3Секој фудбалер од победничката репрезентација на Мундијалот ќе добие златен прстен- познато е колку чини
Други спортовиВидео: Косовскиот тренер суспендиран затоа што и удри шамар на ќерка си по поразот од СрбинкаСпоред официјалните информации, Фетиу е суспендиран на шест месеци од сите меѓународни и домашни натпреварувања.Европската теквондо федерација му изрече шестмесечна суспензија на селекторот на Косово, Ваљмир Фетиу, поради инцидентот што се случи на европското првенство во Тирана, кога и удри шлаканица на својата осумгодишна натпреварувачка, која воедно е и негова ќерка. Според официјалните информации, Фетиу е суспендиран на шест месеци од сите меѓународни и домашни натпреварувања. Одлуката за суспензијата ја донесе надзорниот орган на натпреварувањето, со образложение дека тренерот покажал „физичка агресија“ кон својот натпреварувач на крајот од натпреварот. Trener sa tzv. Kosova ošamario je devojčicu Valine Fetiu (8) nakon što je izgubila od Srpkinje, a pogledajte šta se desilo nakon toga. Skandalozna scena desila se u Tirani, na Evropskom prvenstvu u tekvondou za decu. pic.twitter.com/0rwzeGHxbI — Pepo portal (@pepoportal) November 10, 2024 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево и многу топло 09:09Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
КултураИгор и Ана Дурловски и оркестарот „Ајга“ вечерва на „Охридско лето“ Извонредните македонски оперски имиња со интернационална уметничка кариера,Игор и Ана Дурловски, вечерва ќе настапат во рамки на фестивалот „Охридско лето“ заедно со камерниот оркестар „Ајга“ под диригентската палка на маестра Ана Спасовска.&nКонцертот ќе се одржи на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 21 часот. Басот Игор Дурловски дипломира и магистрира на ФМУ во Скопје со највисоката оцена „Cum Laude“. Дебитира во Македонската опера и балет во 1999 година и има учествувано во петнаесетина нови продукции. Неговата интернационална кариера започнува во 2001 година во Виенската камерна опера како Нонакоур во операта „Флорентинската сламена шапка“, а потоа следуваат улогите на Плуто во „Танцот на неблагодарните души“од Монтеверди, како и Плутоне во „Евридиче“.Во сезоните 2009/2011 настапува во Државниот театар во Касел во Германија каде остварува десет нови продукции. Во 2013 година дебитира во Операта во Лајпциг во Вагнеровата опера „Самовили“ која доживува своја реприза на престижниот фестивал во Бајројт. Во 2014 година дебитира во Театарот во Линц во Австрија со улогата на Зарастро, а следната година и во Државниот театар во Штутгарт. Во 2016 година ја толкува улогата на Тимур во „Турандот“ во Макао (Кина), а следната година е дел од продукцијата на операта „Аида“ во Хонг Конг. Настапувал со филхармониските оркестри во Белград и во Москва, како и со Македонската филхармонија. Има настапувано во дваесетина држави на повеќе континенти. Македонската сопранистка Ана Дурловски студиите ги завршува на ФМУ – Скопје, а на оперската сцена дебитира како Лучија од Ламермур во истоимената опера на Доницети во Македонската опера и балет, по што ѝ се отвораат и вратите на оперите во Србија, Босна, Хрватска и во Албанија. Во 2006 година таа дебитира во Виенската државна опера како Кралица на ноќта во Моцартовата „Волшебна флејта“, улога која ја повторува и во Баварската државна опера, во Берлинската опера и во Германската опера во Берлин. Од 2006 до 2011 година Дурловски е член на оперскиот ансамбл на Операта во Мајнц каде ги пее улогите на Лучија („Лучија ди Ламермур“), Софи („Кавалер со роза“), Музета („Боеми“) и Манон („Манон“). По овој ангажман, таа станува еден од солистите ангажирани во Државната опера во Штутгарт, каде нејзината интерпретација на главната улога во „Месечарка“ ѝ ја носи наградата „Фауст“ за најдобра женска улога доделена од германската стручна критика, а списанието „Опернвелт“ ја прогласува за „откритие на годината“. Во Штутгарт ги исполнува и улогите на Моргана („Алчина“), Фоли („Плате“), Сестра Констанцa („Дијалози на камрелиќанките“), Цербинета („Ариадне“), Виолета („Травијата“), Олимпија („Хофманови приказни“), Елвира („Пуритани“) и Норина („Дон Пасквале“). Во Мадрид настапува како Розина во „Севилскиот берберин“, а е Кралица на ноќта и Олимпија. Во 2014 година дебитира во њујоршката „Метрополитен“ како Кралица на ноќта, улога која ја одбележува нејзината кариера со која настапува и со Берлинската филхармонија на Фестивалот во Баден-Баден под диригентската палка на сер Сајмон Ратл, како и во Мадрид, во Берлин и на Фестивалот во Брегенц. Во Дрезден ја исполнува улогата на Џилда во „Риголето“, а на престижниот фестивал во Бајројт ја изведува улогата на Валдвогел во „Зигфрид“ во 2016 и 2017 година. Други проекти ги вклучуваат Лучија ди Ламермур во Грац и во Хамбург, ја пее главната улога во „Алчина“ во Стразбур и во Дармштад и е Маргарита во „Хугеноти“ во Манхајм, како и Дона Ана во Театарот во Билефилд. Добитничка е и на признанија од списанието „Opernglas“ за улогите на Амина и Фоли. Од 2015 година Ана Дурловски е носителка и на највисокото државно признание – титулата „Национален уметник на Р. Македонија“. Камерниот оркестар „АЈГА“ е формиран во септември 2022 година и во него членуваат истакнати имиња на концертната сцена кај нас, предводени од концерт мајсторот Ева Богоевска. Оркестарот во различни формации (камерен, гудачки, симфониски) реализира повеќе концерти што предизвикаа бројни воодушевувачки импресии и кај публиката и кај музичката критика Диригентката Ана Спасовска е добитник на угледни диригентски признанија, меѓу кои стипендист на Меѓународниот натпревар и фестивал „Жорж Енеску“ во 2024 година и е дел од престижната менторска програма „Таки-Алсоп“ 2024–2025, преку која остварува соработка со Марин Алсоп. Во 2022 година ја освои Првата награда на Меѓународниот натпревар за оркестарско диригирање во Сегед, Унгарија. Своето диригентско деби го остварува со Симфонискиот оркестар на Дубровник и оттогаш има диригирано со бројни оркестри низ Европа и САД.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево и многу топло 09:09Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
СветТрамп: Сакаме уште едно Светско првенство, но без Канада и МексикоДодека Светското првенство што се одржува во Северна Америка се ближи кон крајот, американскиот претседател Доналд Трамп изрази желба САД повторно да бидат домаќин на Светско првенство во блиска иднина.Додека Светското првенство што се одржува во Северна Америка се ближи кон крајот, американскиот претседател Доналд Трамп изрази желба САД повторно да бидат домаќин на Светско првенство во блиска иднина – говорејќи на прием во Њујорк пред неделното финале. „Треба повторно да ги изберете САД“, рече Трамп на приемот во „Трамп тауер“. „Но, овој пат, ќе ги изоставиме Канада и Мексико како домаќини.“ САД беа домаќини на 78 од вкупно 104 натпревари на овогодишното Светско првенство, вклучувајќи ги сите 12 натпревари од четвртфиналето па натаму. Светското првенство во 2038 година е следниот турнир за кој сè уште не е објавена земјата-домаќин. Иако историски гледано, период од 12 години би се сметал за краток рок за земја што сака повторно да биде домаќин на Светското првенство, ФИФА донекаде сама се доведе во оваа ситуација со доделувањето на турнирите во 2030 и 2034 година. Со оглед на тоа што Светското првенство во 2030 година – со кое се одбележува стогодишнината од турнирот – ќе се одржи во Африка (Мароко), Европа (Шпанија и Португалија) и Јужна Америка (Уругвај, Аргентина, Парагвај), а Светското првенство во 2034 година во Саудиска Арабија (Азија), Северна Америка и Океанија се единствените континенти што ги исполнуваат условите за домаќинство на изданието во 2038 година според тековните правила на ФИФА. Трамп исто така откри дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, стапил во контакт со него во врска со можноста САД и Кина заеднички да бидат домаќини на некое идно Светско првенство.Тагови: Доналд Трамп ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСП2026: Франција -Англија во малото финале во битка за бронза Доцна вечерва од 23 часот репрезентациите на Франција и на Англија ќе играат натпревар за третото место на 23- тото Светското фудбалско првенство 2026. Битката за бронза во Малото финале се игра на стадионот „Хард Рок“ во Мајами. На европскиот класик вечерва нема фаворити, бидејќи и двете селекции разочарани од неуспехот во полуфиналето посакуваат овој дуел воопшто да не се игра. Англискиот тренер Томас Тухел веќе зборуваше за натпреварот за бронзата. „Ниту еден од нашите играчи, ниту еден од француските играчи не сака да го игра овој натпревар. Тие сакаат да играат во финалето. Дадовме сè од себе за тоа да се оствари. Сите учествуваат со цел да го освојат Светското првенство, но така стојат работите. Имаме еден ден помалку за закрепнување од Франција, но натпреварот ќе го одиграме професионално“, рече Тухел. Французите имаат потполно исто мислење за вечерашниот натпревар.. Ставот на мнозинството на прес-конференцијата го пренесе Ибрахим Конате, кој стопроцентно се согласува со Тухел. „Го видов она што го кажа Тухел – дека никој не сака да го игра натпреварот за третото место. И тој е во право во смисла дека и тие и ние сакавме да играме во финалето. Но, така е како што е, немаме избор“, рече Конате. Инаку традицијата е на страна на Англија. Франција и Англија се сретнале 32 пати во текот на нивната историја, при што Англија победила на 17, Франција победила на 10 натпревари, нерешено завршија пет средби. На Мундијалите исто така поуспешен е Гордиот албион во две победи во трите средби. - Англија победи во 1966 година (2:0) и 1982 година (3:1), додека Франција победи во 2022 година (2:1).Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево и многу топло 09:09Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30