Огромна кражба во подстаницата Драчево, вредна 5 милиони евра- уништена е железничката инфраструктура
2Огромна кражба во подстаницата Драчево, вредна 5 милиони евра- уништена е железничката инфраструктура
Спектакуларна свадба на соработничка на Трамп на грчкиот остров Миконос- подготовките траеле две години (ВИДЕО)
1Спектакуларна свадба на соработничка на Трамп на грчкиот остров Миконос- подготовките траеле две години (ВИДЕО)
3Мачорот Лари е најстабилна фигура во британската политика- испрати шест премиери, сега го дочекува „Кралот на северот“
Шоу бизВидео: Исповед на порно ѕвезда - зошто Џена Присли ја напушти порно индустријата?По 275 снимени порно филмови, активна проституција, длабоко навлезена во светот на дрогата, Џена Присли која од списанието Максим ја доби титулата „најжешката порно ѕвезда на светот“ - излезе од сето тоа. Еве зошто.Џена Присли има само 26 години, но многу поминала во животот. Уште пред 18 години влегла во светот на порно индустријата, желна за слава, лековерна на убедувањата на продуцентите дека ќе биде филмска ѕвезда. - Мојата жед за слава беше жед за љубов. Се чувствував како робот. На 18 години ме облекуваа да личам на малолетничка во порно филмовите. А јас бев како мртва. Ќе ме соблечат од мојата облека, ќе ме облечат во секси долна облека за пак да ми ја соблечат...сите ме гледаа во најинтимните моменти - раскажува Џена која неколку пати се обидела да се самоубие, а порнографијата успевала да ја поднесе само со силни дози на дрога и алкохол во себе. Вистинското име на Џена Присли е Бритни Руиз. Во средно училиште боледувала од анорексија. На 14 години била силувана. На 15 години ја почнала кариерата на топлес танчерка во Мексико. До 18 веќе наголемо снимала порно филмови - по 2 или 3 на ден, за секој настап добивала по 900 долари. Добила безброј награди за својата работа како хард кор порно ѕвезда. - Ми велеа дека сум убава. Перверзно е што во тие тврди порно филмови кои ги снимав на 18 години ме облекуваа да личам дека имам 12. Но ми велеа дека сум убава и ќе бидам ѕвезда - раскажува Бритни. - Веќе не бев Бритни. Добив алтер его, Џена Присли. Не чувствував ништо. Бев исцрпена... Во очајот на својата ситуација која ја олеснувала со наркотици и алкохол, Бритни посетила црква во Сан Диего каде сретнала маж во кој се вљубила. Но набргу тој пред нејзините очи бил убиен од моторџиска банда. Пак почнала со дрогата и се обидела да се убие. Но, тогаш дошла во контакт со XXX Црквата, чија единствена цел е да им даде шанса на сите инволвирани во порно индуистријата да го сменат својот живот. - Цел живот барав љубов и никогаш не ја најдов. Во тие долги 7 години мразев се. Сега ја најдов љубовта за Бога и никогаш нема да се вратам. Последниот порно филм го снимила во 2012. Сега работи во компанија за лимузини. Погледнете ја исповедта на порно актерката која комплетно го промени својот живот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
БалканФилмски грабеж во Словенија- од комбе за превоз на пари украле 100.000 евра, полицијата во потера Разбојници во Изола во словенечка Истра украле голема сума пари од комбе бидејќи тоа утро собирале приходи од продавници, што е повеќе од вообичаено со оглед на тоа што моментално е главната летна туристичка сезона.Неофицијално, акцијата се одвивала како во филм, објави 24 Ур. Комбето што ги транспортирало парите било паркирано пред влезот на голема продавница. Потоа, чуварите влегле во просторијата на задниот дел од продавницата, каде што се наоѓа голем сеф. Во тој момент, наводно, се случила брз грабеж во комбето преку страната на возачот на возилото. Од ова може да се заклучи дека чуварите биле набљудувани долго време, а планот бил добро подготвен. Полициската управа во Копер потврди дека се украдени повеќе од 100.000 евра. Иако брзо биле поставени сообраќајни блокади, сè уште не е откриено кој го зел богатиот плен. Полициската управа во Копер побарала од полициите од соседните земји да ги пронајдат сторителите.Тагови: грабеж Комбе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОгромна кражба во подстаницата Драчево, вредна 5 милиони евра- уништена е железничката инфраструктура Во електровлечната подстаница Драчево, лоцирана помеѓу железничките станици Лисиче и Драчево, е извршена кражба од големи размери.Во електровлечната подстаница Драчево, лоцирана помеѓу железничките станици Лисиче и Драчево, е извршена кражба од големи размери, при што е предизвикано целосно уништување на значаен дел од електроенергетската опрема на железничката инфраструктура. При кражбата биле насилно превртени два големи електроенергетски трансформатори, секој со тежина од над 30 тони. Од трансформаторите било испуштено и истурено трансформаторското масло, додека бакарните намотки и другите вредни компоненти биле целосно отстранети и украдени. Од подстаницата се украдени бакарни жици, бакарни шини и прачки, како и практично сите уреди и елементи неопходни за нејзиното функционирање. Со ваквото противправно дејствие, објектот е доведен во состојба на целосна нефункционалност. Според првичната проценка, директната материјална штета изнесува околу 5 милиони евра. Овој настан не претставува само кражба на бакар и опрема, туку тежок напад врз критичната железничка инфраструктура и врз имотот на државата и граѓаните. Оштетувањето на објекти од ваков вид може да предизвика сериозни последици за безбедноста, стабилноста и редовното функционирање на железничкиот сообраќај. Апелираме до надлежните институции случајот да биде темелно и итно истражен, сторителите и сите лица вклучени во кражбата, транспортот и понатамошното отуѓување на украдените материјали да бидат идентификувани и да понесат соодветна одговорност. ЈП МЖ Инфраструктура Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМалолетник со убодна рана донесен во болница, тврди дека бил повреден при игра15 годишник со убодна рана во градниот кош ноќеска бил донесен во Градската болница Св. Наум Охридски во Скопје.Од МВР информираат дека во еден часот и 12 минути по полноќ од болницата било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет на градниот кош бил донесен 15-годишник од Скопје. Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека бил повреден во населбата Гази Баба од малолетник кој го познавал, но дека бил повреден при игра без намера да се случи повредата.. Полицијата презема мерки за расчистување на овој случај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter