Видео: Кливленд ја освои летната НБА лига - Канал 5

Видео: Кливленд ја освои летната НБА лига

Кливленд Кавалирс рано утрово го совлада Хјустон рокетс со 99:78 (28:14, 23:30, 28:15, 20:19) во финалето на летната НБА-лига.

Видео: Кливленд ја освои летната НБА лига

Предводник до триумфот на Кавалирс на натпреварот одигран во Лас Вегас беше Ајсаја Мобли со 28 поени и 11 скока.

Кливленд минатата сезона се пласираше во плејофот, губејќи во првото коло од Њујорк никс.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во фокусот на средбата

Министерот Агон Ферати оствари средба со резидентната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Рита Колумбија.

Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во фокусот на средбата

На средбата се разговараше за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата. Во текот на средбата беше истакната важноста на тесната соработка со младите, додека посебно внимание беше посветено на Петгодишната рамка за соработка со Владата. Во рамките на оваа соработка се разговараше и за четирите главни столба, меѓу кои и реформите поврзани со Европската Унија и спроведувањето на приоритетите од владината програма.

Значаен дел од разговорот беше посветен на приближувањето и соработката меѓу различните етнички заедници во земјата, со посебен акцент на младите како обединувачка сила. Во таа насока беше оценета важноста на младинските клубови кои функционираат во рамките на општините, како и на студентските унии, како простори каде што младите можат поактивно да се вклучат во општествениот живот и во процесите на донесување одлуки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична пријава на Филипче

Мали Фрчко да му поднесе кривична пријава на Филипче, во чиј мандат како министер околу 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело и граѓаните се труеле

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична пријава на Филипче

РЕАКЦИЈА НА ЈОН ФРЧКОСКИ

Талогот на СДС повторно се појави.

Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство.

Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.

Се побрза талогот на СДС да поднесе кривична пријава за лица кои, како раководители на институции итно преземаа мерки и активности за решавање на проблемот и во рекорден временски рок ги санираат последиците.

Токму поради брзата интервенција на институциите кои ги набројува мали Фрчко, гостиварци веќе извесно време имаат техничка вода во нивните чешми и набрзо ќе имаат и бактериолошки исправна вода за пиење.

А во меѓу време, од првиот ден на појавување на проблемот, благодарение на брзата интервенција на Владата, граѓаните на Гостивар се снабдуваат со бесплатна флаширана вода за пиење.

За разлика од сега кога се преземаат мерки, се известуваат граѓаните и проблемот со водата се решава, во периодот на власт на талогот на СДС, граѓаните на Гостивар свесно беа оставени бавно да се трујат.

Околу 400 испитувања на водата за пиење во Гостивар периодот на власт на СДС, кога Венко Филипче беше министер за здравство покажале неисправна вода за пиење. Резултатите се криеле, граѓаните не биле известени да не ја консумираат и не биле преземени никакви мерки и активности од ниедна институција, ниту на локално, ниту на централно ниво за решавање на проблемот.

Така да, му порачуваме на Фрчкоски да му поднесе кривична пријава на Филипче за системското и свесно труење на граѓаните, а не на овие коишто во рекорден рок го решаваат проблемот и состојбата ја ставаат под контрола.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светските мориња достигнаа рекордни температури во јули

Светските мориња достигнаа рекордно високи температури во јули, делумно поттикнати од развојот на условите на Ел Нињо во Пацификот..

Светските мориња достигнаа рекордни температури во јули

Според службата за следење на климата на Европската унија, температурите на површината на морињата минатиот месец изнесувал 20,96 степени целзиусови, со што е соборен претходниот рекорд од пред три години со 20,89 степени.

Овие мерења се однесуваат на морињата надвор од поларните региони.. Долж Атлантскиот брег и во западниот медитеран температурите на водата достигнале рекордни вредности, проследени со силни морски топлотни бранови..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер