НБАВидео: Лилард подобар од Леброн, Портланд води со 1-0Изненадувачки старт на Плеј оф серијата во НБА меѓу ЛА Лејкерс и Портланд. Блејзерси поведоа во серијата до четири победи со 1-0 по изненадувачкиот триумф над фаворизираните „езерџии“ со 100-93. Спектакуларна вечер во Орландо имаше предводникот на Портланд Демијан Лилард кој дуелот го заврши со 34 поени и по пет асистенции и скокови. Dame really started dancing mid-game when 'Blow the Whistle' came on 😂 (via @trailblazers) pic.twitter.com/d5BRnHgiYT — SportsCenter (@SportsCenter) August 19, 2020 Маестралниот бек на Блејзерси со тројка од огромна далечина во седината на третата делница го најави крахот на Лејкерси. ARE U SERIOUS pic.twitter.com/8sAiHy2Hj2 — Portland Trail Blazers (@trailblazers) August 19, 2020 Поразот на фаворитот од ЕЛ Еј не можеше да го спречи ниту историскиот рекорд на „Кралот“ Леброн Џејмс. Најдобриот кошаркар лигата Џејмс стана првиот кошаркар во НБА кој во Плеј офот имал натпревар со најмалку 20 поени, 15 скока и 15 аситенции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
ЖивотПринцот Хари го изгуби големиот судски спор против Дејли МеилБритански Принцот Хари, војводата од Сасекс и други истакнати јавни личности ја загубија тужбата против „Асошиејтед њузпејперс“, издавачот на „Дејли Меил“, во Високиот суд во Лондон во вторник, спорот беше за наводно нелегално собирање информации.Хари, кој беше во Велика Британија во времето на пресудата, покрена неколку правни постапки против одредени британски медиуми, обвинувајќи ги за злоупотреба на моќ и нарушување на приватноста. Елтон Џон, исто така, поднесе тужба Нему му се придружија и други познати личности, вклучувајќи го и музичарот Елтон Џон, кои поднесоа тужба против издавачот на „Асошиејтед њузпејперс“, тврдејќи дека десетици статии објавени во „Дејли Меил“ и „Мејл он Сандеј“ од 1990-тите до 2011 година се засновани на информации добиени нелегално. „Асошиејтед њузпејперс“ ги отфрлија обвинувањата, нарекувајќи ги клеветнички, а Високиот суд во Лондон ги отфрли тврдењата во целост. Компанијата ја опиша пресудата како „убедлива победа“ за „Дејли Меил“ и неговите новинари. Извор: Индекс.хрТагови: принцот Хари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПо нападот во Ормускиот теснец, пристигна порака од ИзраелИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел ќе ја заштити слободата на пловидба и безбедноста на поморските трговски патишта.„Поставив едноставна цел. Целта на морнарицата, но и на Израел, е да ги обезбеди морските линии и слободата на поморската трговија, кои се од витално значење за Државата Израел“, рече Нетанјаху за време на посетата на поморската база во Хаифа, објавува „Тајмс оф Израел“. Неговата изјава дојде, според израелскиот портал, во време кога Иран продолжува да напаѓа танкери во Ормускиот теснец, а јеменската бунтовничка група Хути, која е поддржана од Иран, упатува нови закани до израелските бродови во Црвеното Море. Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO) претходно денес објави дека танкер бил погоден од неидентификувана ракета додека пловел низ Ормускиот теснец. Индиректните разговори меѓу САД и Иран, одржани минатата недела во катарскиот главен град Доха, завршија без никаков значаен напредок по прашањето за Ормускиот теснец. Иран ги предупреди бродовите да не минуваат низ Ормускиот теснец преку јужната рута во оманските води, нагласувајќи дека секое поминување низ водниот пат мора да биде координирано со иранската војска.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранцуски суд: Ле Пен може на претседателските избори, но ќе носи електронска алкаАпелацискиот суд во Париз ја потврди пресудата на Марин Ле Пен за злоупотреба на средства од Европскиот парламент, но ја скрати нејзината забрана за вршење јавна функција, со што ѝ го отвори патот повторно да се кандидира на претседателските избори. Лидерката на крајната десница, сега може да учествува на изборите следната година, но под услов да носи електронска нараквица една година, што претходно изјави дека не го прифаќа. Судот ѝ изрече тригодишна затворска казна – две години условно и една година со електронски надзор. Ле Пен се кандидираше за претседател три пати. Таа стана главен ривал на Емануел Макрон, откако двапати се кандидираше и два пати загуби од него.Тагови: ле пен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter