Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
2Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
НБАВидео: ЛА Лејкерси на чекор до НБА финалетоКошаркарите на Ла Лејкерс по трет пат во конференциското финале на Западот го совладаа тимот на Денвер.Лејкерси утринава во четвртиот меч од финалната серија беа подобри од Денвер со 114-108 за водство од 3-1 во победи. Со денешниот триумф фаворитот од Ел Еј на на чекор до нови големо финале во најсилното светско кошаркарско првенство. Ол Стар центарот на Лејкерси , Ентони Дејвис повторно беше кобен за тимот на Денвер. Дејвис беше незадржлив и со 34 постигнати поени беше најефикасниот поединец на мечот. Од друга страна неговиот директен противник Никола Јокиќ немаше свој ден, и дуелот го заврши со занего скромни 16 поени. Џамал Мареј постигна 32 коша што сепак беше недоволно за победа над расположените „езерџии“ . Фановите на Денвер сметаат дека и во четвртиот меч Лејкерси ја имале помошта од судиите. Според нив клучниот миг на дуелот се случил во финишот на средбата кога судиите не виделе очигледен фаул на Леброн Џејмс над Џемал Мареј при резулат 105-102. LeBron shuts down Jamal Murray 😳 pic.twitter.com/XnnZpAUwGa — Bleacher Report (@BleacherReport) September 25, 2020 Во редовите на Лејкерси покрај Дејвис одличен меч одиграа и Леброн Џејмс со 26 поени, 9 скока и 8 асистенции и Двајт хауард со 12 поени и 11 скока.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСо филмот „Фантази“ и доделување на наградите вечерва завршува 11. издание на МФФ КиненоваСо филмот „Фантази“ на Кукла Кешеровиќ, словенечко-македонска копродукција и доделување на наградите вечерва завршува 11. издание на МФФ Киненова.Со проекција на „Фантази“ е долгометражен игран филм од 2025/2026 година, кој претставува словенечко-македонска копродукција во режија и сценарио на Кукла Кешеровиќ, вечерва се затвора 11. издание на МФФ Киненова. Филмот е словенечки официјален кандидат за најдобар меѓународен игран филм на 99. Доделување на наградите Оскар (2027) Филмот ја следи приказната на Михрије, Сина и Јасна — три блиски пријателки во раните дваесетти години чиј неконвенционален начин на живот се менува кога ја запознаваат Фантази, млада трансродова жена. Низ нивната интеракција, ликовите истражуваат прашања поврзани со родот, желбите, идентитетот и личното себеоткривање. Годинава, одлуката за најдобрите филмски остварувања на 11. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ е во рацете на истакнато меѓународно жири, составено од врвни филмски авторитети: Емин Алпер – Филмски режисер чии авторски потписи се препознатливи по силниот социо-политички супстрат и суптилната психолошка длабочина. Александра Марковиќ – Режисер, документарист и професор, чиј критички поглед и креативен сензибилитет носат посебна димензија во валоризацијата на филмскиот израз. Гоце Цветановски – Филмски режисер од Македонија, автор со значаен придонес во развојот и промоцијата на националната и меѓународната кинематографија.Тагови: МФФ Киненова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Македонски Брод, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 16.10.2026 во 17:05 часот полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода С.В.(22) од Македонски Брод. При претрес во неговиот дом, истиот со Наредба од основен суд Кичево пронајдена и одземена била грутчеста материја, марихуана, шише со течна материја и хартија за тутун. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.Тагови: Македонски Брод Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДИК: Денес во Брвеница гласаат болните или немоќни лица и затвореницитеДенес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.Вкупно 88 болни или немоќни лица можат да гласаат за градоначалник на Брвеница. Своето право на глас може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово. Државна изборна комисијаТагови: ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter