НБАВидео: ЛА Лејкерс на победа од шампионскиот трон во НБАКошаркарите на ЛА Лејкерс со 102-96 ја извојуваат и третата победа над Мајами во четвртиот дуел од големото финале во НБА лигата.Во спектакуларен натпревар со супер драматичен финиш фаворизираниот Лејкерс сепак успеа да го скрши отпорот на борбениот и хомоген Мајами и да стигне до водство во победи од 3-1. Лејкерси се на само една победа од нов шампионски прстен во НБА, што би бил прв во ерата на Леброн Џејмс. Жолтите од Ел Еј во драматичната завршница благодарејќи им на извонредните Ентони Дејвис и Колдвел Поуп го добија четвртиот меч од финалната серија со 102-96 (27:22, 22:25, 26:23, 27:26). Bron fadeaway on Jimmy ... Too clean 👏 pic.twitter.com/EONodZrzlP — ESPN (@espn) October 7, 2020 Кошаркарите на двете екипи уште на отварањето на средбата покажаа дека воопшто не размислуваат на предавање . По 5 минути игра резулатот беше израмнет на 10-10. Во исто темпо кошаркарите на Мајами и Лејкерс ги одиграа сите 48 минути. Центарот на Лејкерс Ентони дејвис одигра уште еден фантастичен натпревар на двете страни од теренот, Дејвис доминираше и во нападот и во одбраната. Кошаркарите на Мајами многу тешко постигнуваа поени преку Дејвис, а во нападот одлична партија прикажа Колдвел Поуп. ANTHONY. DAVIS. BANG. 💥 pic.twitter.com/d8Cu6ORsQY — ESPN (@espn) October 7, 2020 Одличниот Поуп во решавачките мигови постигна низа од пет поени, а „точка на И“ стави Дејвис со тројка за 100-91 , по што победникот беше решен. KCP out to AD for 3️⃣ pic.twitter.com/OCQLOTbj7i — ESPN (@espn) October 7, 2020 Во редовите на победникот Леброн Џејмс оствари дабл дабал од 28 поени и 12 скока, Дејвис имаше 22 коша и 9 скока, а херојот Поуп реализираше 15 поени, 5 асистенции и 3 скока. LEBRON BULLDOZED HERRO 😤 (via @NBA)pic.twitter.com/Hvc0omKa1Q — Bleacher Report (@BleacherReport) October 7, 2020 На спротивната страна Џими Батлер одигра уште еден извонреден меч со 22 поени, 10 скока и 9 асистенции, Хиро имаше 21 поен, Робинсон 17, а Адебајо 15 постиграни кошеви. Следниот петти натпревар од големото НБА финале се игра во сабота наутро во 3 часот по македонско време.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законикСекоја партија со свoj услов за Изборниот законик, консензусот се понедостижен по денешната средба во Собранието која кратко траеше. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека ќе прифатат сѐ што ќе се договорат опозициските партии за изборниот законик, а единствен нивен услов е дијаспората да може да гласа. Пратеникот Бојан Стојаноски ги повика СДСМ, ДУИ, Левица и другите опозициски партии меѓусебно да постигнат договор за четири клучни прашања – една изборна единица, моделот на финансирање, поплаките и начинот на нивно разгледување, како и моделот за гласање на дијаспората, а ВМРО-ДПМНЕ, како што рече ќе даде бланко поддршка. Координаторот на ПГ на СДСМ Оливер Спасовски денеска не одговараше на повиците и пораките од новинарите, за нивниот став за средбата и повикот од власта. Од неговата партија преку соопштение утринава повторија дека тие не се против гласање на дијаспората, туку против модел кој, како што велат, отвора врата за изборен грабеж. - Власта категорично одбива ДИК со консензус да ги регулира овие процедури. Ако целта им е фер избори, зошто бегаат од механизми за контрола и доверба во процесот? СДСМ нема да дозволи изборен грабеж, власта треба да се повлече од овие намери и да достави нов предлог каде ДИК со консензус би да го регулира гласањето на дијаспората. – велат од СДСМ. Истото барање за подзаконските акти во ДИК да се носат со консензус, наместо со мнозинство гласови, го имаат и од ДУИ од каде денеска оценија дека пропаднале меѓупартиските преговори за Изборниот законик и ги обвинија ВМРО-ДПМНЕ дека се повлекле и од првично договореното електронско гласање на дијаспората. Единствено позитивно изненадени од денешната средба беа од Левица поради, како што истакна пратеникот Крмов, прифаќањето од ВМРО-ДПМНЕ на нивното компромисно решение за гласање на дијаспората преку пошта само за претседателските избори, во замена за една изборна единица. Сепак, тој не е оптимист дека намерите на власта се искрени, како и тоа дека е можно усогласување на опозицијата. Со став за Изборниот законик се изјасни и Зијадин Села со неговата Албанска лига. Тој бара наместо една, да има 8 изборни единици и отворени листи, додека дијаспората да гласа електронски не само за претседателски, туку и за парламентарни и локални. Во спротивно, вели, ќе продолжат со блокада во комисијата. Од владејачката Вреди, пак, порачаа дека за нив е важно дијаспората да може да гласа, без разлика дали тоа ќе биде електронски или по пошта. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотАпокалиптични сцени од Кина: Силно торнадо носеше сè пред себе, најмалку 11 загинатиСилно невреме проследено со грмежи и торнадо ја погоди кинеската провинција Хубеи, при што загинаа најмалку 11 лица, а 331 беа повредени.Најмалку 11 лица загинаа, а 331 се повредени во силна грмотевици што ја погоди кинеската покраина Хубеи. Пет лица ги загубија животите само во градот Еџо, додека спасувачките екипи сè уште работат на терен. Од понеделник до вторник, силни ветрови придружени со грмотевици ги погодија градовите Хуангши, Хуангганг, Еџоу и Сјанинг. Според Синхуа, налети на ветер од осум до 13 степени по Бофортовата скала се регистрирани во 53 општини, што погоди околу 14.600 жители. Ветрови од 13 степени беа измерени во две општини, додека торнада беа регистрирани во некои области. Властите објавија дека обемот на материјалната штета сè уште се проценува, а досега се евакуирани 246 лица. Метеоролошката служба на Хубеи објави дека до 11 часот наутро во вторник, издала голем број предупредувања за лоши временски услови во текот на претходните 18 часа. Иако некои претходни предупредувања истекоа, 86 остануваат на сила, главно поради обилни врнежи од дожд, силни грмотевици и силни ветрови. На граѓаните им беше препорачано да ги следат предупредувањата и состојбата на водотеците, како и да преземат заштитни мерки. Откако помина бурата, речиси 3.000 лица од различни служби беа распоредени во Хуангганг за да учествуваат во операциите за спасување и помош. Во округот Хуангџоу, 103 жители од 81 домаќинство кои живееја во дотраени или високоризични згради беа евакуирани и безбедно згрижени, објавува CCTV News. Според истиот извор, бурните ветрови во округот Хуангџоу собориле голем број дрвја, предизвикале човечки жртви во станбените области и оштетиле возила и деловни објекти. Градот Еџоу активирал црвено предупредување за опасно конвективно време во понеделник во 19:00 часот. Прелиминарните податоци до 5:10 часот наутро во вторник покажуваат дека 428 лица биле погодени, пет лица загинале, а 178 биле евакуирани на безбедни локации. 155 домаќинства, или 378 станбени единици, биле оштетени, објави CCTV News, повикувајќи се на Бирото за управување со вонредни состојби во Еџоу.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАрсоски: Владата е стабилна, во сите параметри ако ги гледаме„Да не ги гледаме само парите на маса или законите кои што се донесени, Владата вложува силна динамика за да ги исполни реформските чекори“Владата е стабилна, во сите параметри ако ги гледаме, во растот на БДП, од оценките на европските претставници во подготовките на планот за раст за реформската агенда пред две години, од обврските кои ги презема претходната влада на СДСМ кои што се големи а роковите кои беа кратки, ние како Влада за две години успеавме да испорачаме огромен број реформски чекори, а тоа го покажуваат и јавно дека сме меѓу првите три земји во Балканот, заедно со Албанија и Црна Гора. Ако ги гледаме шумите на пари кои ние како реформски чекори ги добиваме од ЕУ ние сме втори по Албанија. А има и најави за нови 100 милиони евра дополнителни. Да не ги гледаме само парите на маса или законите кои што се донесени, навистина Владата вложува силна динамика за да ги исполни реформските чекори за да го подобриме животот на граѓаните, состојбите во правосудството, каде има подобрување. Имаме и неколку коруптивни случаи, но има и дејствување на органите на прогонот, вели пратеникот на ЗНАМ, Павле Арсоски во Само Вистини со Видиновски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07