Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
1Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
БалканВидео: На српски министер му се слоши во телевизиско гостување -Тој е во сериозна состојбаНа Министерот за јавни инвестиции на Србија, Дарко Глишиќ, утрово за време на гостувањето во утринската програма на Пинк ТВ му се слошило.Емисијата е нагло прекината, а неофицијално беше објавено дека станува збор за тежок мозочен удар. Глишиќ беше гостин во утринската програма на ТВ Пинк, но одеднаш почнал да пелтечи и не можел да изговори ниту еден збор. Водителите неколку пати го прашаа дали се чувствува добро, но тој не можеше да одговори, па програмата беше прекината. UDARNO: Hitno prekinut program na Pinku! Glišić se šlogirao u sred emisije?! Ministru za javna ulaganja Darku Glišiću naglo je pozlilo uživo u jutarnjem programu na Pinku. pic.twitter.com/otIuN977tP — Mario ZNA (@MarioBojic) August 5, 2025 Глишиќ е итно префрлен во болница, каде што набрзо пристигнал и српскиот претседател Александар Вучиќ. Инаку, министерот Глишиќ се смета за еден од неговите најблиски соработници. Дарко Глишиќ е министер во Владата на Србија од мај 2024 година.Тагови: министер србија Српската Влада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Ќе се гради експресен пат од Струмица го границата со БугаријаЌе се гради нов екпресен пат од Струмица до границата со Бугарија, најави министерот за транспорт Александар Николоски. Посочи дека веќе е објавен тендер за избор на изведувач кој треба да изработи струдија за негова изградба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКомандантот на сојузничките сили на НАТО за Европа Гринкевич во посета на МакедонијаСо показни вежби за борбена готовност во касарната „Илинден„ беше пречекан Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО во Европа – генералот Алексус Гринкевич, под чија команда се наоѓаат над 80% од македонските сили во НАТО. Освен високата оценка за македонската армија, Гринкевич го истакна и како што рече лидерството на државава меѓу сојузниците во клучните цели на Алијансата, особено во делот на исполнувањето на обврската за издвојување на 5% од БДП-то за одбрана до 2035-та. -Македонија е верен и ценет сојузник на НАТО. Македонија веќе во 2025 година издвои приближно 4 проценти од својот БДП за одбрана или трошоци поврзани со одбраната. Вашата посветеност на воената мобилност на Коридорите 8 и 10 е апсолутно неопходна за алијансата.// Сега не е време за комфорност, сите сојузници мора да сторат повеќе, зголемувањето на инвестициите во одбраната и зголемувањето на производството се клучни за постигнување на нашите договорени цели,- - генерал Алексус Гринкевич, врховен командант на НАТО во Европа. Македонската армија денес е добро опремена и високо обучена според НАТО стандардите, а лесната пешадиска батаљонска група како и борбените елементи за специјални операции веќе се НАТО сертифицирани, изјави генерал мајорот Сашко Лафчиски. -Во изминатиот период се зајакнавме со оклопните возила JLTV и Stryker, артилериските орудија Боран а деновиве пристигна и првата пратка од ПВО системите Мистрал 3. Во наредниот период очекуваме да пристигнат останатите Stryker возила како и друга нова опрема, вклучително и првите хеликоптери. // Активно учествуваме во НАТО активностите за одвраќање и одбрана со преку 180 наши припадници долж Источното крило на Алијансата а истовремено придонесуваме и кон стабилноста на Западен Балкан преку учеството во мисијата КФОР во Косово и мисијата Алтеа во БиХ,- -генерал мајор Сашко Лафчиски, началник на генералштабот на армијата. Гринкевич најави дека доминантна тема на самитот на НАТО во Анкара следната недела, ќе биде напредокот на сојузниците кон остварување на стратешкиот концепт за рестартирање на Алијансата, според кој се бара од европските сојузници да преземат поголема одговорност за сопствената одбрана и безбедност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоплавени и недостапни гробишта во Бутел – граѓаните се жалат на кал, вода и запуштени каналиИли со гумени чизми или скокање од камен на камен преку вировите и калта за да се стигне до гробното место на починатите на гробиштата во Бутел. Крсте Велков две години доаѓа по оваа калива и поплавена патека на вечното почивалиште на неговата сопруга. Откако бил направена улицата “Александар Урдаревски“ и целиот канал покрај патот бил оставен неуреден и запуштен. Велков реагирал до АД БУТЕЛ, општина Бутел и Град Скопје, но засега во разговорите сите објасниле дека немаат директна надлежност. Проблемот стои, а многу често водата стигнува и до самите сандаци на покојните. Водата е нон стоп присутна и ги опколува гробните места без разлика дали врне дожд или не, вели Велков. Од АД БУТЕЛ за Канал 5 објанија дека проблемот го знаат но дека не е во нивна надлежност а водата често ја испумпуваат, но дека таа нон стоп е тука и мора итно да се уреди каналот. Од јавното претпријатие Улица и патишта обајснуваат дека чистењето на каналот се одвива според годишна програма и овој канал бил во план да се реализира во текот на наредниот период. Екипите работеле на чистење на коритото на Вардар и на други канали. Екипи веќе излегле на терен на оваа улица, велат од претпријатиетот за канал 5. Тие аплерираат граѓните да не ги корстита каналите за фрлање на отпад и шут. - „Екипи излегоа на терен и заклучија дека веднаш ќе постапат за да може да има проток на отпадните води до реакта Серава. Во текот на утрешниот ден ќе започне расчистувње на вегетацијата која исто така ја попречува видливоста на дел од сообраќајниците“. извор ЈП „Улица и патишта“ Велков вели дека на живите утеха им се почивалиштата на нивните блиски, и се надева дека до почивиалиштата ќе достоинствен пристап. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВласта и опозицијата не се договорија за измените во Изборниот законик 15:00Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54