3Митовски: Доста е од голготата на граѓаните — Владата итно да прогласи кризна состојба во Крива Паланка!
Шоу бизВидео: Ким Новак со „Златен лав“ за животно дело на фестивалот во ВенецијаЛегендарната холивудска актерка Ким Новак (92) доби награда „Златен лав“ за животно дело на 82. Меѓународен филмски фестивал во Венеција.Ова е нејзино прво големо јавно појавување по речиси десет години, а признанието ѝ беше врачено синоќа со долги овации. Наградата ѝ ја врачи познатиот режисер Гијермо дел Торо, чииот филм „Франкенштајн“ исто така имаше премиера на фестивалот. Kim Novak waves and poses with her Golden Lion after the screening of KIM NOVAK’S VERTIGO at #Venezia82 pic.twitter.com/ckqQPIZddd — Loud and Clear Reviews (@LoudAndClearRvs) September 1, 2025 – Длабоко сум трогната од ова признание. Да бидам препознаена за моето животно дело во оваа возраст е остварување на сон. Секој момент во Венеција ќе остане во моето срце, изјави Новак. #BiennaleCinema2025 Today, in the Sala Grande, the legendary actress #KimNovak received the Golden Lion for Lifetime Achievement of #Venezia82… and yes, we’ve got vertigo (the good kind). pic.twitter.com/U5ExkixzZS — La Biennale di Venezia (@la_Biennale) September 1, 2025 Истовремено, премиерно беше прикажан и нејзиниот биографски документарен филм „Kim Novak’s Vertigo“, кој бил долгогодишен проект на продуцентката и менаџерка Су Камерон. – Сакав Ким повторно да ја доживее славата што некогаш ја имаше. Филмот е ремек-дело што ја прикажува вистинската Ким, со сите радости и трагедии од детството, рече Камерон. Новак е најпозната по улогата во култниот психолошки трилер на Алфред Хичкок „Vertigo“ (1958), кој денес се смета за еден од најзначајните филмови во историјата на киното. Таа се повлече од Холивуд во 1980-тите и живее во Орегон. Standing ovation per Kim Novak che ha ricevuto il Leone d'oro alla carriera dal Presidente della Biennale Pietrangelo Buttafuoco, il direttore della Mostra del cinema di Venezia Alberto Barbera, e dal regista Guillermo del Toro.#KimNovak #Venezia82 #Venezia2025 pic.twitter.com/8t9mwQR1bG — I Soliti Cinefili (@isoliticinefili) September 2, 2025 Во интервју во 2021 година, Новак откри дека го напуштила Холивуд „за да преживее“, бидејќи чувствувала дека го губи својот идентитет. Наградата во Венеција се смета за признание не само за нејзината актерска кариера, туку и за нејзината автентичност и доследност низ животот. 🔵#BiennaleCinema2025 #Venezia82 "Io sono voi e voi siete me. Io vi amo e voi mi amate". 8 minuti di applausi, una lunghissima standing ovation: Kim Novak, 92 anni, ultima diva dell'età d'oro di Hollywood, ha ricevuto il Leone d'oro alla carriera pic.twitter.com/C1e9agX5Oi — Rai Radio1 (@Radio1Rai) September 1, 2025 Тагови: венеција Ким Новак Златен лав Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветТрамп планира да се сретне со Путин и Си во Кина следната неделаДоналд Трамп, Владимир Путин и Си Џинпинг би можеле да се сретнат во Кина следната недела за да разговараат за завршување на војната во Иран.Трамп им рече на новинарите дека очекува да се сретне со рускиот и кинескиот лидер на азиско-пацифичкиот самит во Шенжен, Кина, закажан за 18 и 19 ноември. „Тоа ќе биде интересно. Ќе разговараме за многу работи, вклучително и за денуклеаризација. Се обидуваме да ја завршиме војната во Иран“, кажа Трамп. Идејата за ваков самит прв ја предложи Путин, кој притоа сакал да се разговара за завршување на војната во Украина. Кремљ на 21 октомври соопшти дека се прават подготовки за ваква средбаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИнфлацијата во октомври 3,3%, соопшти ДЗСИнфлацијата во октомври според индексот на трошоците на животот бележи зголемување од 3.3 отсто во однос на истито месец лани, додека индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.На годишно ниво најмногу поскапело горивото. Според статистичките податоци, транспортот во октомври годинава е за 9,5 отсто поскап во однос на лани. Трошоците за рекреација, спорт и култура се зголемиле за 8,5 отсто, а за образование над 5 отсто. На месечно ниво инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2026 година, во однос на септември 2026 година, изнесува 0.4 отсто, индексот на цените на мало е повисок за 0,2 отсто. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМитовски: Доста е од голготата на граѓаните — Владата итно да прогласи кризна состојба во Крива Паланка! Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на прес-конференција побара Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба на територијата на општината. Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на прес-конференција побара Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба на територијата на општината и да ги обезбеди потребните ресурси за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на крупниот добиток. Барањето произлегува од заклучоците на Општинскиот кризен штаб и оцената дека надлежните институции немаат доволно капацитети самостојно да се справат со проблем од ваков обем. На прес-конференцијата присуствуваа многубројни граѓани, меѓу кои и лица што претрпеле штети од добитокот. Нивното присуство ја нагласи сериозноста на состојбата и очекувањето институциите конечно да покажат слух за проблемите со кои секојдневно се соочуваат и да ги заштитат нивната безбедност, имот и труд. „Додека институциите ги објаснуваат своите ограничувања и надлежности, граѓаните ги бројат своите загуби и штети“, порача Митовски. Според информациите изнесени на Кризниот штаб, повеќе од 1.000 грла добиток неконтролирано се движат низ општината. Се уништуваат земјоделски насади, се оштетуваат приватни имоти и јавни површини и се загрозува безбедноста во сообраќајот. Добитокот секојдневно се движи и низ самиот центар на градот. Митовски истакна дека се неопходни дополнителни стручни, логистички, оперативни и финансиски ресурси, специјализирани возила и соодветен простор за сместување на животните. Од Владата побара да обезбеди заедничка, координирана интервенција, со јасен оперативен план, активности по денови, прецизни задолженија и точно утврдена одговорност. Планот треба да опфати организирано заловување, безбеден транспорт и згрижување на добитокот, како и мерки што ќе спречат повторување на проблемот. Тој посочи дека од јануари 2022 година до Владата, Министерството за земјоделство, надлежниот инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство се доставени стотици пријави и иницијативи. Поднесена е и кривична пријава за мачење животни, а собрани се докази за материјални штети, повреди на граѓани и уништување јавни површини. Според Митовски, правосилните и извршни решенија за одземање животни од регистрирани одгледувалишта, донесени уште во 2024 година, сè уште не се спроведени во целост. Досегашните делумни интервенции, истакна тој, не обезбедиле трајно решение. Градоначалникот го отвори и прашањето за здравствената состојба и благосостојбата на животните. Побара одговори кој го следи добитокот за кој се донесени решенија за одземање, кога се извршени последните ветеринарни прегледи и дали се проценети здравствените и епидемиолошките ризици. Митовски нагласи дека институциите мора да ги спроведуваат сопствените одлуки и дека ниту партиската припадност ниту приватните интереси смеат да бидат над законот и над правото на граѓаните на нормален и пристоен живот. „Прогласете 30-дневна кризна состојба, мобилизирајте ги потребните ресурси и помогнете ѝ на Крива Паланка да стави крај на оваа долгогодишна голгота“, порача Митовски до Владата. Тој истакна дека останува со граѓаните во барањето за итно постапување и заштита на нивните интереси, нагласувајќи дека трпението е на крај и дека Крива Паланка очекува конкретно решение, сега и веднаш.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter