Видео: Крајбрежната стража спасила момче во гумен чамец далеку од брегот - Канал 5

Видео: Крајбрежната стража спасила момче во гумен чамец далеку од брегот

Екипажот на чамецот за спасување го спасила момчето во гумениот чамец, кое ветерот го оддалечил повеќе од два километри  од брегот во морето.

Видео: Крајбрежната стража спасила момче во гумен чамец далеку од брегот

И покрај се, храброто момче останало смирено и ги слушало врисоците на својата вознемирена мајка.

Екипажот на чамецот за спасување го спаси момчето во гумениот чамец, кое ветерот го оддалечил повеќе од два километри во морето.

11 годишното момче по име Томи и неговото семејство си играле на плажата во Данџнес, Кент, Англија, кога ветерот почнал да зајакнува.

Вознемирените родители ги повикале децата назад на брегот, но Томи решил да остане во гумен чамец, а ветерот и струите го однеле во морето.

Кралската национална спасувачка служба во Данџнес одговорила на итен повик и тргнала во потрага по момчето.

- Со нови информации од крајбрежната стража, успеавме да ја следиме патеката , во насока во која мислевме дека ќе биде момчето. Дуваше силен ветер против плимата, па морето беше малку разбранувано, па тешко можеше да се види некој. Потоа го забележавме гумениот мал чамец. Изгледаше како да нема ништо во него, ветрот само го носеше во Северното Море - изјави Стјуарт Ричардсон, еден од спасувачите волонтери.

Тој вели дека им олеснило кога виделе некого во чамецот.

- Секогаш постои овој страв дека ќе се обидат да допливаат до брегот. Томи направи се што сакавме да направи - остана во чамецот и не стана. Да станеше, можеше да падне. Не го фати паника. Беше навистина мирен“, вели Стјуарт.

На видеото можете да видите како спасувачката екипа брза кон гумен чамец, кој морето безмилосно го носи кон отворено море.

YouTube video

Спасувачите го пофалија Томи за неговата храброст и го повлекоа на чамецот за спасување за да го вратат на брегот, каде што неговото семејство го чекаше со вознемиреност и солзи во очите.

- Му викнав да остане смирен и да остане на бродот, а тој слушаше. Не можам да ги објаснам емоциите низ кои поминав кога го видов како плови. Во тој момент се чувствував како да го изгубив. „Не можам доволно да и се заблагодарам на екипажот што го спаси моето дете и го врати безбедно“, рекла мајката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белгија ја одложува забраната за пушење на терасите од кафулињата

Белгиската влада ја одложи забраната за пушење на терасите од рестораните и кафулињата, која требаше да стапи на сила на почетокот на 2027 година.

Белгија ја одложува забраната за пушење на терасите од кафулињата

Одлуката за одложување е донесена по интервенција на највисокиот управен суд во земјата. Забраната за пушење во надворешните простори на угостителските објекти – првично планирана за 1 јануари – е дел од пакетот мерки за заштита на јавното здравје, инициран од социјалдемократскиот министер за здравство, Франк Ванденбрук, пренесува Политико.

Од кабинетот на Ванденбрук изјавија дека белгискиот Државен совет побарал измени во одредени мерки. „Во моментов работиме на тоа“, се наведува во соопштението.

Иницијативата првично предизвика остри реакции во белгискиот угостителски сектор. Владата сега истакнува дека одложувањето ќе им овозможи на угостителските објекти доволно време да се прилагодат на новите правила. Сè уште не е јасно колку точно ќе трае одложувањето. Откако измените ќе бидат финализирани, тие ќе треба да бидат одобрени и од белгискиот Парламент.

Тенденција присутна и во други земји од ЕУ

Неколку други земји од Европската Унија, исто така, воведуваат слични забрани, иако со различен исход. Франција неодамна го забрани пушењето на плажите, во парковите и во близина на училиштата.

Во Шпанија, во јули беше усвоен нацрт-закон со кој забраната би се проширила на терасите и другите јавни простори, а истовремено би вклучила и ограничувања за електронските цигари. Сепак, овој предлог наидува на отпор од сопствениците на ресторани. Белгија веќе минатата година воведе низа закони против пушењето, вклучително и ограничувања за просторите за пушење на аеродромите, како и забрана за електронски цигари со ароми.

Мерките се дел од стратегијата чија цел е создавање генерација без тутун до 2040 година. Забраната за пушење на отворено е една од мерките за кои се залага Светската здравствена организација. Според белгиската Фондација за борба против ракот, речиси една четвртина од Белгијците пушат, при што 19 отсто од нив пушат секојдневно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Набуко“ од Џузепе Верди – моќна музика и вечна приказна за слободата на 30 октомври

На 30 октомври, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди, едно од најпознатите и најзначајните дела во оперската уметност.

„Набуко“ од Џузепе Верди – моќна музика и вечна приказна за слободата на 30 октомври

Со моќна музика, драматичен заплет и силни вокални интерпретации, оваа опера ја раскажува судбината на еврејскиот народ и неговиот копнеж по слобода и татковина, носејќи универзална порака што и денес допира до публиката.

Операта ќе биде изведена под диригентската палка на Мирон Михаилидис (Грција), во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор е Климент Тодороски, хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, а светло дизајн, Милчо Александров.

Насловната улога ќе ја толкува Марјан Јованоски, во улогата на Абигаиле ќе настапи Злата Тошевска Димовска, Николина Јаневска ќе ја игра Фенена, Ѓорѓи Цуцковски ќе настапи како Исмаил, а во улогата на Захарие ќе настапи Александар Стефаноски. Во останатите улоги ќе настапат Диме Петров, Јаворка Витанова, Јане Дунимаглоски, хорот, оркестарот, балетскиот ансамбл на Националната опера и балет и ученици при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ .

„Набуко“е лирско-драматична опера во четири чина, едно од најпопуларните дела на Џузепе Верди и е омилено кај публиката. Својата праизведба оваа опера ја имала во 1842 година во Миланска Скала. Тоа е третата опера на Верди за која што се смета дека трајно ја воспоставила неговата репутација како композитор. Темата на операта е тешката историја на еврејскиот народ, нападнати и поразени, протерани од својата татковина, иако историските настани се користат само како позадина на романтичниот и политички заплет. Верди во една ноќ ја напишал надалеку познатата хорска арија која станала драматуршки и музички столб на делото „Va, pensiero, sull'ali dorate“ („Летај на златести крилја”).

Национална опера и балет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно и посвежо

Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. 

Утре променливо облачно и посвежо

Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

Во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Од утре ќе преовладува променливо облачно време, освен во северните делови каде ќе има услови за појава на врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер