ЖивотВидео: Луди диктатори - Гадафи имал секс четири пати на ден, и со жени и со мажи!Верувал во црна магија, бил зависник од кокаин и од естетски операции... Ги кршел правилата на исламот - не се поклонувал, пушел и пиел... Јадел лук.Моамер Гадафи владееше со Либија 42 години. Се женеше два пати и имаше осум деца, седум синови и една ќерка. Беше убиен во 2011-та година. Се уште има свои следбеници иако многумина го сметаат за еден од најозлогласените диктатори. Ја дочекал гол во кревет - Бев многу возбудена бидејќи знаев дека требаше да го видам Моамер Гадафи во живо. Моето срце тропаше како лудо. Училиштето токму мене ме одбра да му го предадам букетот цвеќе. Се се случи толку брзо. Јас му го подадов цвеќето, му ја бакнав раката и се поклонив, а Гадафи ме погали по главата - раскажала Сораја, една од сексуалните робинки на Гадафи. Сораја подоцна дознала дека галењето по главата всушност значело дека таа е одбрана. Само еден ден откако му го предала цвеќето на Гадафи, во куќата и пристигнале амазонките, познатите телохранителки на Гадафи. Сораја немала избор. Амазонките ја натерале да влезе во џипот и ја одвеле во резиденцијата на Гадафи. Тој ја дочекал гол во кревет. Ја натерал да го погледне во очи и потоа и рекол: "Јас сум твој татко и твој брат, а ти ќе бидеш моја љубовница. Ќе останеш со мене засекогаш!" Бил на виагра: Се сексал четири пати дневно и со мажи и со жени Во харемот имало и други сексуални робинки кои го задоволувале незаситниот Гадафи. Наводно, земал виагра и имал секс четири пати на ден, и со мажи и со жени. Сораја го мразела и неговиот здив со мирис на лук, тутун и на виски. Бил зависен и од кокаин Сораја раскажала дека тој бил садист, дека ја тепал, ја злоупотребувал, ја навредувал и ја силувал иако имала само 15 години. Денес таа има 25 години и живее во Триполи. Својата приказна и ја раскажала на француската новинарка Аник Кожин која ја објавила книгата "Харемот на Гадафи". Новинарката тврди дека Гадафи ги заведувал и жените на дипломатите со цел да ги понижи нивните сопрузи. Ги кршел муслиманските правила Сораја раскажала дека Гадафи ги кршел сите правила на муслиманската вера. Не се молел, пушел и пиел. - Тој никогаш не се молеше. Пушеше и пиеше алкохол. Веруваше во црна магија и ја практикуваше – кажала Сораја. Личност која ја имала неговата најголема доверба била Мабрука за која тој верувал дека поседува посебна моќ. Таа му ги подведувала малолетничките заканувајќи им се дека ќе ги убие ако не го задоволат. Бил зависник и од пластични операции Според документарец на BBC, Гадафи пластичниот хирург го делел со поранешниот италијански премиер и близок пријател Силвио Берлускони. Хирургот открил дека Гадафи често имал напади на параноја. - Ме повикуваа среде ноќ да дојдам во неговиот бункер во Триполи за да му го отстранам масното ткиво од стомакот и да го искористам за затеганње на неговото избчкано лице. Иако тој зафат е прилично болен, тој одби да прими анестезија бидејќи се плашеше дека ќе биде отруен - раскажал Лијас Рибеиро, хирургот. Рибеиро тврдел и дека Гадафи на него оставил добар впечаток и дека всушност бил многу мил човек. Го оперирал во тунели под палатата во Триполи за која кажува дека изгледала како една голема, доброопремена болница. Пријателувал со Берлускони, Месиќ, Блер... Гадафи бил пријател со западните лидери, најмногу поради нафтата но и поради фактот дека тој примал емигранти кои се обидувале да пронајдат подобар живот во Европа. Честопати неговите политички пријатели на Запад го дочекувале како крал. За време на посетите во странство сакал да се фали со своите огромни бедуински шатори и својата женска гарда – амазонки, и со украински медицински сестри. Исто така сакал да ги "чепка" другите државници. Тој бил пријател со Силвио Берлускони, Стјепан Месиќ и Тони Блер кои како што тврди Сораја, ги видела во бункерите на Гадафи. На поранешната државна секретарка на Америка Кондолиза Рајс и подарил медалјон со неговиот лик, а на Борут Пахор додека бил премиер на Словенија му подарил две камили. Пахор за возврат му дал коњ. На Барак Обама му испратил писмо во кое го нарекол "сине мој". Гостите ги оставал да го чекаат Честопати доцнел на состаноците во странство, а во една прилика шпанскиот министер за надворешни работи го оставил да чека цели 10 часа! Познат бил и по своите долги говори и во една прилика неговиот преведувач, бидејќи држел говор цел час иполовина, едноставно се откажал и си заминал. Гадафи пред да си замине од ОН се потпишал на клупа во главната сала. Гадафи: Саркози е ментално заостанат Во едно свое интервју, Гадафи открил дека ја финансирал претседателската кампања на Николас Саркози. Но, во едно друго интервју за него кажал дека е ментално заостанат и дека само на него може да му заблагодари зашто станал претседател. - Моите пари му овозможија да победи – кажал Гадафи. Дел од француските медиуми дури шпекулираа и дека токму Саркози го нарачал убиството на Гадафи за тој да не открие до кое ниво тој бил корумпиран. Само четворица на погребот Иако имало размислување телото на Гадафи да се фрли во Средоземното море, властите сепак решиле да организираат погреб некаде во пустината. Поради страв местото да не стане „светилиште“ за неговите следбеници, на погребот присуствувале само четворица луѓе, кои морале да се заколнат во Куран дека никогаш нема да ја оддадат локацијата. Богатството го скрил во пустината Либиските власти во пустината Зеле, на југ од земјата, откопале 20 тони злато и 80 милиони евра за кои се верува дека му припаѓале на Гадафи. Богатството го сокрил откако побегнал од Триполи. Се верува дека постојат уште четири тони злато и околу 500 милиони долари кои Гадафи ги повлекол од Националната банка. /Извор: 24sata.hr/ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Сидни Свини никогаш по провокативна Жежок спектакл со една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание. Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција. Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд. Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време. „Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ЗабаваФото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници. Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови. На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето. Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги. Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира. Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ТехнологијаВселенско летало по осум години стигна до Меркур Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност. Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка. Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време. По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата. Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата. Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter