ЗабаваВидео: Јокиќ го освежи Дончиќ, по што доби сочна пцовка Балканско шоу пред мечот на сите ѕвезди на Ол стар викеднот во Индијанаполис.Во главна улога големите балкански другари и ривали, најдобрите кошаркари на Денвер и далас, Никола Јокиќ и Лука Дончиќ. На една од пресконференциите во Индијанаполис додека Лука дава изјава пред новинарите Јокиќ го освежува со ладна вода поради што најкорисниот кошаркар во лигата доби сочна балканска пцовка. Nikola Jokic gave Luka Doncic a cold shower during their post-practice press conference 😂 (via @BenGolliver) pic.twitter.com/UHohpHFIbj — Ball Don’t Lie (@Balldontlie) February 17, 2024 Нивното шоу продолжи и во соблекувалната каде повторно Лука и Никола се шегуваа во свој стил. Лука Дончиќ и Никола Јокиќ по петти пат играат заедно на Ол-стар, а тоа значи само едно - добра забава. Тие двајца со години имаат одличен однос и кога и да се сретнат гледаме дека се почитуваат, но сакаат и да се „колваат“ што Словенецот најдобро го почувствува на своја кожа викендов во Индијанаполис. Jokic and Doncic share a hug before they hit the floor for practice 🃏🪄 The 2024 #NBAAllStar Game tips on Sunday at 8:00pm/et on TNT! pic.twitter.com/dYWYEuKJtd — NBA (@NBA) February 17, 2024 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПожар на Крф- пожарникарите се борат со огнената стихија, активирани се и авиони (ВИДЕО)Пожар избувна во областа Јанадес, во централниот дел на Крф. Голема противпожарна бригада веднаш беше испратена на местото на настанот за да го изгасне пожарот, објави Прототема. Во исто време, се очекува противпожарните авиони PZL со седиште на Крф да полетаат за да помогнат во гаснењето на пожарот. Пожарникарите се во состојба на зголемена готовност, додека во моментов не се познати дополнителни детали за обемот на пожарот или дали населените области се во опасност.Тагови: Крф пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШтерјова: ВМРО го труе и Скопје-СДСМ бара одговорност за загадувањето на ЛепенецЗагадувањето на реката Лепенец значи дека отровот веќе стигна и во Скопје.Белата боја и обемот на пената што вчера се појави на сливот на реката Лепенец во реката Вардар, најчесто се знак на синтетичко загадување. Ова е сериозен аларам власта нема капацитет за заштитата на животната средина и безбедноста на водните ресурси. Наместо конкретни мерки и одговорност градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, си игра со дронови, од воздух ќе го решавал проблемот. Човекот кој една обична слика за билборд не може да направи без грешка, На граѓаните на Скопје не им требаат спектакли, туку институции што ги штитат. И најважно, чиста и безбедна вода. Скопје има проблеми со депонии, со смет, со загаден воздух а сега и проблем со загадување на Лепенец и Вардар. СДСМ бара институциите веднаш да ја утврдат одговорноста за загадувањето и итна реакција за санација на проблемот. Секој што си игра со здравјето на луѓето мора да сноси одговорност. СДСМ нема да дозволи оваа власт да ја отруе цела Македонија. Време е за правда и вистина, рече Кети Штерјова од СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
МакедонијаНиколоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со одлична динамикаИнтензивно се градат галериите, во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај.Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се реализира со забрзана динамика. Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи. Паралелно се работи на стабилизација на земјиштето, на довршување на мостовите, како и на довршување на двете цевки на тунелите. Во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани, 10 километри каде што влегуваат тунелите и галериите, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Алекснадар Николоски, кој денеска изврши увид во градежните активности на трасата и изградба на галериите на потегот од Пресека до Кичево. “ Тука се работат осум галерии коишто се навистина еден голем инженерски потфат. Позади нас имаме три галерии коишто се веќе во завршна фаза — две можам да кажам дека се целосно завршени и на третата интензивно се работи. Паралелно се работи на стабилизација на земјиштето, на довршување на мостовите, како и на довршување на двете цевки на тунелите, со што за неколку месеци од денес овој дел од автопатот ќе биде функционален и ставен во функција. Бројките се навистина импресивни. Само овие три галерии коишто се позади мене се во должина од 1 километар и 100 метри, додека тунелите ќе бидат најдолги во Македонија, едната цевка во должина од 2 километри, другата цевка во должина од 2 километри и 100 метри, како што кажав, најдолги тунели во Македонија, а галериите за првпат од овој тип се изведуваат не во Македонија, туку во целиот регион” – изјави Николоски. Тој додаде дека изгрaдбата на галериите било најдоброто решение за стабилизација на земиштетo, што на терен се покажува како ефикасно решение. Најави во скоро време пуштање на нови делници за сообраќај. “Ова беше најпаметното и најдоброто решение за стабилизација на земјиштето. За да ја заштитиме трасата, за да имаме безбедно возење, овие инженерски чуда коишто се позади нас беа најдоброто решение. Ова беше напуштен проект, ова беше проект во којшто никој не веруваше, но еве го, веќе се гледа крајот, веќе имаме 34 километри на коишто се вози, а во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани 10 километри каде што влегуваат тунелите и галериите”- истакна заменик претседателот на Владата, Николоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook