Видео: Милијардерот Марк Цукерберг „фатен“ како гледа во деколтето на свршеницата на Џеф Безос - Канал 5

Видео: Милијардерот Марк Цукерберг „фатен“ како гледа во деколтето на свршеницата на Џеф Безос

Милијардерот и сопственик на Мета, Марк Цукерберг, е снимен на инаугурацијата на Доналд Трамп како гледа во бујното деколте на Лорен Санчез, свршеницата на Џеф Безос . 

Видео: Милијардерот Марк Цукерберг „фатен“ како гледа во деколтето на свршеницата на Џеф Безос

Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи.

Лорен носеше бел костум, а неговото внимание го привлече длабокото и бујно деколте. Откако „фрлил“ поглед, се насмеал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Раперот Пи Диди завршил во самица поради тепачка во затвор

 Некогаш мегапопуларниот рапер Пи Диди заврши во самица поради тепачка во затвор. Раперот не престанува да прави проблеми по пресудата.

Раперот Пи Диди завршил во самица поради тепачка во затвор

Шон Диди Комбс, познат како Пи Диди, во октомври 2025 година беше осуден на 50 месеци затвор под обвинение за поттикнување или овозможување проституција.

Познатиот музички магнат Шон „Диди“ оваа недела бил сместен во самица по тепачка со друг затвореник. Според TMZ, музичарот влегол во жестока расправија поради острите критики упатени кон него од друг затвореник, поради што „ја зел работата во свои раце“.

Повеќе извори наведуваат дека затворениците во затворот „Форт Дикс“ се тепале и се туркале меѓусебно. Затворскиот персонал ги раздвоил мажите, а Комбс бил сместен во самица, велат изворите. Не е познато дали тој сè уште се наоѓа таму или дали конфликтот ќе влијае на датумот на неговото ослободување во 2028 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски и Трамп во Белата куќа. „Средбата беше добра“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа за да разговараат за нови дипломатски напори за ставање крај на војната во Украина. 

Зеленски и Трамп во Белата куќа. „Средбата беше добра“

Двајцата лидери разговараа и за можноста за лиценцирано производство на американски системи за противвоздушна одбрана, пренесува „Киев индепендент“ (The Kyiv Independent).

По средбата, Зеленски изјави дека таа била „добра“. „Со претседателот разговаравме за лиценци за производство на пресретнувачи за системот ’Патриот‘ и за неколку други идеи што би можеле да помогнат“, рече Зеленски. „Исто така, се осврнавме и на дипломатијата. Важно е тој процес повторно да се активира, а нашите тимови ќе ја организираат понатамошната комуникација.“

Средбата започна во 9:47 часот по локално време, траеше околу еден час и се одржа зад затворени врати, потврди претставник на Белата куќа. Советниците на украинскиот претседател сметаат дека Трамп станал посклонен кон Украина и дека оваа средба е можност да се обезбеди неговата поддршка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манчини се поблиску до клупата на Италија?!

Враќање по три години – Италија пронајде селектор

Манчини се поблиску до клупата на Италија?!

Претседателот на Италијанскиот фудбалски сојуз, Џовани Малаго, вели дека трофејниот стратег Роберто Манчини наскоро треба да стане новиот-стар селектор на „Аѕурите“.

По одбивањето од страна на Андреа Пирло и оставките на Паоло Малдини и Леонардо, во вторникот се одржа итен состанок на Асоцијацијата.

„Разговарав со Роберто Манчини за преземање на функцијата нов селектор. Го чекаме неговиот потпис“, изјави Малаго.

Манчини веќе еднаш ја извршуваше оваа функција, во периодот од 2018 до 2023 година, кога си замина и набрзо потоа ја презеде репрезентацијата на Саудиска Арабија.

Тој го освои Европското првенство во 2023 година со „Аѕурите“.

Со оваа репрезентација не учествуваше на Светското првенство во Катар во 2022 година, а има и две трети места во Лигата на нации, во 2021 и 2023 година.

По Саудиска Арабија, Манчини го водеше само катарскиот клуб Ал-Сад, кој неодамна го напушти. Манчини е тренер веќе две и пол децении.

Во кариерата до сега ги водел Фиорентина, Лацио, Интер, Манчестер Сити, Галатасарај, повторно Интер и Зенит.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер