ЗабаваВидео: Кристијано Роналдо има екстремно скап возен паркЕден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Португалецот Кристијано Роналдо е вистински љубител на скапи, брзи и екстравагантни автомобили.Капитенот на Португалија во долгата фудбалска кариера создаде вистинско богатсво, дел од астрономски профит обезбеден на фудбалските терени, Кристијано секако го користи за зголемување на својот и така екстремно скап возен парк. Сите негови фанови знаат дека покрај фудбалската буба мара „слабост“ на мегапопуларниот фудбалер му се и скапите и брзи спортски автомобили. Роналдо на својот Инстаграм профил често знае да се пофали со нова машина на четири тркала. Досега има купено повеќе од 25 вакви „ѕверови“. Роналдо неодамна купи Бугати „Centodieci“, автомобил од кој има произведено само 10 примероци во светот. До 100 km/h стигнува за само 2,4 секунди, а 200 km/h за 6,1 секунди, а максималната брзина му е 380 km/h. За ова задоволство Роналдо платил дури 9,5 милиони евра, пренесе британски Мирор! Португалецот веќе поседува Бугати, а го купи пред четири години за неверојатни 16,5 милиони евра! Ова се дел од автомобилите на најпознатите марки кои славниот Португалец досега ги има купено и се дел од неговиот возен парк. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПовторна расправа за Законот за јавни набавки во СобраниетоВо Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства. Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook