Епилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругата
1Епилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругата
ЗабаваВидео: Луксузните куќи и станови на Новак ЃоковиќКаде се има куќи најтрофејниот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ и во која од нив поминува најмногу време?Во текот на својата кариера, Новак Ѓоковиќ изгради империја, заработи многу пари и успеа да постигне она што ретко кој може да го направи - да поседува недвижен имот и тоа луксузен во речиси сите делови на светот. Славниот Ноле успеа да заработи милиони, а дел од нив ги инвестираше во недвижности. Некои се негов дом во текот на целата година, други се таму за да оди кога сака да се одмори. Домот број 1 на семејството Ѓоковиќ е во монденскиот Монте Карло. Ноле и Јелена со децата живеат во Монте Карло со години. Неговиот стан со поглед на море е вистинско рај: луксузен, тивок и блиску до се. Сепак срцето на Новак е во Белград. Иако е светски патник, Новак никогаш не се откажал од својот роден Белград. Неговиот стан во Нов Белград е вистинска урбана оаза - модерен пентхаус со три спални соби, голема тераса, па дури и базен! Тој често престојува тука кога е во Србија, а велат дека сака да се опушти гледајќи ја Сава, далеку од тенисот. Кога сакаат да се оддалечат од се Ноле и Јелена заминуваат во лускузната вила во Марбеља Шпанија. View this post on Instagram A post shared by Real Estates (@realestates.tv) И оваа вила е навистина неверојатна! Во еден од најлуксузните делови на Марбеља, Ѓоковиќ си дозволил вистински дворец: десетина соби, огромен базен, приватно тениско игралиште, спа центар, кино... како хотел со пет ѕвездички, само без гости. Оваа куќа наводно е неговиот дом за пензиски денови. Легендарниот тенисер има домови и во Њујорк и Мајами. View this post on Instagram A post shared by Global Real Estate (@globalrealestate.tv) Во СоХо, елитен дел од Менхетен, Новак има два стана во футуристичка зграда дизајнирана од познатиот архитект Ренцо Пијано. Становите се светли, пространи и преполни со луксуз. Иако не престојува често таму. Во големото јаболко тие доаѓаат кога е Отвореното првенство на САД . Инаку од пентхаусот можете да се види целиот Њујорк како на дланка. Едно време, Ѓоковиќ имаше и пентхаус во луксузниот комплекс „Ејти Севен Парк“ во Мајами. Таму сè е совршено: од стаклени ѕидови до приватен лифт. Сепак, по неколку години решил да го продадТагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕпилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругатаЕвропското обвинителство денеска соопшти дека покренало истрага за можна злоупотреба на средствата на Европската унија (ЕУ) за време на реновирањето на пругата меѓу Мадрид и Севиља.Европското обвинителство денеска соопшти дека покренало истрага за можна злоупотреба на средствата на Европската унија (ЕУ) за време на реновирањето на пругата меѓу Мадрид и Севиља, каде на 28 октомври се случи тешка железничка несреќа во која загинаа 69 лица. Агенти на Централната оперативна единица (УЦО) на Цивилната гарда пристигнале во седиштето на Управата за железничка инфраструктура (АДИФ), Државната агенција за безбедност на железницата (АЕСФ) и Ревизорскиот суд за да подигнат документи, пренесува „Паис“. Истрагата е покрената на иницијатива на тоа обвинителство по трагичната несреќа на 28 октомври во Урда. Ова не е прв пат Европското обвинителство, независно тело задолжено за истрага на злосторства кои ги загрозуваат финансиските интереси на ЕУ, да покрене истрага за работите на тој дел од шпанската железница. Тоа тело покрена истрага и по железничката несреќа во Адамуз во јануари годинава, кога загинаа 46 лица. Во двата случаи, фокусот на истрагата е да се утврди како Шпанија искористила субвенција од 111 милиони евра доделена од Брисел во јуни 2024 година за големото реновирање на железничката линија Мадрид-Севилја, која е најстарата брза линија во Шпанија. Европското обвинителство побара договори и досиеја за работи поврзани со делниците каде што се случија несреќите. Обвинителството има истражен модел сличен на оној на многу земји на ЕУ, во кои обвинителите ја водат истрагата, додека судијата назначен во Шпанија е единствено одговорен за надзор над напредокот на постапката во согласност со законските гаранции, надзор на мерките што ги ограничуваат основните права, како што се претреси на куќи или прислушување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЗастрелан полицаец од блиску пука во напаѓачот во Краков (Вознемирувачко видео) Драматично видео од полициската интервенција по денешната пукотница на главниот градски плоштад во Краков, Полска, во која загинаа пет лица, а повеќе од десет беа повредени, се појави на социјалните мрежи. Видеото го објави и полскиот портал Niezależna.pl, наведувајќи дека го прикажува моментот во кој полицаецот пука во напаѓачот. На видеото се гледа полицаец како стои над маж во маскирна облека и пука во него. Недолго потоа, полицаецот исто така паѓа на земја, веројатно ранет. Moment wyeliminowania zagrożenia, super postawa policjanta, ale wygląda jako że śmieć był nabity sprzętem Kraków #krakow https://t.co/bBiPXkdhRV — London Goldynov (@LondonGoldynov) November 7, 2026 Полицијата потврди дека напаѓачот е ранет и уапсен Полската полиција потврди дека напаѓачот е ранет и уапсен за време на интервенцијата. „Во инцидентот на главниот плоштад, пет лица загинаа, а повеќе од десет беа повредени. Полицајците го раниле сторителот и тој во моментов е превезен во болница. Интервенцијата на службите на местото на настанот сè уште е во тек“, објави полицијата. Полицијата, исто така, потврди дека меѓу повредените има полицајци, но сè уште не објавила детали за нивните повреди. Влегол на плоштадот со автомобил и почнал да пука Нападот се случил околу 15 часот во историскиот центар на Краков, една од најпосетуваните туристички области во Полска. Според полициското соопштение, мажот влегол на главниот градски плоштад со автомобил и почнал да пука кон минувачите. „Во тек е полициска операција на главниот плоштад во Краков. Околу 15 часот, еден маж почнал да пука кон случајни луѓе од автомобилот што го користел за да влезе на плоштадот. Сторителот е уапсен“, објави полицијата. Првичните информации беа за двајца мртви, но полицијата подоцна потврди дека бројот на мртви се искачил на пет. Идентитетот на напаѓачот и мотивот за пукањето се уште се непознати. Полицијата продолжува да ги истражува околностите на нападот.Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
СветИран се закани со ново оружјеИран развил ново оружје со, како што тврдат тамошните претставници, изненадувачки можности, кое би можело да биде употребено во случај на нов воен судир.Ова го соопшти Сејед Зијаедин Агаџанпур, раководител на Организацијата за идеолошки и политички прашања при иранското Министерство за одбрана, испраќајќи директна порака до американскиот претседател Доналд Трамп. Агаџанпур нагласи дека Иран нема намера да попушти пред притисоците од Вашингтон, ниту да прифати каква било форма на принуда од САД. -Никогаш нема да им се покориме на вашите обиди за заплашување, порача иранскиот претставник. Тој оцени дека главната цел на американската администрација е иранскиот народ да биде принуден да ги прифати барањата на Вашингтон и да капитулира. Сепак, според него, Техеран нема да отстапи од своите позиции, ниту ќе ги прифати, како што ги нарече, нелегитимните барања на противниците.Тагови: Иран оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook