Видео: Марио Балотели фрла петарди во соблекувалната?! - Канал 5

Видео: Марио Балотели фрла петарди во соблекувалната?!

Нова лудост на контроверзниот италијански фудбалер Марио Балотели.

Видео: Марио Балотели фрла петарди во соблекувалната?!

Марио Балотели не се менува ниту на 33 годишна возраст!

Сега во јавноста протече видео од соблекувалната на неговиот клуб, на кое се гледа како ексцентричниот италијански напаѓач фрла петарди меѓу соиграчите!

Балотели се врати во Адана во септември, откако беше во клубот и во сезоната 2021/22. Потоа замина во Сион, а сега на девет натпревари за турскиот прволигаш постигна пет гола.

Ова не е првпат популарниот Супер Марио да ги шокира соиграчите“ но не со потези и голови на зелениот терен, туку со потег во соблекувалната.

Балотели претходно ги гаѓаше соиграчите со пикадо, палеше огномети....

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

Сојузниците ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина на самитот на НАТО во Анкара, изјавија извори за германската новинска агенција ДПА денес.

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

Амбасадорите на 32 земји-членки ја поддржаа иницијативата на состанокот во Брисел. Според планот, НАТО ќе издвои 70 милијарди евра годишно за вооружување и обука на украински војници во следните две години, вкупно 140 милијарди евра.

Сепак, ова вклучува заем од ЕУ за Украина од 60 милијарди евра за 2026 и 2027 година. Ова значи дека сојузниците ќе треба да покријат 40 милијарди евра годишно од своите национални буџети, пренесува ДПА.

САД ја намалија помошта

Се очекува лидерите на НАТО официјално да го одобрат планот за пет дена во Анкара. Поголемиот дел од парите ќе бидат обезбедени од европските членки и Канада, откако САД ја намалија финансиската помош за Украина под претседателот Доналд Трамп. Германија веќе претходно објави дека во 2026 година има намера да ѝ помогне на Украина со 11,5 милијарди евра.

Во последните месеци, НАТО му помагаше на Киев преку програма наречена „Список на приоритетни потреби за Украина“, позната под акронимот „PURL“. Програмата функционира така што САД продаваат оружје и муниција на европските сојузници и Канада, кои потоа ги доставуваат до Украина.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Интересот за електрични возила е резултат на паника, а не на промена на навиките на клиентите“

Извршниот директор на Мазда во Австралија верува дека рекордната продажба на електрични возила во последните месеци не е резултат на трајна промена во навиките на клиентите.

„Интересот за електрични возила е резултат на паника, а не на промена на навиките на клиентите“

Извршниот директор на Мазда во Австралија, Винеш Бинди, верува дека рекордната продажба на електрични возила во последните месеци не е резултат на трајна промена во навиките на клиентите, туку е последица на конфликтот на Блискиот Исток и наглиот пораст на цените на горивата.

Според него, зголемениот интерес за електрични возила е краткорочна реакција на пазарот на неизвесноста во снабдувањето со гориво, а не почеток на нов тренд.

Во разговор за австралиски „Драјв“, Бинди рече дека новите нарачки веќе почнале да се враќаат на нивото пред избувнувањето на кризата на Блискиот Исток.

„Мислам дека растот на интересот во последните два месеци е резултат на проблеми со снабдувањето со гориво, а не на структурни промени на пазарот. Побарувачката ќе продолжи да расте, но со многу побавно темпо“, рече Бинди.

Тој исто така верува дека Австралија сè уште нема доволно развиена инфраструктура за да овозможи масовен премин кон електрични возила, иако државата го охрабри нивното купување со даночни олеснувања.

Сепак, статистиката покажува дека електричните автомобили бележат рекордни резултати. Во мај 2026 година, нивниот удел во продажбата на нови возила достигна 19,9 проценти, што е историски максимум за австралискиот пазар. Еден месец претходно, процентот беше 16,4 проценти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Молдавскиот премиер поднесе оставка

Молдавскиот премиер Александру Мунтеану поднесе оставка, со што се активира процесот на оставка на целата влада, беше објавено денес во Кишињев.

Молдавскиот премиер поднесе оставка

Мунтеану, кој е на функцијата од ноември 2025 година, не ја објасни својата одлука детално.

Тој во објава на социјалната мрежа „X“ изјави дека неговиот мандат завршува и дека одлучил да се повлече кога заклучил дека повеќе не може да ги извршува своите должности во согласност со своите принципи и верувања.

„Денес завршува мојот мандат како премиер. Во моментот кога сфатив дека повеќе не можам да го извршувам мојот мандат во согласност со моите принципи и верувања, решив да се повлечам“, напиша тој.

Мунтеану (62) беше назначен за премиер по парламентарните избори одржани во септември 2025 година, на кои ПАС постигна убедлива победа над проруските политички ривали и обезбеди продолжување на проевропскиот курс на земјата.

Пред да влезе во молдавската политика, работеше во странство повеќе од 20 години, вклучително и во Светската банка.

Во својата објава тој рече дека ќе продолжи да ѝ служи на Молдавија без оглед на позицијата што ја има во иднина.

Молдавија, која граничи со Украина и Романија, е кандидат за членство во Европската Унија. Политичката сцена во земјата со години е поделена меѓу проевропските сили и партиите што се залагаат за поблиски односи со Русија, потсетува Ројтерс.

Маја Санду ќе започне консултации за новиот премиер на Молдавија следната недела

Молдавската претседателка Маја Санду денес објави дека следната недела ќе започне консултации со парламентарните фракции за да предложи кандидат за нов премиер.

Санду нагласи дека Мунтеану ќе продолжи да ја извршува функцијата привремен премиер додека не се избере нов шеф на владата, објави Молдпрес.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер