Видео: Минесота поведе во дуелот со Денвер, Јокиќ имаше слаба реализација од игра - Канал 5

Видео: Минесота поведе во дуелот со Денвер, Јокиќ имаше слаба реализација од игра

 Кошаркарите на Минесота предводени од Џејден Мекдениелс остварија нова победа во плеј-офот против Денвер со 113:96 и поведоа со 2-1 во првото коло. 

Видео: Минесота поведе во дуелот со Денвер, Јокиќ имаше слаба реализација од игра

Најдобар на теренот беше Мекдениелс со 20 поени и 10 скокови, но и одличен ефект во одбраната. Минесота одигра одлична одбрана во првиот период, кога на противникот му дозволи да постигне само 11 поени.

На спротивната страна Никола Јокиќ реализираше 27 поени, но со слаб процент на шут 7 од 26 или 2 погодени тројки од 10 обиди. Дополнителен проблем за Денвер беше и отсуството на Ерон Гордон, кој поради повреда не настапи.

YouTube video

И на другите два дуела одиграни ноќеска победија домашните екипи. Атланта победи минимално против Њујорк со 109:108 и поведе со 2-1 во добиени натпревари, додека Торонто убедливо го совлада Кливленд со 126:104 и го намали водството на ривалот на 2-1.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љуљзим Фаризи во „Вести плус“

Почитувани, вечерва во Вести Плус гостува Љуљзим Фаризи.

Љуљзим Фаризи во „Вести плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Таа е жена од соништата,  во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година.

Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи.

Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Младата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекција

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Сексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи.

Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење.

„Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер