Видео: Гори стара куќа во Маџир Маало

Се запали стара куќа во скопско Маџир Маало.

Покривна конструкција и еден кат на напуштена куќа во Маџир Маало беа опожарени денеска, потврдија за МИА од Град Скопје, посочувајќи дека во пожарот нема жртви.

Од таму додаваат дека огнот е локализиран и дека се работи на утврдување на причините за пожарот. Воедно, градските власти потврдија дека.

Претходно од скопската Територијална противпожарна единица за МИА потврдија дека пожарот избувнал во напуштена куќа на улица „Ѓуро Ѓоновиќ" број 65, во близина на новата Железничка станица. Во гаснење на пожарот учествувале три противпожарни возила и 10 пожарникари.

Покрај овој, пожар избувнал и во штала во Кондово, во чие гаснење учествувале две противпожарни возила со седум пожарникари, како и на обиколницата по „Еуроактива" кон Блаце, каде се интервенирало со две возила и седум пожарникари.

Ковачевски: Ако некој бојкотирал низ целата историја на државата тоа е ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски синоќа во Гостивар изјави дека ако некој бојкторал и блокирал во целата историја, тоа било ВМРО-ДПМНЕ.

Хамас ќе одговори на планот за примирје во Газа во Египет в понеделник

Висок функционер на Хамас изјави денеска дека групата ќе го даде својот одговор на последниот  предлог на Израел за прекин на огнот во Газа в понеделник во Египет.

„Делегација на Хамас предводена од Калил ал-Хаја утре ќе пристигне во Египет... и ќе го достави одговорот на движењето“ на израелскиот предлог за време на состанокот со египетските разузнавачи, рече функционерот кој одби да биде именуван во изјавца за француски медиуми.

Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо е во трансфер плановите на Манчестер Јунајтед, објави денеска каталонскиот весник „Спорт“.

Според истиот извор, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за потписот на 25-годишниот Уругваец и е подготвен да му понуди на каталонскиот клуб повеќе од 80 милиони евра за трансферот.

Во моментов Араухо води преговори за продолжување на договорот со Барселона, но според медиуми, англискиот тим е во позиција да му понуди поповолни услови.

Араухо се пресели во Барселона во летото 2018 година.

притисни ентер