БалканВидео: Министер за одбрана на БиХ: 20 загинати во поплавите, Јабланица отсеченаМинистерот за одбрана на БиХ, Зукан Хелез, соопшти дека неофицијално добил информации за 20 загинати лица во поплавите и одроните во општина Јабланица, која се наоѓа на северот од Херцеговачко-неретванскиот кантон (ХНК) во Босна и Херцеговина.Според Федералната управа за цивилна заштита, тие испратиле барања до Федералното МВР и Оружените сили на БиХ за помош. Хелез, во изјава за Ал Џазира, посочи дека од урнатините биле спасени едно дете и жена, но оваа информација сè уште не е официјално потврдена од страна на МВР. Порталот Кликс известува дека во акцијата за потрага и спасување, покрај војниците на Оружените сили на БиХ, учествуваат и британски специјалци кои биле на обука во земјата. За денеска е закажана итна седница на Советот на министри на БиХ за поплавите. Фотографиите кои доаѓаат од Јабланица се драматични – куќи се под вода, голем број на возила се однесени од водената стихија, а целосно е уништен патот кај Комадиново врело. Сообраќајот кон јужниот дел на БиХ е сериозно нарушен, многу патишта се блокирани, а единствениот начин да се стигне од Сараево до Мостар е преку централна Босна. Владата на ХНК ги предупреди граѓаните да не патуваат кон Јабланица и Мостар. Во селото Долна Јабланица, од џамијата е видливо само минарето, а патот кон Блидиње од Јабланица е целосно уништен поради катастрофалните поплави. Федералната управа за цивилна заштита соопшти дека има голема потреба од тешка механизација за расчистување, бидејќи на неколку места се појавија одрони. Шумската служба за спасување од Јабланица ги повика жителите да се пријават за да им помогнат на спасувачите и пожарникарите во акциите за спасување. Од пожарникарската станица во Јабланица изјавија за Кликс дека населбата е целосно отсечена и блокирана. „Полицијата не извести дека е блокирана и железничката пруга. Моментално не може да се влезе ниту да се излезе од Јабланица. Фиксните телефони работат, но мобилната телефонија нема сигнал", соопштија од пожарникарската станица. Федералната управа за цивилна заштита соопшти дека е прекината патната комуникација на правците Јабланица-Мостар, Јабланица-Рисовац, Јабланица-Прозор Рама и Јабланица-Коњиц. Покрај Јабланица, поради обилните врнежи, поплавени се улиците и станбените објекти во Кисељак и Крешево. Од Службата за цивилна заштита на општина Кисељак апелираа до жителите да не патуваат, а во итни случаи да се обратат до нивната служба, пожарникарите, брзата помош или полицијата. Средното училиште „Иван Горан Ковачиќ" во Кисељак соопшти дека наставата е одложена поради поплавите. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија е подготвена веднаш да помогне на Босна и Херцеговина, која моментално се соочува со поплави, доколку тоа биде побарано. Вучиќ изрази сочувство до семејствата на загинатите и најави подготвеност за испраќање на хеликоптери, чамци и финансиска помош. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Шоу бизФото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикиниЕкс манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли ужива во одморот со својот славен сопруг, холивудскиот актер Џејсон Стетам и децата.Познатото семејство летниот одмор го мининува на егозтичната Малта, каде што Роузи повторно позира во провокативно бикини. Убавата Роузи Хантингтон-Вајтли ја покажа својата извајана фигура во минијатурни бикини за време на луксузниот семеен одмор со Џејсон Стетам. 39 годишната манекенка моментално ужива на Малта со 20 години повозрасниот Џејсон и нивните две деца – деветгодишниот син Џек и четиригодишната ќерка Изабела. Парот веќе објави фотографии од одморот, но кога станува збор за Роузи, никогаш не е доволно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
ЕвропаВо Франција пронајдени тела на пет бебиња Француските обвинители покренаа истрага за сомнително убиство откако во станот на еден пар во градот Оранж, во југоисточна Франција, беа пронајдени посмртните останки на пет новороденчиња, соопштија локалните правосудни органи.Остатоците од бебињата биле пронајдени во картонски кутии за време на претрес на станот во историскиот центар на градот, спроведен од 32-годишниот партнер на жената, откако тој – според обвинителството – дури во напредна фаза дознал дека таа повторно е бремена, пренесува „Франс 24“. Жената во неделата дома родила здраво дете, по што била пренесена во болница. По пристигнувањето во станот, нејзиниот партнер пронашол остатоци за кои се сомневал дека се човечки остатоци и ги известил болничките вработени, кои го пријавиле случајот во обвинителството. Според првите наоди на судскиот испитувач, остатоците најверојатно им припаѓаат на пет бебиња, а причината и околностите на нивната смрт ќе бидат утврдени со обдукции. Истражителите сè уште не разговарале со мајката, соопштија од обвинителството. Двојката има и две деца на возраст од осум и девет години.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваШпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалеротШпанската пејачка Ана Мена одлучи да проговори по бројните гласини што ја поврзуваат со сè попопуларниот фудбалер Феран Торес.Шпанската пејачка Ана Мена категорично демантираше дека е во врска со напаѓачот на Барселона, Феран Торес – освојувач на Светското првенство во 2026 година со шпанската репрезентација – и ги нарече таквите тврдења „глупости“ и „апсурдни“, откако беа видени заедно за време на прославата на светската титула. Пејачката веднаш реагираше на гласините што се појавија во медиумите деновиве, особено на оние што ја поврзуваат со фудбалерот на Барселона. „Ова е бесмислица, за име на Бога. Навистина е смешно“, им изјави таа на собраните новинари, пренесува Goal.com. Медиумите почнаа да ги поврзуваат Ана Мена и Феран Торес откако беа видени заедно на прослава на плоштадот Сибелес, организирана од Шпанската фудбалска федерација, а потоа и на приватна забава во еден од најпознатите ноќни клубови во Мадрид. Шпекулациите дополнително се разгореа кога пејачката се појави во дрес со бројот 7, кој Торес го носи во шпанската репрезентација. Кога ја прашале Анна зошто го носела токму тој дрес, Ана Мена кратко одговори: „Па, тоа е дресот што ми го дадоа, не знам.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter