Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
2Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
ФудбалВидео: Модриќ обвинува: „Ова не е пенал! ВАР секогаш е на наша штета.“Хрватска го заврши Светското првенство, а капитенот Лука Модриќ не го криеше своето разочарување по поразот од Португалија (2:1). Иако не сакаше да зборува за евентуално збогување со репрезентацијата, беше многу суров кога ги коментираше одлуките на судијата и употребата на ВАР технологијата. „Не е време сега да зборуваме за тоа. Ќе дознаете многу наскоро“, кратко одговори тој на прашањето за продолжувањето на неговата репрезентативна кариера. Лука покажа многу повеќе емоции кога зборуваше за спорните одлуки на судијата, за кои смета дека директно влијаеле на исходот од играта. „Натпреварот можеме да го поделиме на два дела. Во првото полувреме не бевме на потребното ниво, игравме премногу повлечено. Во продолжението одигравме феноменално, тоа беше еден од нашите најдобри натпревари. Можевме сè да решиме и порано, но не ги искористивме шансите. Потоа се случија работи што за мене се неверојатни“, изјави Модриќ. Тој особено се осврна на поништениот гол на Хрватска во 13-тата минута од судиското надополнување. „Судијата тврди дека Матановиќ играл со топката, но ние ја прегледавме снимката и никаде не можеме да видиме дека тој ја допрел. Ако не играл со топката, тогаш нема офсајд.“ Сепак најголема реакција предизвика ситуацијата во која, по интервенцијата на VAR собата, беше досуден пенал за противникот, а токму овој детаљ најмногу го критикуваше Модриќ. „Доколку ситуацијата беше обратна, VAR никогаш немаше да биде вклучен. Реков кога беше воведен дека не ми се допаѓа. Со текот на времето се покажа дека може да биде корисен, но се користи неправилно или селективно, во зависност од тоа против кого играте“. Капитенот на Хрватска смета дека во спорната ситуација немало елементи за најстрога казна. „VAR треба да реагира само кога грешката на судијата е 100%, односно 200% јасна. Ако има некаква сива зона, нема причина да се вклучувате. Ова не е пенал. Двајцата играчи се туркаат еден со друг, Влашиќ не го повлече, но се држат и двајцата паѓаат. Поради оваа ситуација, пенал не може да се досуди во ваков натпревар“.Тагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветБебе спасено од урнатините по земјотресот во Колумбија Бебе старо шест месеци е извлечено живо и здраво два дена по земјотресот што ја погоди Колумбија..Детето било спасено, откако маж кој бил исто така заробен под урнатините во градот кали барал помош, алармирајќи дека покрај себе има мало бебе.. Граѓани и спасувачи веднаш почнале со голи раце да ги отстрануваат парчињата бетон додека не стигнале до него и бебето. Според официјалните податоци, во земјотресот од 7,4 рихтерови степени, досега потврдена е смртта на над 200 лица, додека спасувачките тимови трагаат по околу 3.000 луѓе..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај РашчеОсновното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче.Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици. Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело против животната средина и идентификувани сторители, јавното обвинителство ќе постапи согласно надлежностите за кривичен прогон.Тагови: обвинителство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаМакедонија стави два авиона за гаснење пожари на располагање на ЕУМакедонија се вклучи во заедничкиот европски систем за одговор при елементарни непогоди, ставајќи на располагање два противпожарни авиона за поддршка на земјите погодени од летните пожари.Преку механизмот за Цивилна заштита на Европската унија, кандидатите и земјите партнери од Западен Балкан ги здружуваат силите со членките на Унијата за побрза координација и реакција на терен. Покрај воздушната поддршка од Западен Балкан, на терен се распоредени 777 пожарникари од 14 европски земји, меѓу кои се и противпожарните тимови од Молдавија. Овие ресурси се претходно позиционирани во високоризичните зони во јужна и централна европа за да овозможат брзо локализирање на огнот во почетната фаза.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter