Видео: Кливленд со брејк против Торонто, Леброн забележа нов „трипл-дабл“ - Канал 5

Видео: Кливленд со брејк против Торонто, Леброн забележа нов „трипл-дабл“

Торонто Репторс веќе нема домашна предност во полуфиналната серија на Источната конференција против вицешампионот Кливленд Кавалирс, откако уште во првиот натпревар загубија како домаќини со 113:112 по продолжение.

Видео: Кливленд со брејк против Торонто, Леброн забележа нов „трипл-дабл“
Гостите заостануваа во сите 48 минути и својата прва предност во натпреварот ја имаа дури во продолжението по кош на Кајл Корвер. Сепак, Торонто имаше можност да извлече победа на самиот крај на средбата, но шутот на Фред ВанВлит на 3.4 секунди пред крајот беше непрецизен.

Канадскиот тим имаше четири последователни можности да реализира победнички кош и на крајот на регуларното време, откако Леброн Џејмс израмни на 105:105 на половина минута пред крајот, но играчите на Двејн Кејси не беа успешни и при овие обиди.

Леброн Џејмс повторно беше најдобар за Кливленд со 26 поени, 13 асистенции и 11 скока - неговиот 21. „трипл-дабл“ во кариерата во плеј-офот. Џеј Ар Смит додаде 20 поени за победниците, а Кајл Корвер заврши со 19.

За тимот на Торонто, кој водеше со 8 поени на 8 минути пред крајот на дуелот, најпрецизен беше ДеМар ДеРоузен со 22 поени. Центарот Јонас Валанчиунас заврши со „дабл-дабл“ од 21 поен и 21 скок, а Кајл Лори постигна уште 18 поени.

YouTube video


Во другиот натпревар за вечерта, шампионот Голден Стејт го освои и вториот домашен натпревар против Њу Орлеанс Пеликанс по 121:116 во полуфиналето на Западната конференција.

Дрејмонд Грин остана на скок од „трипл-дабл“ - 20 поени, 12 асистенции и 9 скокови. Кевин Дурант одигра одлична последна четвртина и заврши со 29 поени.

Стеф Кари се врати во игра, со 28 поени, 7 скока и 3 украдени топки.

„Дабл-дабл“ за гостите реализираше Ентони Дејвис со 25 поени и 15 скока, додека Ражон Рондо заврши 22 поени и 12 асистенции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот Димовски во посета на компанијата Леар во ТИРЗ Тетово

Согласно активната и транспарентна комуникација со сите инвеститори, директорот Гоце Димовски денес ја посети компанијата Леар во ТИРЗ Тетово. 

Директорот Димовски во посета на компанијата Леар во ТИРЗ Тетово

За време на посетата, покрај состанок со менаџментот, беше остварена и обиколка низ производствениот погон.

Во рамки на средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, идните планови и можности за понатамошен развој. Посебен акцент беше ставен на отворената комуникација и соработката со Дирекцијата за ТИРЗ, со цел навремено согледување на потребите на компанијата и обезбедување соодветна поддршка во рамки на надлежностите на Дирекцијата.

Димовски истакна дека непосредната комуникација со компаниите е важна за подобро разбирање на потребите, но и за навремено наоѓање решенија за предизвиците со кои се соочуваат. Тој посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветена на отворена и редовна комуникација со компаниите, како и на создавање услови во кои тие ќе можат непречено да работат и да ги реализираат своите развојни планови.

Од страна на менаџментот на компанијата, беа презентирани тековните активности, како и плановите за во иднина, а се разговараше и за дополнително унапредување на работните процеси. Беше изразена благодарност за континуираната поддршка и конструктивниот дијалог со Дирекцијата за ТИРЗ, истакнувајќи ја важноста на заемната соработка за одржлив економски раст.

​Оваа посета е дел од редовните активности на Дирекцијата за ТИРЗ за одржување директен контакт со инвеститорите во технолошките индустриски развојни зони ширум земјата, со цел да се обезбеди стабилна деловна клима и да се поттикнат нови вложувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Отворена истрага против три лица

Надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“.

ЈО: Отворена истрага против три лица

Надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“, а заедно со останатите двајца осомничени и кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

Наредбата за спроведување истражна постапка се темели на докази обезбедени во текот на претходно спроведена предистражна постапка, на документација и докази од предмет што е во фаза на судење, како и докази обезбедени преку меѓународна правна помош.

Ценејќи дека се исполнети законските услови за определување мерка притвор, јавниот обвинител до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје достави предлог на тројцата осомничени да им биде определена мерка притвор во траење од 30 дена,стои во соопштението на Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Спроведена вонредна инспекциска контрола на дивите продавачи на Бит пазар

Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми (најголем дел земјоделски производи) и отстранета е целокупната опрема за продажба која била на диво поставена .

АХВ: Спроведена вонредна инспекциска контрола на дивите продавачи  на Бит пазар

Денес, во раните утрински часови, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во координирана акција со комуналните инспектори на Град Скопје, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и припадници на Министерството за внатрешни работи, спроведоа вонреден инспекциски надзор над дивите продавачи на земјоделски производи, лоцирани долж булеварот „Крсте Петков-Мисирков“, на потегот од трговскиот центар Мавровка до Бит пазар.

Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми (најголем дел земјоделски производи) и отстранета е целокупната опрема за продажба која била на диво поставена на пешачките и велосипедските патеки.

Во координација со комуналните инспектори на Град Скопје на сторителите ќе им бидат изречени соодветни прекршочни мерки.

Во заедничка акција со СВР Гостивар, вчера, официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство на приватен имот во село Чајле, запленија и на депонијата Русино нештетно уништија 150 килограми месо со изминат рок, без декларација и со непознато потекло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер