Видео: Јамал видно уморен и исцрпен по дуелот против Франција - Канал 5

Видео: Јамал видно уморен и исцрпен по дуелот против Франција

Шпанија е во големото финале на Светското првенство по победата над Франција (2:0), но една снимка од стадионот предизвика вистинска бура меѓу навивачите на „Црвената фурија“. 

Видео: Јамал видно уморен и исцрпен по дуелот против Франција

По завршувањето на натпреварот, камерите го снимија Ламин Јамал како го напушта теренот видно исцрпен, а она што им падна в очи на сите беше фактот дека младиот ас буквално едвај одеше.

Секој чекор изгледа болно, а социјалните мрежи за рекордно време се вжештија од коментари на загрижените навивачи.

По мундијалското полуфинале Шпанците се пожалија на грубоста од француските фудбалери кон младата светска фудбалска ѕвезда.

Во текот на целиот натпревар, Французите не бираа средства за да ја запрат најголемата ѕвезда на Шпанија. Јамал беше под постојан притисок, претрпе бројни дуели и стартови, а токму врз него беше направен прекршокот по кој Шпанија доби пенал за водство.

YouTube video

Иако видеото на кое тој тешко се движи воопшто не е пријатно за навивачите на „Црвената фурија“, првите информации од шпанскиот табор влеваат оптимизам. Не се очекува повредата да го загрози неговиот настап во финалето; станува збор попрво за последици од жестоките дуели и големиот физички напор за време на полуфиналето.

Сепак, јасно е дека шпанскиот медицински тим внимателно ќе ја следи неговата состојба во наредните денови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Земјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди областа во близина на Пиза во централна Италија утрово, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Во соопштението се вели дека земјотресот се случил во 10:15 часот наутро, со епицентар седум километри западно од Пиза, на длабочина од осум километри, објави Анса.

Земјотресот бил почувствуван низ северна Тоскана, во соседните провинции Лука и Маса-Карара, како и до провинцијата Фиренца.

Засега нема извештаи за повредени или штети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски на средба со в.д. амбасадоrката на САД во Македонија, Никол Варнс: Во фокусот инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.

Николоски на средба со в.д. амбасадоrката на САД во Македонија, Никол Варнс: Во фокусот инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство

На средбата се разговараше за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји.

Министерот Николоски истакна дека Владата е силно посветена на реализацијата на капиталните инфраструктурни инвестиции како значаен двигател на економскиот раст, регионалното поврзување и подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните.

На средбата беше потврдена заедничката определба за натамошно продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, во духот на традиционалното пријателство и партнерство меѓу двете земји.

Со почит,

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина загинаа во украински напад кај Москва

Најмалку пет лица загинаа, а десет се повредени во украински напад со дрон врз склад во близина на Москва, соопшти гувернерот на московската област, Андреј Воробјов.

Петмина загинаа во украински напад кај Москва

Нападот предизвикал голем пожар во индустриски објект во Новоселки, околу 70 километри јужно од Кремљ. Според украинските медиуми, цел на нападот бил магацин поврзан со компанијата „Вајлдберис“, која Киев ја обвинува дека обезбедува логистичка поддршка за руската армија. Во текот на ноќта биле погодени и складишта на компанијата во регионите Санкт Петербург и Твер. Mеѓувреме, Русија продолжи со воздушни напади врз Украина. Во нападите врз Миколаев, Суми и други украински градови загинаа најмалку четири лица, меѓу кои и деца, а повеќе лица се повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер