Видео: „MrBeast“ го најави своето најдобро видео досега - Канал 5

Видео: „MrBeast“ го најави своето најдобро видео досега

Популарниот инфлуенсер го најави својот најнов проект.

Видео: „MrBeast“ го најави своето најдобро видео досега

Инфлуенсерот и јутјубер „MrBeast“ најави нов проект каде 50 Јутјубери ќе се натпреваруваат еден против друг.

Креаторите како „MKBHD“, „Logan Paul“, „Kai Cenat“, „Pokimane“ и „Valkyrae“ ќе се натпреваруваат за наградата од 1 милион долари.

„MrBeast“ вели дека видеото ќе биде премиерно прикажано во сабота, а исто така споменува дека тоа е неговото најдобро видео до сега.

Погледнете ја најавата во видеото подолу:

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тензично во Италија: Горат гуми во Џенова, во Торино фрлаат јајца врз полицијата (ВИДЕО)

Тензиите за време на масовните протести во Италија растат, а некои градови се соочуваат со инциденти, блокади и зголемено присуство на полицијата.

Тензично во Италија: Горат гуми во Џенова, во Торино фрлаат јајца врз полицијата (ВИДЕО)

Во Џенова, пристанишните работници го блокираа влезот во пристаништето со поставување големи гуми, од кои некои беа запалени, а беа употребени и димни бомби.

Протестите се одржуваат како дел од генералниот штрајк против зголемувањето на трошоците за живот, ниските плати и зголемените воени трошоци. Илјадници работници, студенти и синдикални активисти се на улиците, а ситуацијата е особено напната во Џенова и Торино.

Во Џенова, работниците од автономниот колектив на пристанишни работници CALP и синдикатот USB Mare e Porti го блокираат преминот на влезот во пристаништето Албертачи од утрото. Тие поставија голем број гуми на пристапот, од кои некои беа запалени, додека демонстрантите користеа и димни бомби.

Пристанишните работници рекоа дека не сакаат да работат во систем кој, како што тврдат, овозможува транспорт на оружје за војна. Тие исто така најавија дека ќе се обидат да влезат во пристанишниот комплекс и да го блокираат неговото работење, објавува Rai news.

Во Торино, демонстрантите стигнаа до Пјаца Кастело, пред префектурата, каде што фрлаа јајца врз полицајците што ја чуваа зградата.

Исто така, беа активирани димни бомби, а меѓу толпата се појавија слики од италијанскиот премиер Џорџо Мелони прикажани наопаку.

Во Рим, организаторите на протестите објавија дека демонстрантите нема да ја напуштат Виа деи Фори Империјали до недела. Тие планираат да постават шатори и да останат на таа локација додека не се одржи националното собрание.

Во Фиренца, полицијата за спречување нереди запре група од неколку стотици луѓе кои се обидоа да се упатат кон префектурата и катедралата, додека во Пиза, студентите ја окупираа историската зграда на универзитетот Сапиенца.

И покрај поединечните инциденти, протестите во неколку градови досега поминаа без поголеми судири.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Власта и опозицијата се скараа за состојбата на студентскиот дом „Стив Наумов“

Нови оштетувања во целосно реновираниот студентски дом Стив Наумов, а од СДСМ обвинија за несоодветно реновиарање. 

Власта и опозицијата се скараа за состојбата на студентскиот дом „Стив Наумов“

Студентскиот дом „Стив Наумов“ повторно во центарот на критиките. Само еден месец по реконструкцијата, прокиснати соби, пукнат бојлер и проблеми со греењето.

Од Опозициската СДСМ обвинуваат дека студентите плаќаат повеќе, а добиваат услови далеку од ветените.Бараат достоинствено сместување и зголемување на субвенционираниот студентски оброк од 140 на 200 денари.

„Ова ли е домот од А-категорија што го ветуваа Јаневска и Мицкоски? Влага, прокиснати соби, нема греење, нема топла вода, а сега и пукнат бојлер!“

Од друга страна, министерката за образование Весна Јаневска ги отфрла обвинувањата за лошите услови. Таа претходно посочи дека објектот е под гаранција и дека изведувачот ги отстранува утврдените недостатоци.

Додека власта и опозицијата ги спротивставуваат ставовите, студентите очекуваат конкретни решенија, повисок студентски оброк од 200 денари и подобри услови за живот во студентските домови.

Владата на студентите им понуди ваучерски систем за субвенциониран оброк, по примерот на Словенија, но договор за конечниот износ сè уште нема.Дополнително Јаневска најавува реконструкцијата на останатите студентските домови со цел и останатите објекти да добијат подобри услови за сместување и живот на студентите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За време на викендот врнежливо време со температура до 16 степени

Утре ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, информираат од УХМР. 

За време на викендот врнежливо време со температура до 16 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

6 Попова Шапка, 7 Маврови Анови, 9 Крушево, Лазарополе, 11 Претор, 12 Крива Паланка, Виница, Берово, 13 Охрид, Прилеп, 14 Тетово, Битола, Штип, Кавадарци, Струмица, 15 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Велес, Гевгелија, 16 Демир Капија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа до 16 часот во (l/m2)

3 Претор, 1 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денеска беше претежно облачно со повремен локален дожд со слаб интензитет. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец.

Попладнево, до крајот на денот и во текот на ноќта ќе се задржи облачно време со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на циклонска активност до вторник времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе има во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник. На повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 25 l/m² за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 l/m². Од среда и во деновите потоа ќе се задржи постудено, но стабилно и суво време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер