Видео: Ја оштети ли судијата Марчинијак, Барселона, ова е стартот пред голот на Черби - Канал 5

Видео: Ја оштети ли судијата Марчинијак, Барселона, ова е стартот пред голот на Черби

Ова е стартот над дефанзивецот на Барселона Мартин пред голот на Черби кој  го спаси Интер, во вчерашниот реванш од полуфиналето на Лигата на шампионите.  Не беше досуден фаул.

Видео: Ја оштети ли судијата Марчинијак, Барселона, ова е стартот пред голот на Черби

Барселона е револтирана од судењето на Шимон Марчинијак.

Нивниот тренер Ханси Флик, неколку играчи, навивачи на каталонскиот клуб и тамошните медиуми тврдат дека секоја сомнителна ситуација ја судел во корист на италијанскиот шампион.

Полскиот судија е особено критикуван што не се огласи веднаш пред голот за 3-3 во судиското надополнување кој го спаси Интер од пораз и испаѓање .

Alleged foul on martin before inter equalised in the last minute.
byu/WhyChemistry insoccer

Барселона е револтирана што пред голот на беше досуден фаул над Жерар Мартин во дуелот со Дамфрис .

Дензел Дамфрис стартувашена ногата на Мартин, додека играчот на Барса ја имаше топката. Мартин потоа падна очекувајќи фаул.

Но, Марчинијак не се огласи, па во продолжението на акцијата Дамфрис нафрли пред голот, каде Франческо Ачерби погоди за 3:3, за делириум на Меаца и продолженија.

Во нив Интер победи со 4-3 и стигна до финалето на Лигата на шампионите. Барселона тврди - незаслужено.

Инаку, Интер е првиот финалист во Лигата на шампионите откако во спектакуларен реванш од полуфиналето на домашен терен ја совлада Барселона со 4:3 по продолженија, со што се пласираше во мечот за титулата на ЕП со вкупни 7:6.

Таму го чека подобриот од двојката ПСЖ - Арсенал кој денеска го игра реваншот.

Домашните поведоа на Меаца со голот на Лаутаро Мартинез во 21. минута. Во судиското надополнување на првото полувреме, Хакан Чалханоглу од пенал зголеми на 2:0.

Барселона се врати во 54. минута со голот на Ерик Гарсија, а Дани Олмо израмни на 2:2 во 60. минута. Интер се спаси во третата минута од судиското надополнување На три минути до крајот на регуларниот период Рафиња го сврте резултатот на 2:3 за Барселона, која, како што изгледаше тогаш, се пласираше во финалето.

Сепак, Франческо Ачерби погоди за Интер во третата минута од судиското надополнување и ги зголеми на 3:3 и во продолжението. Таму во 99. минута Давиде Фратеси постигна гол за конечен пресврт на Интер, победа од 4:3.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и релативно топло

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. 

Утре сончево и релативно топло

Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Германската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“.

Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“.

Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година.

Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед.

Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф.

Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“.

Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство.

Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер