Сити

Светската фудбалска ѕвезда, норвешкиот стрелец Ерлинг Халанд со нов имиџ, кратка коса се појави на старот на  новата сезона со Манчестер Сити во Премиер лигата. 

Видео- Фото: Халанд со нова фризура во нови победи со Сити

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд (26), ја скрати долгата коса и ја започна сезоната во Премиер лигата со драстично поинаква фризура.

На милиони негови фанови ќе им биде тешко да се навикнат на фактот дека норвешката машина за голови сега изгледа вака:

Халанд се појави на натпреварот против Борнмут на стадионот „Етихад“ со кратка коса, а пред почетокот на мечот објави видео од својата нова фризура на својот профил на социјалната мрежа X.

Поради новиот изглед на Халанд на социјалните мрежи се јавија и неговиот долгогодишен тренер, легендарниот Пеп Гвардиола и светската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ.

Во видеото во кое Халанд е со новиот имиџ може да се види и изненадената реакција на неговиот поранешен тренер Пеп Гвардиола, кој не можеше да поверува во она што го гледа. Шпанецот реагираше побурно, па дури и опцу за време на нивниот видео-повик.

„Не е можно... Среќник си што воопшто имаш коса, и јас би сакал да имам“, рече Гвардиола со насмевка.

„Што по ѓаволите си направил? О Боже, што е ова? Да не изгуби во некој облог или слично? Блокирај ме, избриши ми го бројот“, му рече Златан Ибрахимовиќ.

Секако реагираа и многу соиграчи на Халанд.

Ерлинг Халанд со години носеше долга коса и беше препознатлив по неа. Последен пат настапи со косата врзана во опавче на Светското првенство во Америка, каде што испиша историја со националниот тим: го елиминираа Бразил и стигнаа до четвртфиналето, откако во нокаут-фазата ја совладаа Брегот на Слоновата Коска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со потсмев ја поздрави одлуката на Абази со која беше ослободен од одговорност за трагедијата со модуларната болница

Филипче со потсмев ја поздрави одлуката на Абази со која беше ослободен од одговорност за трагедијата со модуларната болница во Тетово.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со потсмев ја поздрави одлуката на Абази со која беше ослободен од одговорност за трагедијата со модуларната болница

Откако 5 години предметот за модуларната болница во Тетово се чуваше во фиоките на Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО, во која животите ги изгубија 14 лица, Венко Филипче, како тогашен министер за здравство, не беше повикан ниту на разговор.

За да биде појасно што се случувало, треба да се потсетиме дека модуларните болници биле поставувани без соодветен надзор, без одобренија од општините и без одобрение од надлежното министерство, односно спротивно на правилата предвидени со Законот за градење.

Филипче склучил анекс на договорот со фирмата која ги поставувала модуларните болници, со што цената била зголемена за 20%.

Овој случај, во кој 14 луѓе го загубија животот, Абази го затвори со тоа што го спаси Венко Филипче. A што станува со измените на Законот за градење, за отсуството на елаборат за електрична енергија, како и за недостатокот на основни технички спецификации?

Досега, условни затворски казни добија поранешните директори на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими и Артан Етеми, додека и самата болница како правно лице беше парично казнета.

Но, Абази оценил дека нема основ за одговорност од Венко Филипче.

Очигледно за Абази не биле доволни документите и вештачењата за да се отвори постапка против Филипче.

Па така, не е ни чудно што Филипче со потсмев ја поздравува оваа одлука, затоа што Абази си ја заврши задачата за која беше поставен во време на СДС, а тоа е да аргати за Заев, Филипче и Ахмети.

Секако, се појават нови докази, постапката за истото дело може повторно да биде отворена.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демант: Собранието не плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и вработените

Собранието на Република Македонија не плаќа и не обезбедува приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените во Собраниската служба.

Демант: Собранието не плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и вработените

Во врска со објавите во повеќе медиуми во кои се пласираат информации и се создава впечаток дека Собранието на Република Македонија обезбедува и плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените во Собраниската служба, ја информираме јавноста дека станува збор за неточно и манипулативно претставување на фактите.

Собранието на Република Македонија не плаќа и не обезбедува приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените во Собраниската служба.

Постапката на која се повикуваат медиумските објави се однесува на обезбедување систематски, односно превентивни здравствени прегледи, кои претставуваат законска обврска на работодавачот, а не дополнително или приватно здравствено осигурување.

Согласно член 22 став (1) од Законот за безбедност и здравје при работа, работодавачот е должен да обезбеди здравствени прегледи за вработените најмалку на секои 24 месеци. Оваа законска обврска не се однесува само на Собранието, туку се применува на работодавачите во јавниот и во приватниот сектор, согласно одредбите на Законот.

Видот, начинот и обемот на овие прегледи дополнително се уредени со Уредбата за видот, начинот, обемот и ценовникот на здравствените прегледи на вработените, донесена врз основа на член 22 од Законот за безбедност и здравје при работа. Прегледите ги врши овластена здравствена установа од областа на медицината на трудот.

Оттука, јавната набавка што ја спроведува Собранието е за конкретни здравствени и превентивни прегледи во рамки на систематскиот преглед, а не за набавка на полиси за приватно здравствено осигурување.

Станува збор за две суштински различни категории.

Приватното здравствено осигурување подразбира склучување осигурителна полиса со осигурително друштво со која на осигурените лица им се покриваат определени здравствени услуги во согласност со условите на полисата. Собранието нема склучено такво осигурување за пратениците и вработените во Собраниската служба.

Во конкретниот случај се работи за јавна набавка на здравствени услуги за реализација на систематски преглед, кој Собранието, како институција и работодавач, е должно да го обезбеди согласно законските прописи.

Дополнително, ваквите систематски прегледи не претставуваат нова практика или новововедена привилегија. Собранието и во претходните години спроведувало постапки за набавка на превентивни здравствени прегледи, токму заради исполнување на обврските што произлегуваат од прописите за безбедност и здравје при работа.

Собранието во целост ја почитува слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана и да ги анализира начините на трошење на буџетските средства. Истовремено, очекуваме информациите што се однесуваат на работата на Собранието да бидат презентирани точно, целосно и со јасно разграничување меѓу факти и интерпретации.

Уште еднаш потенцираме, Собранието на Република Македонија не обезбедува приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените во Собраниската служба. Станува збор за систематски и превентивни здравствени прегледи кои се спроведуваат согласно законска обврска на работодавачот.

Апелираме до медиумите што ја пренесоа неточната или непрецизно формулирана информација да го објават овој демант и да извршат соодветна корекција на содржините со цел јавноста да биде правилно и целосно информирана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер