ВМРО-ДПМНЕ: Домашното производство во април покри 88,8% од вкупната потрошувачка на електрична енергија
СДСМ: Клековски ги празни базените што ги отвори Мицкоски, а единствениот ПЕТ-скенер стои без суровини
1ВМРО-ДПМНЕ: Домашното производство во април покри 88,8% од вкупната потрошувачка на електрична енергија
2СДСМ: Клековски ги празни базените што ги отвори Мицкоски, а единствениот ПЕТ-скенер стои без суровини
2Се појави видео од тајната венчавка на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез која не носи венчаница
ФудбалВидео: Изведе аут како корнерФудбалер од Иран изведе неверојатен аут, топката леташе цели 45 метри, неговата техника го претвори во интернет-сензација.Иранскиот фудбалер Надер Мохамади (29) повторно го привлече вниманието со својата необична техника на изведување аут. За време на натпреварот од руската Прва лига против Уфа, дефанзивецот на Спартак Кострома изведе аут со салто, исфрлајќи ја топката на импресивни 45,6 метри. Според податоците од руската аналитичка платформа „RuStat“, ова е најдолгиот измерен аут забележан во руската Премиер лига и Прва лига откако започнало следењето на овие податоци во 2021 година. Топката се искачи речиси 11 метри во височина Спартак Кострома и Уфа одиграа нерешено 1:1 во понеделникот, во рамките на шестото коло од руската Прва лига, а еден од најинтересните моменти на натпреварот не беше гол. 🤯🇮🇷🇷🇺Spartak Kostroma’s Nader Mohammadi launched a stunning 45.6m throw-in against Ufa! 🚀 The ball travelled 51.6m and reached a peak height of 10.8m — the longest throw-in recorded by an RPL or FNL player since RuStat began tracking the data in 2021. pic.twitter.com/xyGKZi1G5r — EF (@EURASIAFOOTBALL) August 18, 2026 „RuStat“ го измери аутот на Мохамади на растојание од 45,6 метри. Вкупната патека на движење на топката изнесуваше 51,6 метри, при што таа достигна максимална висина од 10,8 метри. Со овој потег, иранскиот фудбалер постави рекорд во базата на податоци на „RuStat“ за двете највисоки нивоа на рускиот фудбал. Истовремено, Мохамади не ја искористи класичната техника на залет. При изведувањето, тој се потпре на топката, направи салто нанапред и ја искористи силата на ротацијата за да ја фрли што е можно подалеку. За Мохамади, ова не е само потег смислен за да го привлече вниманието на публиката. Откако запиша асистенција на натпреварот против СКА-Хабаровск, тој објасни дека со години вежбал ваков начин на изведување аут. „Како дете се занимавав со гимнастика. Уште од млади години го вежбам ова изведување аут со салто“, изјави Иранецот за „Чемпионат“.Тагови: Фудбал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Убавицата од 90-тите не се двоуми да покаже сè, дури во шеста деценија од живототПознатата актерка, русокосата убавица Хедер Греам (56) на Инстаграм сподели фотографии од својот одмор во Италија, на кои покажа дека се уште има тело на кое може да и позавидат и двојно помлади девојки.Хедер прво покажа како изгледа фантастично во провокативно сино, а потоа и во бордо бикини. Актерката беше одлично расположена додека уживаше во летниот одмор. Таа повторно ги воодушеви сите со својот изглед и докажа дека воопшто не остарела од периодот на деведесеттите години, кога беше на врвот на својата слава. Хедер зрачи со самодоверба на секоја објава додека позираше и ја покажуваше својата фигура во бикини, кои ги надополни со темни очила за сонце. Фотографиите наводно ги направил нејзиниот партнер Микеле Чивета (50), италијански режисер и продуцент, кој ѝ се придружил на патувањето. Не застана тука – неповторливата Хедер повторно блесна на плажата, но ја смени бојата на костимот за капење. Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСе појави видео од тајната венчавка на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез која не носи венчаницаАтрактивната Георгина Родригез и најплатениот светски фудбалер, Кристијано Роналдо пред околу една недела тајно стапија во брак, а сега се појави и видео од церемонијата.На свадбата биле присутни само нивните деца, а невестата воопшто не носела венчаница. Долгогодишните партнери Кристијано и Георгина официјално стапија во брак, а како што се дозна подоцна, на интимната свадба присуствуваа само нивните деца. Како што се очекуваше, милиони нивни фанови се интересираа и каква венчаница избрала Георгина, со оглед на тоа што е познато дека таа сака да се истакнува со скапи парчиња, особено со накит вреден стотици илјади евра. Но на изненадување на фановите Георгина на свадбата воопшто не носела венчанца Наместо венчаница, таа се одлучи за едноставна кошула и тесно здолниште, а изгледот го надополни со скап дијамантски накит. View this post on Instagram A post shared by khan✨ (@cr7raz_) Во истото издание, парот се венчал и во црква, а фокусот бил ставен на самиот чин, што пријатно ги изненади луѓето навикнати на тоа како Георгина редовно се фали со скапи парчиња и пари.Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Домашното производство во април покри 88,8% од вкупната потрошувачка на електрична енергијаДомашното производство во април покри 88,8% од вкупната потрошувачка, значаен чекор кон целта Македонија да стане нето-извозник на електрична енергија.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на политики и инвестиции што имаат за цел зголемување на домашното производство на електрична енергија, намалување на зависноста од увоз и обезбедување стабилен и сигурен енергетски систем за граѓаните и компаниите. И покрај тврдењата на опозицијата дека електричната енергија ќе поскапи за 5%, реалното зголемување изнесува 2,28%, што е меѓу најниските стапки на зголемување во Европа. Истовремено, со нови законски решенија се отвора можност за намалување на цената на електричната енергија за домаќинствата за 5 до 10%, а со преземените мерки за субвенционирање на електричната енергија, директно се заштитува стандардот на граѓаните и се спречуваат ценовни шокови за домаќинствата. Од друга страна, долгорочната цел е Македонија да произведува повеќе домашна електрична енергија и постепено да ја намалува зависноста од увоз. Така, во април годинава, домашното производство покри 88,8 проценти од вкупната потрошувачка на електрична енергија во земјата, што претставува значаен чекор кон стратешката цел Македонија да стане нето-извозник на електрична енергија. Паралелно се работи на консолидација и подобрување на работењето на ЕСМ, зголемување на акумулациите и максимално искористување на постојните производствени капацитети, а дополнително се реализираат нови стратешки инвестиции во енергетиката. Во таа насока, потпишани се договори за реализација на фотонапонската електрана „Битола 3“ и за ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3, со вкупна вредност од 97 милиони евра. „Битола 3“ ќе придонесе кон зголемување на производството на електрична енергија од чисти извори, додека ревитализацијата на хидроелектраните ќе овозможи подобро искористување на постојните капацитети. Воедно, започнува изградбата на најголемиот ветерен парк во земјава, со 55 ветерници, кој се очекува да произведува електрична енергија за околу 100 илјади домаќинства. Инвестицијата на „Алказар Енерџи“ е вредна околу половина милијарда долари. Додека со потпишувањето на меморандумот со „Казанџи Груп“ се отвора можност за реализација на стратешки проект вреден до една милијарда евра. Проектот предвидува развој на нови капацитети за производство на електрична енергија, изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас и мерки за зголемување на сигурноста во снабдувањето со гас. Овие инвестиции значат нови можности за индустријата, поддршка на гасификацијата, нови работни места и поголема енергетска отпорност на државата, а со развојот на домашните производствени капацитети се намалува зависноста од увоз и изложеноста на надворешни ценовни и политички ризици. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради енергетски систем кој ќе биде стабилен и отпорен на кризи, флексибилен во однос на идните предизвици и усогласен со европските стандарди со крајна цел, Македонија да биде држава која произведува, извезува и има сигурен и стабилен енергетски систем, со предвидливи и пониски трошоци за граѓаните и компаниите. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook