Видео: Мајами по продолжение подобар од Бостон за водство од 1-0 во финалето на Истокот

Мајами со триумф остварен после продолжение ја отвори финалната серија на Исток во НБА против Бостон.

„Жешките“ во супер изедначен меч ги добија Селтикси со 117-114 (106-106) во првиот натпревар од финалето на источната конференција во НБА.

Џими Батлер и Бем Адебајо се хероите на Мајами во првиот меч. Тие двајца одиграа најдобро кога беше најпотребно во продолжението . Батлер погоди за водство од 116-114 , а Адебајо на монструозен начин го блокираше обидот за забивањена Тејтум во последните секунди од продолжението и недозволи израмнување.

Во хомогената екипа на Мајами најефикасни во првиот дуел од финалето на Истокот беа Горан Драгиќ со 29 поени, Џими Батлер со 20, Краудер со 22 и Адебајо со 18 поени и 9 асистенции.

Кај поразените Селтикси Тејтум уфрли 30 поени, Смарт 26 , а Кемба Вокер постигна 19.

Протест против корона-мерките и во Букурешт(ВИДЕО)

Неколку стотици луѓе, вклучувајќи семејства со мали деца, протестираа во Букурешт против мерките воведени за спречување на ширењето на коронавирусот.

Граѓаните, пред сè, протестираат против социјалното дистанцирање и обврската да носат маски во училиштата.

Само полицијата и новинарите носеа маски. Многу демонстранти носеа транспаренти и романски знамиња и не ги почитуваа правилата за социјално дистанцирање.

Еден од говорниците на протестот на Универзитетскиот плоштад во Букурешт ги спореди мерките со тортурата врз неистомислениците во комунизмот.

Во Романија, како и во поголемиот дел од Европа, последните денови се зголеми бројот на лица заразени со коронавирус.

Минатата недела е забележан најголем број регистрирани за еден ден, 1.713.

Вчера се регистрирани 1.333 нови инфекции, односно вкупно 111.550 случаи од почетокот на епидемијата, а починале 4.402 лица.

Околу 2,8 милиони ученици отидоа на училиште во понеделникот, а наставата е комбинирана, па дел се одвива во училници, а дел онлајн.

Масите во училниците мора да бидат оддалечени најмалку еден метар, учениците и наставниците мора да носат маски, а училниците мора секојдневно да се дезинфицираат.

Претседателот на Барса:Не можев да дозволам Меси да си замине

Претседателот на Барселона, Joсеп Бартомеу изјави дека тој едноставно не можел да му дозволи на Меси да го напушти клубот.

Бартомеу ја раскажа целата сага со Меси за каталонскиот ТВ3. Тој истакна дека треба да му се честита нему и на администрацијата што го задржаа Меси.

"Нема да се расправам со Меси. Тој е наш капитен и водач на тимот. Не можев да дозволам да го напушти клубот, тој е најдобриот играч во историјата на фудбалот и му треба на тимот. Ако го имате Меси, гарантирано ќе бидете успешни. Видовме како изгледа на теренот и повеќе не размислуваме за сагата.Треба да си честитаме за тоа што успеавме да сториме за да остане со нас и за тоа како се однесуваше во последните неколку дена.

"Управата и јас ќе продолжиме да работиме за да имаме што подобар тим. Никој не сака да се откаже. Клубот нема да запре и ние ќе продолжиме да работиме, имаме многу проблеми да ги решиме.

Да потсетиме, Меси побара да ја напушти Барселона по 20 години, но на крајот остана поради договорот и затоа што веројатно ќе требаше да го потврди заминувањето на суд.

Во едно интервју, тој објасни дека никогаш нема да го тужи клубот што му значи живот, но тој не одговори дали ќе остане во Барселона и по оваа сезона. Неговиот договор истекува во летото 2021 година, па можно е следната година повторно да не очекува нова трансфер-сага.

Трамп во Врховниот суд ќе номинира жена:Повеќе ги сакам отколку мажите

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека следната недела ќе номинира жена за наследник на покојната Рут Бадер Гинсбург во Врховниот суд на САД.

"Ќе го објавам номинираниот следната недела. Ќе биде жена", рече Трамп вчера на предизборен митинг во Фајетвил, Северна Каролина.

„Мислам дека треба да биде жена, затоа што јас многу повеќе ги сакам жените отколку мажите“, додаде Трамп.

Додека Трамп го зборуваше ова, приврзаниците скандираа: „Пополнете го тоа место“.

Тој претходно наведе две жени како можни избори за Врховниот суд на САД - Ејми Кони Барет од Чикаго и Барбара Лагоа од Атланта.

Некои сенатори вчера рекоа дека номинацијата за изборите во Врховниот суд по смртта на Гинсбург сепак треба да се оидложи до новите избори за американски претседател на 3 ноември и дека одлуката треба да ја донесе претседателот кој тогаш ќе биде избран.

притисни ентер