Лејкерси до триумфот беа предводени од Ентони Дејвис, Остин Ривс и Леброн Џејмс. Дејвис имаше перфектна вечер со ефект од 41 поени, 20 скокови и пет асистенции, Ривс уфрли 28 поени, додека Џејмс, кој воедно беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на турнирот, постигна 24 кошеви, а додаде и 11 скокови.

Кај Индијана најдобар беше Тајрис Халибартон со 20 поени и 11 асистенции.
Играчите беа дел од финалето во ова ново натпреварување на НБА добија и раскошни парични бонуси.
Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс добија по 500.000 долари, а секој од кошаркарите на Индијана по 200.000 долари.