Видео: Меси во видеото на популарна пејачка - Канал 5

Видео: Меси во видеото на популарна пејачка

Еден од најдобрите фудбалери на светот на сите времиња, аргентинскиот волшебник Лионел Меси, се појави во видеото на популарната аргентинска пејачка Мартина Тина Стесел.

Видео: Меси во видеото на популарна пејачка

Еден од најдобрите фудбалери на светот на сите времиња, аргентинскиот волшебник Лионел Меси, се појави во видеото на популарната аргентинска пејачка Мартина Тина Стесел, сопруга на неговиот колега и пријател од репрезентацијата Родриго де Пол.

Меси и Де Пол се долгогодишни пријатели и заедно го освоија Светското првенство во 2022 година.

Во песната „Dos Amantes“ (Двајца љубовници) што ја отпеаа Тина и Улисес Буено, Меси се појавува во видеото, во кое седи заедно на маса со пејачот и пејачот, како и со претходно споменатиот Де Поло.

Песната брзо доби екстра популарност на YouTube, музичките платформи и социјалните мрежи, а за помалку од 24 часа успеа да собере повеќе од милион прегледи.

Инаку годинава во јануари, Де Пол се пресели од Атлетико Мадрид во Интер од Мајами, клубот каде што игра и Меси.

Двајцата се пријатели со години и заедно во дресот на Аргентина го освоија Светското првенство во 2022 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалникот Јанчев во посета на село Марена

Градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Совет на општина Кавадарци д-р Стојанчо Рамов, во посета на село Марена, каде ќе започнат градежните активности за изградба на нов мост преку Луда Мара – с. Марена!, објави на Фејсбук првиот човек на Кав

Градоначалникот Јанчев во посета на село Марена

Овој проект е со финансиска поддршка од Министерството за транспорт во износ од 12 милиони денари. Во моментот сообраќајот се одвива по една коловозна лента, поради што е воведен редуциран режим на сообраќај. Ова е привремено, до започнувањето на изградбата на новиот мост, објави на фејсбук првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев.

Новиот мост ќе располага со:

-две коловозни ленти

-тротоар од двете страни

-вкупна ширина од 8,5 метри

Со овој проект се подобрува безбедноста и се унапредува патната инфраструктура во овој дел од општината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за транспорт: Реакција на прес конференцијата на СДСМ

Денес СДСМ со уште една срамна прес конференција се обидува да го попречи развојот на државата. 

Министерство за транспорт: Реакција на прес конференцијата на СДСМ

Имено на денешната прес конференција на СДСМ во која опозициската партија се противи на потенцијалната изградба на дата центри слушнавме само небулози и обид за манипулација на граѓаните.

За изградба на Дата центар потребно е да се исполнуваат сите технички услови кои се строго пропишани во законите, да се направат сите видови студии и да се обезбеди квалитетна работа.

Инвестициите во Дата центри изнесуваат милијарди евра во сите развиени држави низ Европа и Америка, развојот на технологијата и вештачката интелигенција е еден од главните двигатели на модерните држави.

Во изградба на еден Дата центар во просек се ангажираат барем 300 работници, додека за оперативно работење на дата центар се вработуваат околу 100 високо квалификувани инжинери.

Дата центрите се предводници во искористување на зелената енергија и ја зајакнуваат транзицијата кон зелена енергија.

Со самиот развој на вештачката интелигенција Дата центрите се неопходни и од тие причини државата треба да води паметна политика која во чекор ги следи новите треднови во технологијата.

За разлика од СДСМ, оваа Влада е посветена на нови инвестиции од стотици милиони евра. СДСМ сакаат државата да не напредува, да не се модернизира и да нема големи проекти. Во време на СДСМ главни проекти беа криминалните проекти како што беа модуларната болница во Тетово, очајниот обид за криминал преку набавка на вакцини од компанијатa Стабри , бизнисите со марихуана, тендерите за пријатели на Венко Филипче во здравството. Да ја потсетиме јавноста и на една легендарна изјава дека Фејсбук и Гугл чекаа на граница да инвестираат во Македонија.

Штом СДСМ е против изградба на дата центри значи дека сме на прав пат и дека одлуката е добра!

Државата избира напредок и нови технологии, времето на криминал и корупција е одамна завршено.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТИМОТ PEUGEOT TOTALENERGIES ПОКАЖА ИСТРАЈНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ОСОБЕНО ТЕШКОТО ИЗДАНИЕ НА 24 ЧАСА LE MANS

Тимот Peugeot TotalEnergies и неговите шест возачи покажаа издржливост и борбен дух во текот на целата недела на La Mans.

ТИМОТ PEUGEOT TOTALENERGIES ПОКАЖА ИСТРАЈНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ОСОБЕНО ТЕШКОТО ИЗДАНИЕ НА 24 ЧАСА LE MANS

PEUGEOT 9X8 #94 и #93 завршија на 11-то и 12-то место на 24 часа La Mans за 2026.

Тимот TotalEnergies освои шест поени на FIA WEC.

Ова 94-то издание на 24-часа Le Mans, кое ја одбележа стогодишнината од првото учество на PEUGEOT, не го донесе резултатот на кој се надеваше тимот Peugeot TotalEnergies. Без потребното темпо на квалификациите, двата болида PEUGEOT 9X8 го обезбедија 16-то и 18-то место на стартната линија пред почетокот на трката во саботата, 13 јуни.

