Стојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици по пониски цени
Сали: Автопатот Скопје–Блаце е историска инвестиција што ги зближува граѓаните и ја поврзува нашата заедничка европска иднина
1Стојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици по пониски цени
2Сали: Автопатот Скопје–Блаце е историска инвестиција што ги зближува граѓаните и ја поврзува нашата заедничка европска иднина
3ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да се помири дека Македонија има најевтини нафтени деривати и најниска инфлација од земјите во регионот
2Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
ЗабаваВидео: Лени Кравиц „растура“ во теретанаАмериканскиот пејач Лени Кравиц шокираше многумина со видео од теретана кое неодамна го објави на својот официјален Инстаграм профил59 годишниот пејач кој долго време важи за „секс симбол“ меѓу женската публика покажа дека вистински растура во теретана иако е многу блиску до седмата деценија од животот. Легендарниот музичар, познат и по своите извајани стомачни мускули, крева тегови како од шега. View this post on Instagram A post shared by Lenny Kravitz (@lennykravitz) Интересен беше и неговиот аутфит за оваа пригода. Мрзелив, и кога работи напорно, не го менува начинот на облекување, па соодветно на тоа носеше кожени панталони, мрежеста маица и секако очила за сонце.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици по пониски цени Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки кои директно значат грижа и поддршка за граѓаните и за семејниот буџет.Во таа насока со почетокот и на оваа нова учебна година Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, мерка која ќе трае заклучно со 30-ти септември годинава. Со одлуката трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10%. Истовремено трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување на цените од најмалку 15%. Ова е конкретна и директна поддршка за семејствата во период кога родителите имаат зголемени трошоци за подготовка на своите деца за новата учебна година. За семејствата со повеќе од еден ученик ова ќе значителна помош и заштеда на семејните буџети. Мерката опфаќа широк спектар производи. Практично се што им е потребно на учениците за учебната година ќе можат да го набават со намалени цени почнувајќи од ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелинни, теста за моделирање, фломастери, линијари и дидактички материјали, како и многу други производи неопходни за почетокот на учебната година. Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е јасна. Родителите да можат да го обезбедат потребниот училишен прибор за своите деца по пониски и попристапни цени. Ова е трета година по ред каде што пред почетокот на учебната година Владата воведува училишна кошничка со единствена цел да им го олесни месец септември на родителите и семејствата, да ги заштеди семејните буџети и да го заштити животниот стандард на граѓаните. Септември и почетокот на учебната година треба да биде момент на среќа и убаво расположение како на учениците што се враќаат во училишните клупи, така и за родителите кои треба да ги подготват своите деца со сите потребни материјали за на училиште, а не моменти на грижа и на стрес како да се намерат трошоците. Токму затоа Владата продолжува со политики кои носат конкретна корист за граѓаните и директно придонесуваат за заштита на животниот стандард. Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бојан Стојаноски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Шоу бизФото:Иванка Трамп знае и да сурфаЕдна од најмоќните жени во светот покажа скриен талент и ги воодушеви фановите на социјалните мрежи.Иванка Трамп замина на нов одмор со семејството, каде што ужива во своето омилено хоби, а фотографиите од одморот фуриозно се проширија на социјалните мрежи. 44 годишната Иванка која е ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, покрај тоа што привлекува внимание на јавноста со својот изглед, во последно време фасцинира и со своите спортски вештини. Таа очигледно е љубител на адреналински возбудувања, бидејќи поголемиот дел од летото го помина сурфајќи, а својот талент го покажа и за време на семејниот одмор во Костарика, каде што често патува. Претходно Иванка со семејството летуваше на Исланд, а сега, е време за нови авантури во потоплите краишта. Ivanka Trump Turns Heads With Surfing Skills During Costa Rica Family Getaway . #IvankaTrump #CostaRica #FamilyVacation #Surfing #CelebrityNews pic.twitter.com/WBBZXYywp2 — JL News Today 🇺🇸 (@JLNewsToday) August 24, 2026 Иванка ги искористи брановите и ги покажа своите вештини на зелената даска, а притоа одлично се забавуваше со својот инструктор. Таа носеше горен дел од костим за нуркање и црн долен дел од костим за капењеТагови: Иванка Трамп костарика Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСали: Автопатот Скопје–Блаце е историска инвестиција што ги зближува граѓаните и ја поврзува нашата заедничка европска иднинаСали денеска присуствуваше на церемонијата со која беше означен почетокот на работите на автопатот Скопје–Блаце.Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска присуствуваше на церемонијата со која беше означен почетокот на работите на автопатот Скопје–Блаце, проект од стратешко значење за инфраструктурното поврзување, економскиот развој и зајакнувањето на соработката меѓу Македонија и Косово. На церемонијата присуствуваа претседателот на Собранието, Африм Гаши, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, како и претставници на институциите и други гости. Во своето обраќање, Сали истакна дека почетокот на работите претставува многу повеќе од инфраструктурна инвестиција, оценувајќи дека станува збор за инвестиција во поврзувањето на луѓето, семејствата, бизнисите и пазарите на двете земји. „Со почетокот на работите на овој автопат го поставуваме и камен-темелникот на нашата заедничка, интегрирана и развиена иднина. По воспоставувањето на системот ‘One Stop Shop’, изградбата на овој пат значи дека Скопје и Приштина стануваат уште поблиски. Практично, на овој начин ја создаваме Европа уште пред да станеме членки на Европската Унија“, истакна Сали. Тој нагласи дека автопатот Скопје–Блаце ќе овозможи побрзо и побезбедно движење, ќе го олесни транспортот и ќе создаде подобри услови за економски развој и регионална соработка. Сали посочи дека добрососедството не се мери само со изјави, туку со конкретни проекти – со патишта што се градат, мостови што поврзуваат, граници што полесно се преминуваат и нови можности што се создаваат за граѓаните. На крајот, тој изрази уверување дека овој проект ќе отвори нова етапа во соработката, во која економиите ќе бидат поповрзани, граѓаните поблиски едни до други, а заедничката европска перспектива уште поконкретна. Кабинет на министерот за европски прашањаТагови: Беким Сали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter