Видео: Хаос во Истанбул: Песочна бура го погоди градот - Канал 5

Видео: Хаос во Истанбул: Песочна бура го погоди градот

Силна песочна бура го зафати Истанбул вчера.

Видео: Хаос во Истанбул: Песочна бура го погоди градот

Силна песочна бура го зафати Истанбул вчера, пред да почне поројниот дожд,небото се затемнило, ветерот корнел дрвја и кревал покриви, а возачите се соочиле со тешкотии поради намалената видливост предизвикана од облаците прашина.

Поради силниот ветер и неповолните временски услови, некои авиони што се обидувале да слетаат на аеродромите „Истанбул“ и „Сабиха Ѓокчен“ биле принудени да кружат во воздухот, објави порталот „Сон Саика“.

Деца што си играле на улицата и еден минувач за малку ќе настрадале откако силниот ветер откорнал дел од покрив во истанбулската општина Есенлер; инцидентот бил снимен од безбедносна камера, пренесува „ТРТ Хаберлер“.

Силниот јужен ветер подигна високи бранови во близина на Ускудар, што им го отежна движењето на граѓаните долж крајбрежјето.

Ветарот откорна дел од шатор поставен на плажата, кој падна врз едно лице. Во центарот на Истанбул, во областа Фатих (населба Лалели), дрво падна на патот и предизвика краткотраен застој во сообраќајот.

Во населбите Зејтинбурн и Бејоглу ветрот откорна покриви од згради, а дрво што падна на улица во Бахчелиевлер удри во паркиран автомобил.

Бурен ветер проследен со слаб дожд на одредени места уследи по топлотниот бран, за време на кој температурата во Истанбул надмина 35 степени.

Метеорологот Адил Тек изјави за „Сабах“ дека од правец на Бугарија и Романија кон Турција се движи нов систем што носи дожд; тој во текот на вечерта најпрвин ги зафати Едрене и Киркларели, а потоа дождот ќе ја зафати цела Тракија, особено европскиот дел и северните делови на Истанбул.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата

Педесет и двегодишникот од гостиварско што крвничи ја претепа својата сопруга од Психијатриската болница во Бардовци доцна синоќа е пренесен во затворот Шутка.

Од Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата

Педесет и двегодишникот од гостиварско што крвничи ја претепа својата сопруга од Психијатриската болница во Бардовци доцна синоќа е пренесен во затворот Шутка, откако судот го прифати барањето за триесетдневен притвор, потврдуваат од Гостиварскиот суд за Канал 5...

Поради проценка за менталната состојба за обвинетиот мора да има и вештачење во однос на неговата пресметливост, па потоа ќе се знае дали ќе биде вратен за издржување на мерката во Бардовци, брифираат од Гостиварскиот суд.

Според податоците тој претходно бил осудуван, но за кривично дело кражба...

Во меѓувреме, состојбата на неговата четириесет и двегодишна сопруга која според првичните информации два дена била тепана пред да заврши на КАРИЛ, се уште е загрижувачка...

Поради сериозноста на повредите таа е на интензивна нега, има крварење во главата и четири скршени ребра, но е стабилна и контактибилна, информираат од ТОАРИЛУЦ за Канал 5...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, ги повикуваме надлежните институции да постапат

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува симнувањето и сквернавењето на македонското знаме во Гостивар.

ВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, ги повикуваме надлежните институции да постапат

Македонското знаме е државен симбол и секое негово непочитување треба да биде веднаш санкционирано.

Ваквиот однос на поединци во општеството создава поделби, а не сплотување.

Ги повикуваме надлежните институции веднаш да постапат и да ги идентификуваат сторителите, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците

Со години се зборува за опасностите од употребата на канабис кај адолесцентите, чии мозоци сè уште се развиваат. 

Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците

Сепак, една нова меѓународна студија ја доведува во прашање претпоставката дека ризиците за ментално здравје значително се намалуваат по влегувањето во зрелоста, објави Science Daily.

Научниците од Универзитетот во Нов Јужен Велс во Австралија анализирале 149 студии во кои учествувале повеќе од 71.000 учесници. Резултатите, објавени во научното списание „Биолошка психијатрија“, укажуваат на поврзаност помеѓу употребата на канабис и порана појава на психоза.

По триесетгодишна возраст, разликата е повеќе од шест години

Кај луѓето кои користеле канабис, првата епизода на психоза се случила во просек две и пол години порано отколку кај оние кои не го консумирале.

Сепак, резултатите значително се разликувале меѓу анализираните возрасни групи:

• Од 20 до 24 години - 1,6 години порано.

• Од 25 до 29 години - 4,43 години порано.

• Од 30 години и повеќе - 6,3 години порано.

Возрасните категории се однесуваат на просечното време на појава на психоза во анализираните студии.

Дали ефектите се акумулираат во текот на целиот живот?

Психијатарот и раководител на студијата, професорот Метју Ларџ, верува дека овој модел би можел да укаже на кумулативните ефекти од долготрајната употреба на канабис.

Сепак, анализата на опсервациските студии не докажува директна причинско-последична врска. Потребни се дополнителни истражувања за да се утврдат механизмите зад оваа врска.

Како да се препознаат симптомите на психоза?

Психозата вклучува нарушување во перцепцијата на реалноста. Може да се манифестира преку халуцинации, заблудни верувања, неорганизирано размислување и промени во однесувањето.

Не е исклучиво симптом на шизофренија, туку може да се појави и во рамките на други ментални нарушувања.

Доколку се појават вакви симптоми, важно е што поскоро да се побара стручна медицинска помош.

Научниците повикуваат на посериозни предупредувања до јавноста

Авторите на студијата веруваат дека предупредувањата за потенцијалните последици од употребата на канабис не треба да бидат насочени исклучиво кон адолесцентите.

Фактот дека супстанцијата е од растително потекло или има специфична медицинска употреба не значи дека е без ризици за менталното здравје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер