Активен е пожарот во с.Грешница во Македонски Брод, под контрола се пожарите во депонијата Делчево и во гостиварско
2Активен е пожарот во с.Грешница во Македонски Брод, под контрола се пожарите во депонијата Делчево и во гостиварско
ФормулаВидео: Мик Шумахер излета од патеката на првиот тренинг во Јапонија Во Јапонија започна нова трка од шампионатот во Формула 1, Гран прито на Сузука.Како и во Сингапур, и во Јапонија повторно се вози по дождливо време. Првиот официјален тренинг на Сузука го одбележа Фернандо Алонсо со време од 1.42.248 минути. Вториот тренинг го одбележа возачот на Мерцедес Џорџ Расел, кој постигна време од 1:41.935 минути. Второ време имаше беше неговиот клупски колега Луис Хамилтон (1:42:170), додека трет беше лидерот во генералниот пласман на возачи, Холанѓанецот Макс Верстапен од Ред Бул (1:42.786). Крајот на првиот тренинг го одбележи и излетувањето од патеката на Мик Шумахер во неговиот Хаас. Третиот тренинг ќе се одржи утре од 17 часот, додека официјалните квалификации се закажани за 20 часот. Во тек е вториот тренинг, а трката е в недела во 7 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалРеал Мадрид ја губи трката по Родри, капитенот на Шпанија на чекор од БарселонаПресврт околу трансферот на капитенот на светскиот шампион Шпанија, Родри.Најдобриот фудбалер од 23 Мундијал, ја избира Барселона. Иако со недели се поврзуваше со Реал Мадрид, капитенот на шпанската репрезентација, Родри, е пред трансфер во Барселона. Родри го направи клучен чекор кон трансфер во Барселона. Според „Марка“, фудбалерот синоќа ја известил управата на каталонскиот клуб дека сака да му се приклучи на тимот на Ханси Флик. Оваа одлука практично ја исклучи секоја можност за премин во Реал Мадрид, пренесува „Марка“. Барселона сега може да започне со подготовките за трансферот. Клубот ја обезбеди согласноста на играчот за започнување преговори со Манчестер Сити. Сепак, договорот нема да биде едноставен, бидејќи се очекува отштетата да изнесува најмалку 50 милиони евра – сума што клубот неофицијално ја потврди.Клубот неофицијално ја потврди веста.Тагови: Родри Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоВидео: Наредена итна евакуација на населението, откажани летови Тајфун се движи кон Јапонија. Се евакуираат 260 илјади луѓе.На стотици илјади луѓе во југозападен Јапонија им беше наредено да се евакуираат, а денес беа откажани повеќе од 500 летови додека тајфунот „Долфин“, кој се движи бавно, се приближува кон регионот, носејќи силни ветрови, обилни врнежи и високи бранови. Тајфунот од прва категорија носи ветрови со максимална брзина од 144 километри на час, со удари што достигнуваат и до 198 километри на час, и се приближува кон низата острови меѓу регионот Кјушу и префектурата Окинава, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (JMA), пренесува Ројтерс. Властите издадоа наредби за евакуација на речиси 260.000 жители во префектурите Кагошима и Окинава, додека „Тојота“ денеска го прекина производството во девет фабрики. Надлежните очекуваат тајфунот Делфин да ја задржи својата јачина додека се приближува кон Окинава, носејќи ризик од ветрови што би можеле да оштетат или урнат одредени објекти. Getting raked by back end of typhoon Dolphin now in N Okinawa pic.twitter.com/qD4gXNeXZL — James Reynolds (@EarthUncutTV) August 7, 2026 Јапонската метеоролошка агенција (JMA) предупреди дека може да се формира и линеарен појас на дожд – односно тесен појас на интензивни врнежи и грмотевици – што би можело да предизвика поплави.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАктивен е пожарот во с.Грешница во Македонски Брод, под контрола се пожарите во депонијата Делчево и во гостиварскоДо 7 часот и 30 минути денеска на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати.Информира утрово Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во местото Стојанова населба во село Грешница во општината Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево и пожарот во гостиварското село Паталишта, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблеста шума.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook