БалканВидео: Хаос во Собранието на Заечар, фрлена чадна бомба и употребен бибер-спрејЧадна бомба беше фрлена и употребен бибер-спреј во салата на Собранието на Заечар претпладнево во момент на обиди за одржување продолжение на конститутивната седница по што сите одборници ја напуштија просторијата, јавија локалните медиуми. Пред Собранието има голема група граѓани, а во салата е скршена маса каде седат одборниците откако приватно обебзедување се обидуваше да спречи влегување на одборниците. Погледајте тренутак када је опозиционар бацио димну бомбу за време седнице скупштине града Зајечара.#zajecar #sednicazajecar #sns #beograd #srbija #izbori #blokade #blokaderi #viralsrbija #viral pic.twitter.com/UVykfUmJAh — Mileta Božić (@bozic_mileta) September 24, 2025 Беше прогласена пауза, големата сала е заклучена и активиран противпожарниот аларм. Пред објектот на Собранието на Заечар има кордон полиција, додека во салата се припадници на приватно обезбедување кои не им дозволуваат на одборниците да влезат. ZAJEČAR Nastavak konstitutivne sednice - da li je to još jedan primer nasilja nad pravom? Rokovi za konstituisanje su istekli - i po Zakonu o lokalnim izborima i po Zakonu o lokalnoj samoupravi! pic.twitter.com/s6gMvYY1ub — Nina Sorel (@nisorel) September 24, 2025 Според локалните медиуми, пред инцидентот, салата беше бучна, а пред претседателската маса и говорницата имаше кордон од приватно обезбедување кое не им дозволуваше на новинарите и советниците од опозицијата да се приближат. За денеска е закажана седница на собранието на Заечар, а како што е наведено во соопштението, таа треба да биде продолжение на конститутивната седница каде што треба да се потврдат мандатите на советниците. DIMNA BOMBA U SKUPŠTINI ZAJEČARA Bačena u velikoj sali: Predsedavajući za govornicom, opozicija neće na svoja mesta, ispred zgrade kordon policije(FOTO, VIDEO) #vesti #politika #zajecar https://t.co/ABlGbBEta2 — Blic Politika (@blicpolitika) September 24, 2025 Локалните избори во Заечар се одржаа на 8 јуни, а коалицијата околу Српската напредна странка победи. Сепак, опозицијата ги оспорува резултатите од тие избори. Набљудувачката мисија на ЦРТА објави дека „во Заечар, во текот на денот на изборите, на 17 избирачки места се регистрирани најтешки форми на нерегуларности, што значи дека изборите не ја одразуваат слободната волја на гласачите“. ⚠️⚠️⚠️ Брутално шта опозиција у Зајечару ради! Постају све радикалнији, толико да су бацили димну бомбу и вероватно сузавац! НДХ вришти из њих, докле више ово? #zajecar #zajecarsednica #sns #srbija #snszajecar #viralsrbija pic.twitter.com/se25g5wnNG — Mileta Božić (@bozic_mileta) September 24, 2025 Претставниците на опозицијата поднесоа десетици жалби против резултатите од изборите, но сите жалби оттогаш се отфрлени. Во такви услови, конститутивната седница на Собранието на градот Заечар се одржа на 5 и 6 август, а покрај локалните политичари, во салата и пред неа беа присутни и членови на приватно обезбедување, полиција и граѓани. Сепак, Градското собрание конечно беше конституирано и беше избрано локалното раководство. Сепак, дваесет дена подоцна, на 25 август, Вишиот суд во Заечар ја прифати жалбата поднесена од опозициската листа во врска со нерегуларности на седницата. Така, конститутивната седница беше откажана. Според Законот за локална самоуправа, двомесечниот рок во кој е задолжително конституирање на собрание на локална самоуправа во случајот со Заечар истече на 4 септември. Според објаснувањето на политикологот Бобан Стојановиќ за „Време“, ова значи дека изборите во Заечар треба да бидат распишани до 4 октомври. Сепак, министерката за државна администрација и локална самоуправа Снежана Пауновиќ подоцна изјави дека нема основа за повторување на изборите во Заечар. „Двајца членови на Комисијата за верификација од редовите на опозицијата побараа од Министерството да го надгледува процесот, а ние побаравме од Градското собрание прецизни информации за тоа што точно се случило. Врз основа на сè што имаме, ќе дадеме предлог, односно наредба за продолжување на конститутивната седница, потврдување на мандатите и продолжување на функционирањето на градот“, изјави таа за Њузмакс Балканс. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗабаваФото: Се соблече најубавата водителкаЕлеонора Инкардона, заштитното лице на спортската платформа „DAZN“ – која публиката често има можност да ја види за време на преносите на натпреварите од Серија А – сподели неколку фотографии од својот одмор на социјалните мрежи.Атрактивната водителка покажа делови од своето секојдневие надвор од телевизиското студио – од времето поминато покрај базенот и шетањето на кучето, до тренинзите, дружењето и уживањето во локалните специјалитети. „Мало бегство, токму она што ми требаше“, напиша Елеонора Инкардона покрај секси фотографии во бикини. Најголемата популарност ја стекна токму преку ангажманот на „DAZN“, каде што ги следи натпреварите од Серија А и големите фудбалски настани. Паралелно со телевизиската работа, таа изгради и голема публика на социјалните мрежи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Меган Фокс непрепознатливаЕдна од најубавите актерки во Холивуд, атрактивната Меган Фокс веќе неколку месеци изненадува со својот изглед. Видео на филмската платформа Letterboxd, во кое актерката Меган Фокс и режисерката Кери Кусама ги препорачуваат своите омилени филмови, предизвика низа реакции на социјалните мрежи. Многу од нив се однесуваа на физичкиот изглед на 40-годишната актерка. Иако снимката беше објавена во почетокот на октомври 2026 година, средбата била снимена уште во октомври 2025 година, за време на специјална проекција на филмот „Jennifer's Body“ во Музејот на филмската уметност на Академијата во Лос Анџелес. Во видеото, Фокс издвојува наслови како „Braveheart“, „The Lion King“ и „Ninja Turtles II“, како и филмскиот серијал за Хари Потер. ''Megan Fox'': Por la caripa que le quedó despues de tantas operaciones https://t.co/TceVR3CSNe — Es tendencia en 𝕏 (@EsTendenciaEnX) October 8, 2026 Сепак, откако некои корисници во коментарите заклучија дека актерката е непрепознатлива и почнаа да шпекулираат за можни естетски зафати, платформата Letterboxd ја оневозможи опцијата за коментирање на објавите на својот официјален профил на Инстаграм. „Што се случи со Меган Фокс што сите ја знаевме? Боже, таа се уништи себеси...“, „Меган Фокс како Џигсо за Ноќта на вештерките“, „Изгледа како член на семејството Адамс“, „Целосно си го уништи лицето. Каква штета“ – беа само дел од коментарите. Дел од јавноста застана во одбрана на актерката, истакнувајќи дека видеото е снимено осум месеци откако таа го родила своето четврто дете, како и дека периодот по породувањето носи природни промени во изгледот. Некои укажаа и на можното влијание на осветлувањето и шминката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамКако Џеф Безос го убеди „Ферари“ да го направи својот прв електричен автомобилНа една конференција, шефот на Ферари раскажа дека Џеф Безос му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, како и дека Ferrari треба сериозно да размисли за електричните возила.Претседателот на Ферари, Џон Елкан, откри дека разговорот од 2016 година со основачот на Амазон, Џеф Безос, одиграл клучна улога во одлуката на италијанската компанија сериозно да го разгледа развојот на електричен автомобил. На конференцијата, Елкан сподели дека Безос тогаш му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, и дека Ферари треба сериозно да размисли за електричните возила. Десет години подоцна, Ферари го претстави моделот „Luce“ – подготвен за сериско производство и прв целосно електричен модел на компанијата. „Luce“ предизвика значителни реакции, не само поради својот електричен погон, туку и поради дизајнот. Надворешниот и внатрешниот дизајн беа развиени од студиото „LoveFrom“, во чиј тим е вклучен и поранешниот дизајнер на Apple, Џони Ајв. Сепак, Ферари истакнува дека Luce останува верен на наследството на брендот во поглед на перформансите. Автомобилот располага со четири електромотори кои испорачуваат вкупна моќност од 1.050 КС и забрзува од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди. Батеријата со капацитет од 122 kWh овозможува деклариран досег од 530 км – што е донекаде скромна бројка со оглед на големината на батеријата. Цената е исто така нетипична за електрични автомобили. „Ferrari Luce“ чини околу 550.000 евра во Европа, а се очекува цената во САД да биде приближно иста. Џон Елкан нагласува дека Ferrari немал намера да создаде контроверзен автомобил; напротив, разговорот со Безос ја зацврстил убеденоста на компанијата дека треба да ја прифати електрификацијата, пренесува b92.Тагови: ферари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00