Во овие многу предизвикувачки околности, шесте возачи останаа целосно фокусирани во текот на целата 24 часовна трка, комплетирајќи долги кругови без да се намали темпото, вклучувајќи две серии од пет круга за Malthe Jakobse. И покрај промената на задниот дел на автомобилот #94 и казната „drive-through“ на #93 во текот на ноќта, тимот изврши контролирана и дисциплинирана трка од почеток до крај.

И двата болида PEUGEOT 9X8 стигнаа до целта на една немилосрдна трка, нагласувајќи ја сигурноста. Автомобилот #94, управуван од Loïc Duval, Théo Pourchaire и Malthe Jakobsen, заврши на 11-то место по 377 круга. Автомобилот #93, со aul di Resta, Nick Cassidy и Stoffel Vandoorne, заврши на 12-то место, поминувајќи 5.123 km без никакви технички проблеми.

Тимот го напушта Le Mans со шест шампионски поени и засилена решителност за подобрување. Иако резултатот не ги исполнува очекувањата, научените лекции ќе играат клучна улога во тековниот развој на проектот и неговите долгорочни амбиции

Во оваа сезона на FIA WEC која е сè уште во полн ек, тимот Peugeot TotalEnergies е веќе фокусиран на претстојните трки, решен да продолжи да напредува и да се врати посилен. Тимот сега го насочува своето внимание кон следната трка: 6 часа São Paulo на 12 јули.

Освен самата трка, тимот Peugeot TotalEnergies и брендот PEUGEOT уживаа во особено богат и ангажиран викенд, пречекувајќи повеќе од 2.000 гости низ целиот настан.

Бројни активности се одржаа на патеката Circuit de la Sarthe, меѓу кои фан-зоната на PEUGEOT, каде што брендот го претстави концепт автомобилот Polygon заедно со своите симулатори Hypersquare, Cinema Drive-In Paradiso во партнерство со mk2 и селото на производителот, каде што PEUGEOT официјално ја започна продажбата на новиот E-208 GTi.

Во саботата, 13 јуни, пред трката, парадата по повод стогодишнината ги собра историските тркачки автомобили и иконските модели на патеката. Учествуваа неколку личности од брендот и светот на мотоспортот, вклучувајќи ги John Elkann (Претседател на Stellantis), Emmanuele Cappellano (Оперативен Директор на Enlarged Europe Stellantis), Alain Favey (Извршен Директор на PEUGEOT) и Pierre Fillon (Претседател на ACO) зад управувачот на PEUGEOT 908, заедно со Éric Hélary кој го возеше PEUGEOT 905.

Со комбинирање на спортските перформанси со искуството на брендот, викендот ја зајакна врската помеѓу PEUGEOT, неговите гости и неговите фанови, во единствена средина каде што се споија наследството и иновацијата.

Emmanuel Esnault – Раководител на тимот Peugeot TotalEnergies

„Главната позитивна страна е што стигнавме до крај на 24-часа Le Mans. Автомобилот се покажа сигурен во текот на целата трка, а тимот извозе одлична трка без да се откаже. Заминуваме со шест шампионски поени и јасна решеност да се подобриме. Резултатот не е она што го посакувавме, ни недостасуваа целосни перформанси во квалификациите, а тоа продолжи и во трката. Сепак, ова издание ни овозможи вредни лекции додека продолжуваме да се спремаме за 2027 година. Сезоната е сè уште долга и ќе продолжиме да се бориме за да станеме поконкурентни.“

Loïc Duval (PEUGEOT 9X8 #94)

„Беше тешка трка, како што се очекуваше по квалификациите. Ни недостасуваа перформанси, па затоа дадовме сè од себе. И двата автомобила стигнаа до целта без проблеми и освоивме неколку поени. Браво за целиот тим и за моите соиграчи за нивниот труд.“

Malthe Jakobsen (PEUGEOT 9X8 #94)

„Извозив две последователни серии од по пет круга, па поминав многу време во болидот, но навистина уживав. Го извлековме максимумот од сè што имавме на располагање овој викенд и успеавме да освоиме неколку бодови.“

Théo Pourchaire (PEUGEOT 9X8 #94)

„Дадовме сè од себе и не оставивме ништо на случајноста. Дури успеав да извозам и моќен круг на крајот, и покрај условите на патеката. Разочарувачки е бидејќи сите сонуваме да ја освоиме оваа трка, но го дадовме својот максимум. За мене ова беше неверојатно искуство на мојта втора трка на Le Mans, и се надевам дека нема да биде последена.“

Nick Cassidy (PEUGEOT 9X8 #93)

„Овие 24 часа беа исклучително тешки. Тимот беше неверојатен, апсолутно неуморен и беспрекорен во својата работа. Тоа само ја зајакнува нашата решеност да се вратиме посилни и да се бориме за успех следната година. Веќе гледаме напред кон Le Mans 2027.“

Paul di Resta (PEUGEOT 9X8 #93)

„Беше многу тешка трка, особено на почетокот поради високите температури на патеката. Фокусот беше на одржување на конзистентност, избегнување на грешки и максимално искористување на секоја можност. Тимот остана фокусиран во текот на целата трка.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер