Видео: Милош Биковиќ го прослави раѓањето на својот син, ја искина маицата и објасни зошто - Канал 5

Видео: Милош Биковиќ го прослави раѓањето на својот син, ја искина маицата и објасни зошто

Српскиот актер Милош Биковиќ на Инстаграм објави видео во кое покажа како го прославува својот 36-ти роденден, но и раѓањето на своето прво дете, синот Василиј, кој пред неколку дена го доби со својата свршеница Ивана Малиќ.

Видео: Милош Биковиќ го прослави раѓањето на својот син, ја искина маицата и објасни зошто

На видеото се гледа како актерот гласно пее, ги фали ромските музичари и ја кине кошулата, а со видеото сподели и долга објава.

"Роденденот уште не ми е започнат, веќе ги добив подароците. Го добив НЕГО... Најголемиот благослов од сите“, стои меѓу другото во објавата.

Актерот објасни зошто во Србија постои обичај татковците да ги кинат кошулите кога ќе добијат дете: „Тоа е симбол на нов живот, не само на детскиот, туку и на таткото. Ние го сакаме животот, сакаме забави. "

Да потсетиме, според многумина, најзгодниот српски актер се прослави во српскиот филм Јужен ветер и рускиот Слуга. Својата девојка за прв пат ја претстави на јавноста во 2021 година на премиерата на филмот Јужен Ветер 2 - Забрзување, а во септември минатата година откри дека чекаат дете.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка против виш јавен обвинител во ВЈО Битола.

ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка против виш јавен обвинител во ВЈО Битола, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик.

Во изминатиот период, преку повеќе дејствија и примена на посебни истражни мерки, обезбедени се докази кои упатуваат на основано сомнение дека тој го искористил своето реално влијание и службената положба што ја извршувал за недозволено да влијае врз одлучувањето на колеги јавни обвинители и судии во најмалку 4 поединечни предмети, на подрачјето на кое ја вршел својата функција.

Притоа, ургирал за пониски казни или за да обезбеди поповолна позиција за осомничени или обвинети лица во кривична постапка. Во текот на вчерашниот ден, врз основа на судска наредба, беа извршени претреси во домот на осомничениот и во просториите на ВЈО Битола со цел обезбедување дополнителни докази.

Надлежниот јавен обвинител продолжува да го испитува случајот, а до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за преземање определени работни активности, односно оддалечување на осомничениот од работното место, стои во соопштението од јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фантастичниот Хари Кејн руши сè пред себе, Шпанија го натажи полниот „Пољуд“ во Сплит со пресврт!

Фудбалерите на Англија ја надиграа Чешка во 4. коло од Лигата на нации со резултат 3:0. 

Фантастичниот Хари Кејн руши сè пред себе, Шпанија го натажи полниот „Пољуд“ во Сплит со пресврт!

На овој натпревар, капитенот на „Гордиот Албион“, Хари Кејн, се израмни со славниот голман Питер Шилтон по бројот на настапи во дресот на Англија – и двајцата имаат по 125.

Тоа значи дека на напаѓачот на Баерн му преостанува уште само еден натпревар за да стане играчот со најмногу настапи во историјата на „Трите лава“.

Што се однесува до самиот натпревар, Кејн учествуваше во сите три гола на домашниот тим. Најпрво упати топка од страна која Владимир Цоуфал ја спроведе во сопствената мрежа, а потоа, во 40. минута, ја круниса одличната акција на Англија со гол за 2:0. Кејн постигна уште еден гол во 57. минута, овојпат со глава по корнер, и го постави конечниот резултат од 3:0.

Во вториот натпревар од оваа група, во големото дерби на Пољуд во Сплит, по пресврт, Шпанија ја совлада Хрватска со резултат 2:1. „Коцкестите“ беа многу подобар противник во првото полувреме и во 17. минута поведоа со голот на Иван Перишиќ.

Сепак, сè се промени во продолжението од натпреварот. Микел Мерино влезе во игра на почетокот на второто полувреме и подоцна им ја донесе победата на европските и светските шампиони.

Тој беше стрелец во 61-вата и 88-мата минута, со што Шпанија победи со 2:1.

Шпанија е прва во групата со 12 бода, Англија има девет, Хрватска е трета со три бода, додека Чешка е на дното без ниту еден освоен бод. Преостанатите две кола од групната фаза на Лигата на нации ќе се одиграат во ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европските даночни советници доаѓаат во Скопје: ИСОС домаќин на Собранието на CFE Tax Advisors Europe во 2027

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) го зајакнува меѓународното позиционирање на македонската сметководствена професија, преку активно учество на водечките европски и глобални професионални конференции и форуми.

Европските даночни советници доаѓаат во Скопје: ИСОС домаќин на Собранието на CFE Tax Advisors Europe во 2027

Поедноставувањето на регулаторните барања, намалувањето на административниот товар и создавањето подобри услови за работење на малите и средните претпријатија, беа во фокусот на дискусиите на овие собири.

ИСОС е избран за домаќин на годишното Собрание на CFE Tax Advisers Europe во 2027 година. Одлуката доаѓа само една година од пристапувањето на Институтот во оваа организација и претставува признание за неговото активно учество во европската професионална заедница.

„Изборот на ИСОС за домаќин на годишното Собрание на CFE Tax Advisers Europe е голема чест. Тоа е значајно признание за нашата работа, но и можност македонската сметководствена професија и домашната економија да се претстават пред професионалци од голем број европски земји. Довербата што ни е укажана е дополнителен мотив да продолжиме активно да придонесуваме во размената на знаење, искуства и добри практики“, истакна Весна Прентоска, претседател на ИСОС.

Паралелно со активностите во рамки на CFE Tax Advisers Europe, ИСОС по втор пат учествуваше и на конференцијата „Глобални поставувачи на стандарди“ (World Standard-setters Conference) во Лондон, организирана од Фондацијата IFRS Лондон. Конференцијата претставува еден од најзначајните глобални форуми посветени на развојот на меѓународните стандарди за финансиско известување, а годинава обедини повеќе од 130 делегати од 70 земји. Во фокусот на дискусиите беше идниот развој на финансиското известување и потребата стандардите да бидат јасни, применливи и економично спроведливи, особено за помалите деловни субјекти кои располагаат со ограничени административни и стручни капацитети.

„Она што јасно се наметнува како заедничка тема на европско и меѓународно ниво е потребата од поедноставување на регулаторните барања и намалување на административниот товар, особено за малите и средните претпријатија. Дигитализацијата, вештачката интелигенција и новите технологии дополнително отвораат можности за поедноставни и поефикасни решенија. Нашата цел е овие искуства навремено да ги следиме и да придонесеме добрите практики да бидат земени предвид и во развојот на домашната сметководствена рамка“, посочи Прентоска.

Овие прашања се од особено значење и за Северна Македонија, особено во период кога сè повеќе се нагласува потребата од дигитализација, поширока примена на технологијата во секојдневното работење и унапредување на деловното опкружување.

ИСОС ќе продолжи да поддржува решенија кои обезбедуваат рамнотежа меѓу квалитетното и транспарентно финансиско известување и реалните капацитети на деловните субјекти. Пораката од актуелните европски и глобални дискусии е јасна: иднината не е во дополнителна комплексност, туку во паметна регулација, дигитализација и поедноставени решенија кои ќе обезбедат доверливи финансиски информации и подобри услови за раст на малите и средните претпријатија.

Преку учеството на релевантните европски и меѓународни форуми, ИСОС продолжува да ја зајакнува позицијата на македонската сметководствена професија и да придонесува кон нејзин развој како вистински партнер на стопанството.

Инаку, ИСОС обединува над 6.000 сметководители и овластени сметководители во земјава и континуирано работи на јакнење на професионалните стандарди, унапредување на квалитетот и интегритетот на професијата, модернизација на процесите и засилување на својата национална и меѓународна улога. Значаен дел од активностите на Институтот се насочени кон едукација и унапредување на членството, согласно актуелните потреби и предизвици на професијата. Во изминатите години ИСОС организираше и три регионални конференции, со учество на повеќе од 1.000 професионалци, а од септември 2025 година е полноправна членка на CFE Tax Advisors Europe. Посебен фокус во своето делување, Институтот става и на привлекување млади кадри во професијата и нејзино позиционирање како современа и перспективна професионална определба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер