Видео: Мама Ања еден месец по породувањето има совршена линија - Канал 5

Видео: Мама Ања еден месец по породувањето има совршена линија

Пред само еден месец роди близнаци, убавата мама Ања Курникова повторно е во топ форма.

Видео: Мама Ања еден месец по породувањето има совршена линија
Месец дена откако светот дозна не само дека поранешната руска тенисерка и сопруга на Енрике Инглесијас била девет месеци трудна, а тоа никој да не го забележи, туку дека веќе родила и близнаци, некогашната руска тениска принцеза гордо го покажа своето тело по породувањето.

На својот Инстаграм профил Курникова објави видео на кое вежба во теретана . Овој клип 30 годишната Ања го објави една недела откако таа и нејзиниот популарен партнер Енрике ги поделија првите фотографии од своите наследници близнаците синот Николас и ќеркичката Луси.

#monday #backatit 💪🏻 📹 @ashleypeeler

A post shared by 🐾 Anna 🎈Аня (@annakournikova) on

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија го одбележува 11 Октомври

Македонија денеска го слави 11 Октомври е денот кога во 1941 година со нападите во Прилеп и Куманово започна организиранот антифашистичко востание за слобода и сопствена држава.

Македонија го одбележува 11 Октомври

Овој голем празник останува морален компас кој потврдува дека македонскиот народ секогаш ја избрал вистинската страна на историјата.

Борбата од 1941 година ги постави темелите на АСНОМ и на современата независна Македонија. Со низа свечености денека се одбележува празникот. Централниот настан е во Куманово... Таму е Михаило Донев, го имаме во живо.. Михаило како помина настанот?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Безбеден град“ се шири во југозападниот регион

Камерите од системот на МВР „Безбеден град“ од утре ќе бидат вклучени и на подрачјето во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

 „Безбеден град“ се шири во југозападниот регион

МВР информира дека по извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција.

Оттаму апелираат до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

-По извшените технички проверки и финалните тестирања камерите на системот ќе бидат ставени во функција во подрачјето на СВР Охрид. Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата. изјави – Гоце Андреевски –портпарол на МВР.

Системот „Безбеден град“ во државата е во функција од 1 февруари годинава а од неодамна ја стави во функција веб апликацијата Безбеден град наменета за странските државјани каде според МВР заклучно со 05.10.2026 регистрирани се вкупно 53.437 прекршоци од странци.

-23.202 прекршоци биле евидентирани во периодот од 19 до 31 август, во септември нивниот број се искачил на 27.723, додека во првите пет дена од октомври биле регистрирани уште 2.512 прекршоци. МВР.

Во меѓувреме, додека МВР најавува проширување на системот „Безбеден град“, кој веќе регистрира и мотоциклисти што ја надминуваат дозволената брзина, на социјалната мрежа ТикТок се појави видео на кое се гледа како мотоциклист со голема брзина се движи по булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, претекнува возила непосредно пред пешачки премин и вози на едно тркало.

Снимката е направена во близина на Универзалната сала, на истата локација каде што во јануари 2025 година животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова.

Од МВР побаравме информации дали мотоциклистот од видеото е идентификуван и дали се преземени мерки против него, но до овој момент од Министерството не добивме одговор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прилеп и Куманово 1941: Пукна првата пушка против фашистичкиот окупатор

Секоја нација има датуми што го надминуваат своето историско значење и стануваат трајни симболи на нејзините вредности и стремежи.

Прилеп и Куманово 1941: Пукна првата пушка против фашистичкиот окупатор

За македонскиот народ, 11 Октомври е токму таков ден. Не само спомен на минатото или државен празник што се одбележува со свечености, туку симбол на слободата, правдата и отпорот кон угнетувањето.

Настаните од 11 октомври 1941 година го означија почетокот на организираното вооружено востание против фашистичкиот окупатор. Тогаш прилепските партизани ја нападнаа бугарската полициска станица и телефонско-телеграфската мрежа, а следниот ден вооружени акции започнаа и во Куманово.

Во време кога најголемиот дел од Македонија беше под окупација на Царска Бугарија, сојузник на нацистичка Германија, отпорот против фашизмот и бугарскиот окупациски режим прерасна во широко народноослободително движење.

Но целта на таа борба не била само отпор против окупаторот. Таа била и борба за создавање сопствена држава, за право на слободен национален развој, за признавање на македонскиот јазик, култура и историска посебност. Македонските партизани не се бореле за туѓи национални проекти, туку за својата татковина и за правото Македонците конечно да бидат свои на своето.

Без разлика на политичките толкувања, историските ревизии или обидите за намалување на неговото значење, 11 Октомври останува сведоштво дека македонскиот народ во најголемите историски искушенија се определил за антифашистичката борба.

Осумдесет и пет години подоцна, 11 Октомври останува не само историски датум туку и морален компас што сведочи дека македонскиот народ знаел и умеел да ја избере правичната страна на историјата

Тој е симболичен почеток на процесот што водеше кон Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година, кога беа поставени темелите на современата македонска држава, која во 1991 година ја стекна својата независност.

Без Народноослободителната и антифашистичка борба, денешната македонска држава немаше да постои во формата во која ја познаваме.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер