Видео: Најмалку 18 жртви во експлозија во кинеска фабрика во Индонезија - Канал 5

Видео: Најмалку 18 жртви во експлозија во кинеска фабрика во Индонезија

Најмалку 18 луѓе загинаа во експлозијата на висока печка во фабрика за преработка на никел во кинеска сопственост на индонезискиот остров Сулавеси.

Видео: Најмалку 18 жртви во експлозија во кинеска фабрика во Индонезија

Локалната полиција нареди фабриката да биде затворена до завршување на истрагата.

Експлозијата се случила во неделата, а претходно беше соопштено дека загинале најмалку 13 работници.

Четворица кинески и девет индонезиски работници загинале на лице место кога експлодирала печка додека ја поправале, соопшти локалната полиција.

Другите работници починале во болница, изјави портпаролот на компанијата за не’рѓосувачки челик ПТ Индонезија Цигшан, Деди Курнијаван.

Тој рече дека во болница се уште има 41 повреден, меѓу кои и 11 кинески државјани. Тројца тешко повредени ќе бидат префрлени во Кина на понатамошно лекување.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, изрази сочувство, додавајќи дека министерството тесно соработува со властите во Индонезија и оти кинеската амбасада во Џакарта добила инструкции да помогне во последиците, вклучително и обезбедување медицинска помош за повредените и помагање да се утврди причината за експлозијата. /МИА

СДСМ нема да кандидира градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

Со одлука на Извршниот одбор, СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во неколку општини:  Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино, само листи за советници, брифираат од партијата.

СДСМ нема да кандидира градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

Претходно на прес-конференција, лидерот на СДСМ, Венко Филипче ги објави имињата на првите 19 кандидати за градоначалници од партијата.

За Општина Центар, актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.

За Општина Аеродром, д-р Александар Трајановски.

За Општина Ѓорче Петров – претседателот на општинската организација, Костадин Ацески.

За Општина Чучер Сандево, актуелниот градоначалник Сашо Комненовиќ.

За Општина Берово, актуелниот претседател на општинската организација Илија Рунтевски.

За Општина Крива Паланка, актуелниот градоначалник Сашо Митовски.

За Општина Лозово, Ацо Велковски.

За Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев.

Општина Богданци, Блаже Шопов.

Општина Дојран, Ристо Џинев.

Општина Могила - Зоран Ристевски.

Општина Неготино, Петар Мантев.

Општина Новаци, Љубе Кузманоски.

Општина Росоман, Стојанче Николов, актуелниот градоначалник.

Општина Вевчани, претседателот на општинската организација Стефан Радиноски.

Во Крушево, актуелниот градоначалник Томе Христовски.

Во Ресен, претседателот на општинската организација Александар Бузлевски.

Во Штип, исто така, претседателот на општинската организација Павел Иванов.

И претседателот на општинската организација во Општина Гази Баба, Влатко Митовски.

Промес екстрадиран во Холандија

Поранешниот холандски репрезентативец Квинси Промес е екстрадиран од Обединетите Арапски Емирати во Холандија, каде што ќе отслужи затворска казна за трговија со дрога и физички напад, соопшти денеска холандското Обвинителство.

Промес екстрадиран во Холандија

Холандски суд минатата година го осуди во отсуство поранешниот фудбалер на Ајакс и Спартак Москва на шест години затвор за директна вмешаност во транспорт на две пратки кокаин од Бразил преку пристаништето Антверпен во Белгија до Холандија во 2020 година.

Промес во 2023 година, исто така во отсуство, беше осуден и на 18 месеци затвор за напад во врска со тепачка во 2020 година во која избоде роднина во коленото.

Промес ги негираше сите обвиненија и поднесе жалба за двата случаи.

Триесетитригодишниот Промес, кој има 50 настапи за Холандија, беше уапсен во Дубаи во март лани на барање на холандското Јавно обвинителство додека беше во тренинг кампот на Спартак Москва.

притисни ентер