ЗабаваВидео: Меланија Трамп ја претстави Белата куќа во божиќно рувоПрвата дама на Америка, Меланија Трамп, покажа дел од раскошните божиќни декорации во Белата куќа, оваа година под темата „Домот е таму каде што е срцето“.Целта беше да се покаже американската великодушност, патриотизам и благодарност преку брилијантноста на илјадниците декорации, пишува Њујорк пост. „Домот е таму каде што е срцето“ „Изреката „Домот е таму каде што е срцето“ длабоко резонира со мене, особено додека се справувам со радостите, предизвиците и честите патувања што доаѓаат со мајчинството и работата“, објасни Меланија. „Честите патувања ме научија дека домот не е само физички простор; тоа е топлината и удобноста што ја носам во себе, без оглед на мојата околина.“ Нова рута поради срушеното Источно крило Посетителите ќе можат да ја разгледаат Белата куќа по изменета рута оваа година. Во октомври, претседателот Трамп го сруши Источното крило, традиционалната почетна точка за тури, за да се направи место за гламурозна балска сала вредна 300 милиони долари (258 милиони евра). Затоа, туриte ќе започнат на вториот кат од куќата. Секоја соба раскажува своја приказна Во согласност со традицијата, секоја од собите има своја подтема. Источната соба е посветена на 250-годишнината од потпишувањето на Декларацијата за независност. Патриотските декорации во црвена, бела и сина боја, со орли и 250 ѕвезди, ја носат подтемата „Домот е таму каде што е срцето: Америка, нашиот дом“. Зелената соба претставува семејна забава под подтемата „Домот е таму каде што е срцето: Семејна забава“ и е украсена со прикази на најдобрите американски игри и портрети од Лего на претседателот Доналд Трамп и Џорџ Вашингтон. HOME IS WHERE THE HEART IS ❤️ America's Christmas at the White House. pic.twitter.com/acueX2bKjz — The White House (@WhiteHouse) December 1, 2025 Сината соба, дом на официјалната елка на Белата куќа, им оддава почит на семејствата со Златни ѕвезди. Сините и златните декорации со златни ѕвезди ја следат темата „Домот е таму каде што е срцето: каде што силата и жртвата се среќаваат дома“. Црвената соба е посветена на иницијативата на Првата дама „Биди најдобар“. Повеќе од 10.000 пеперутки го исполнуваат просторот под темата „Инспирација на иднината“. Извор: Б92Тагови: Белата куќа Меланија Трамп Божиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГори дива депонија во Шуто Оризари11:53Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
МакедонијаРистовски ги поздрави учесниците на Државното првенство на „Плазма спортските игри за млади Ристовски ги поздрави учесниците на Државното првенство на „Плазма спортските игри за млади – 600 млади македонски спортисти се борат за место во големото финале.Министерот за спорт Борко Ристовски, денеска во салата „Расадник“ во Кисела Вода, ги поздрави учесниците на завршното државно првенство на кое 600 млади спортисти од четири региони, се борат за место на големото меѓународно финале на „Плазма спортските игри за млади“ што ќе се одржи Сплит од 17 до 22 август. Натпреварите се одвиваат во десет дисциплини: Coca-Cola Cup 2011, мал фудбал (2015), баскет 3х3, ракомет, одбојка, одбојка на песок, народна топка, тенис, шах, пинг-понг и атлетика. Ристовски на отворањето на финалето истакна дека реализацијата на настанот претставува исполнување на заложбите државата да стане дел од овој голем меѓународен проект. Тој нагласи дека поддршката за вакви настани ќе продолжи бидејќи тие не се важни само поради резултатите, туку и поради вредностите што ги носат. -Не е најважно кој ќе победи, туку децата да научат вистински вредности и да ги сфатат поразите како лекции што ќе ги направат подобри личности - рече Ристовски додавајќи дека Владата и Министерството ќе продолжат да поддржуваат ваквите иницијативи што придонесуваат за развој на младите и унапредување на спортот. „Плазма - Спортските игри за млади“ годинава првпат се одржуваат во Македонија, откако на иницијатива на Министерството за спорт и министерот Борко Ристовски, нашата земја стана дел од оваа најголема спортска младинска манифестација во Европа што се одржува под покровителство на Европската комисија, Меѓународниот олимписки комитет и други високи институции.Станува збор за манифестација што одбележува 30 години постоење и важи за едно од најголемите аматерски спортски натпреварувања во Европа, со главна мисија да обезбеди бесплатен спорт за секое дете. Освен Македонија, во игрите учествуваат и Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Србија.Тагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГори дива депонија во Шуто Оризари11:53Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
МакедонијаГаши на 67. Генерално собрание на ПАБСЕК во ТбилисиПретседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, учествуваше на 67. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК).Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, учествуваше на 67. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), што се одржува на 30 јуни и 1 јули 2026 година во Тбилиси, Грузија. На свеченото отворање на Генералното собрание, Гаши се обрати со говор пред делегациите на земјите членки на ПАБСЕК, изразувајќи го посветувањето на Република Македонија кон регионалната соработка и евроатлантската интеграција. Во своето обраќање, Гаши ги поздрави домаќините и нагласи дека регионот на Црното Море претставува витален коридор за поврзување, трговија и меѓународни контакти. Тој посочи дека овој регион е богат со историја, култура и потенцијал, но исто така се соочува со бројни предизвици кои бараат колективен напор и солидарност. Без разлика дали станува збор за економски развој, безбедност, заштита на животната средина или општествена кохезија, заедничката иднина зависи од силата на соработката и врските кои ги градиме денес. Претседателот Гаши особено ја потенцираше важноста од инклузивноста и рамноправното учество на сите чинители во регионалниот дијалог, нагласувајќи дека само преку сеопфатен и инклузивен пристап може да се постигне одржлив развој и општествена хармонија. Во таа насока, тој ја потврди непоколебливата определба на Северна Македонија кон интеграцијата во ЕУ, оценувајќи го членството во Европската Унија и НАТО не само како стратешки избор туку и како суштинска патека за зајакнување на суверенитетот, безбедноста и просперитетот на земјата. Во говорот претседателот Гаши, исто така, потенцираше дека земјите на регионот, и покрај разликите, делат заеднички интереси и стремежи за живеење во мир, економско унапредување и подобра иднина за своите граѓани, особено за помладите генерации. Покрај учеството на Генералното собрание на ПАБСЕК, претседателот на Собранието Африм Гаши реализира и официјална билатерална посета на Тбилиси по покана на претседателот на Парламентот на Грузија. Во рамките на оваа посета, се очекува двајцата претседатели на парламентите да разменат ставови за актуелните прашања поврзани со регионалната безбедност, парламентарната дипломатија и перспективите за продлабочување на соработката меѓу двете земји.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГори дива депонија во Шуто Оризари11:53Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
ЗдравјеАлиу во посета на реконструираниот објект на Здравствен дом КумановоИнвестициите во примарното здравство значат подобри услови за пациентите и за здравствените работнициАлиу во посета на реконструираниот објект на Здравствен дом Куманово: Инвестициите во примарното здравство значат подобри услови за пациентите и за здравствените работници Министерот за здравство, Азир Алиу, утрово, го посети реконструираниот објект на Здравствен дом Куманово во населбата „Тоде Мендов“, каде што е извршена целосна реконструкција на приземјето на објектот со вкупна површина од 250 квадратни метри. Објектот има значајна улога во системот на превентивна здравствена заштита и служи како центар за спроведување на училишна вакцинација за подрачјето на општината. За реализација на оваа инвестиција се вложени 5 милиони денари од буџетот, со што значително се подобрени просторните услови за работа и за престој на пациентите. Во рамки на активностите е извршено и уредување на дворот на објектот, при што се изградени и паркинг-места за потребите на пациентите. За оваа намена се инвестирани дополнителни еден милион денари. „Со оваа инвестиција обезбедуваме подобри услови за спроведување на имунизацијата, поефикасна организација на работниот процес и поквалитетна услуга за граѓаните, особено за децата и нивните семејства. Токму инвестициите во примарната здравствена заштита се инвестиции во здравјето на идните генерации. Наш приоритет е да создаваме современи, функционални и достапни здравствени установи во сите општини, затоа што секој граѓанин заслужува квалитетна здравствена услуга поблиску до местото на живеење, изјави министерот Алиу. Министерството за здравство останува посветено на унапредување на инфраструктурните услови во здравствените установи низ државата, со цел обезбедување поквалитетна, подостапна и поефикасна здравствена заштита за сите граѓани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook