Видео: На новогодишната ноќ изгоре црква во Амстердам стара 154 години - Канал 5

Видео: На новогодишната ноќ изгоре црква во Амстердам стара 154 години

Црквата Вонделкерк во Амстердам, Холандија, стара 154 години, изгоре во пожар за време на новогодишната ноќ,нема повредени.

Видео: На новогодишната ноќ изгоре црква во Амстердам стара 154 години

Властите утринава соопштија дека црквата е целосно изгорена. Пожарникарите и во утринските часови сè уште го гаснеле пожарот, кој избувнал кратко по полноќ за време на прославата на новата година.

При пожарот, се урнале делови од кулата и покривот, поради што била наредена евакуација и било прекинато снабдувањето со електрична енергија за околу 90 блиски куќи. Причината како дошло до пожарот се уште се истражува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Со проширување на капацитетите на „Јохан Хајнрих Песталоци“

Со проширување на капацитетите на „Јохан Хајнрих Песталоци“ сите основни училишта во Центар преминуваат на едносменска настава.

Герасимовски: Со проширување на капацитетите на „Јохан Хајнрих Песталоци“

На предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, Советот на Општина Центар денеска, на продолжението на 9. седница, ја изгласа одлуката за изработка на Архитектонско-урбанистички проект за доградба на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ ,последен чекор кон целосно воведување едносменска настава во општината.

Со реализацијата на овој проект значително ќе се зголемат просторните капацитети на училиштето, ќе се обезбедат современи услови за учениците и наставниот кадар, а конечно ќе се создадат услови наставата да се одвива исклучиво во една смена. Со доградбата, Општина Центар го заокружува целосниот процес на трансформација на образованието, сите основни училишта на нејзина територија ќе работат единствено во прва смена.

„Ова е значаен момент за образованието во Центар. Со доградбата на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ не само што ги зголемуваме капацитетите на училиштето, туку конечно го исполнуваме и едно од нашите најважни ветувања, сите основни училишта во Општина Центар да преминат на едносменска настава. Тоа значи подобри услови за учење, поквалитетна организација на наставата и повеќе квалитетно време за учениците и нивните семејства“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар останува пример во инвестициите во образованието, создавајќи современи, функционални и безбедни училишта, во кои секое дете ќе има еднакви можности за квалитетно учење и целосен развој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црн биланс во Германија: 99 лица се удавиле во јуни

Во Германија, во јуни се удавиле 99 лица, а повеќето од жртвите биле мажи, според податоците на Германското друштво за спасување.

Црн биланс во Германија: 99 лица се удавиле во јуни

Компанијата изјави дека оваа бројка е најлошиот јунски податок од 2003 година, пренесува „Дојче Веле“.

Најголемиот број на давења е во езерата и реките, каде што струите и вировите претставуваат опасност.

Најчестите причини за несреќи се ненадејното влегување во ладна вода, опасните скокови, обидот за пливање на долга дистанца и консумирањето алкохол пред пливање.

Професорот по социјална психологија на Универзитетот во Констанц, Волфганг Гајсмаер, изјави дека мажите се посклони кон преземање ризици, наведувајќи дека клучниот фактор е нивната тенденција да ги преценуваат сопствените способности.

Феликс Ребичек, кој ги истражува ризиците на Универзитетот за здравствени науки во Бранденбург, изјави дека мажите почесто се капат на диви и ненабљудувани места, што игра голема улога бидејќи е потешко да се реагира во случај на несреќа.

Во Германија, мажите почесто страдаат во сите видови насилна смрт и несреќи, со исклучок на падовите, кои се почести кај постарите лица. Податоците за 2024 година покажуваат дека трипати повеќе мажи загинале во сообраќајни несреќи, речиси двојно повеќе во пожари, а имале и 25 отсто поголема веројатност да бидат жртви на убиство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение

Со силна динамика продолжуваат градежните работи на довршувањето на булеварот „Борис Трајковски“, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Скопје, кој повеќе од три децении беше симбол на нереализирани ветувања.

Град Скопје: 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение

Со силна динамика продолжуваат градежните работи на довршувањето на булеварот „Борис Трајковски“, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Скопје, кој повеќе од три децении беше симбол на нереализирани ветувања, застој и секојдневни сообраќајни проблеми.

Работите се одвиваат согласно предвидената динамика, а по нивното завршување, повеќе од 100.000 жители ќе добијат современ и безбеден булевар со четири сообраќајни ленти, пешачки патеки и велосипедска инфраструктура, што значително ќе ја подобри безбедноста и проточноста на сообраќајот.

Во рамките на проектот, трасата е речиси целосно пробиена, додека паралелно се реализира изградба на нова атмосферска канализација, со што трајно ќе се надминат долгогодишните проблеми со одводнувањето во овој дел од градот.

Реализацијата на овој капитален проект претставува конкретен чекор кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, намалување на сообраќајниот метеж и создавање модерна и функционална сообраќајна инфраструктура.

По долгогодишно чекање, булеварот „Борис Трајковски“ конечно добива решение, со што се исполнува едно од најважните инфраструктурни очекувања на жителите од овој дел на Скопје.

За булеварот Борис Трајковски се огласи и градоначалникот на Скопје,Орце ЃорЃиевски.

[❤️] Зборот е збор.

[👷] Со силна динамика продолжуваат работите на довршување на булеварот „Борис Трајковски“, проект што со децении беше симбол на лажни ветувања, застој и секојдневен сообраќаен хаос.

[🫵] Денес, со задоволство можам да кажам дека работите напредуваат според предвидената динамика и дека наскоро повеќе од 100.000 жители ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар со четири сообраќајни ленти, како и уредена пешачка и велосипедска патека.

[🚛] Трасата е речиси целосно пробиена, а паралелно се гради и нова атмосферска канализација, со што трајно се решаваат проблемите што со години го отежнуваа животот на граѓаните од овој дел на Скопје.

[✔️] Свесен сум низ што поминуваше мојот народ сите овие години.

Свесен сум за изгубеното време, нервозите и долгото чекање.

[🫡] Но, деценискиот сообраќаен хаос конечно заминува во историјата.

[♥️] Ова е враќање на достоинството на граѓаните и доказ дека кога има волја, работа и одговорност - нема невозможни работи!

[♥️] Продолжуваме да го менуваме ликот на Скопје!

Стои во објавата на Фејсбук на првиот чпвек на Градот Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер