БалканВидео: Голем шумски пожар на грчкиот остров Крит, превентивно евакуирани населени местаГолем шумски пожар избувна утрово во близина на градот Иерапетра во југоисточниот дел на грчкиот остров Крит, а превентивно беа евакуирани жителите на четири населени места, јави дописничката на МИА од Атина.Поради силниот ветер отежнато е гаснењето на пожарот, а интервенираат 120 пожарникари со шест пешадиски тима, 27 возила и два хеликоптера. Преку европскиот број за итни случаи 112 до жителите на четири населени места во близина на пожарот утрово беа испратени пораки за евакуација. Според локалните медиуми од островот, пожарот зафатил и домови и повредено е едно лице. Градоначалникот на Иерапетра Манолис Фрагулис за грчката телевизија ЕРТ објасни дека пожарот е високо на планината, на непроодно место, а „најлошото е што ветерот е многу силен“. /МИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
МакедонијаОсум пожари на отворено до 13 часот, активен пожарот кај Македонски БродОсум пожари на отворен простор се регистрирани на територијата на Македонија до 13 часот денеска.Осум пожари на отворен простор се регистрирани на територијата на Македонија до 13 часот денеска, од кои еден сè уште е активен,еден е ставен под контрола, а шест се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.. Активен е пожарот во општина Македонски Брод, во местото Видуш, во близина на селото Драгов дол. Зафатени се ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Пожар е регистриран и во Делчево, каде што горела градската депонија. Според ЦУК, овој пожар е ставен под контрола.. Во текот на денот се изгаснати уште шест пожари на отворен простор..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
МакедонијаСтојаноски: Економските ‘’експерти’’ од талогот на СДС кои ја уништија државата шират хистеријаЕкономските ‘’експерти’’ од талогот на СДС кои ја уништија државата шират хистерија, официјалните податоци ги демантираа и ја покажаа вистинската слика за економијата.Додека СДС го градеше својот летен наратив од паника и невистини, во сенка на нивните преписки излегоа официјалните податоци на Државниот завод за статистика за инфлацијата и цените на мало во јули годинава. И тие податоци се јасни, проверливи и за жал талогот од СДС, не може да ги побие Инфлацијата во јули 2026 година изнесува 2,3% на годишно ниво. За споредба, просекот во Европа е 2,9%. Значи, Македонија денеска има една од најниските стапки на инфлација. Еве како се движеше инфлацијата од март до јули годинава. Во март, инфлацијата изнесуваше 4,9%, а цените на мало 3,4%. Во април, инфлацијата се искачи на 5,7%, со цени на мало од 5%. Во мај, инфлацијата беше 4,8%, а цените на мало 5,6%. Во јуни, инфлацијата падна на 3,4%, со цени на мало од 3,6%. А во јули пак, инфлацијата изнесуваше 2,3%, а цените на мало 1,8%. Од априлскиот врв до јули, годишната стапка на инфлација падна за 3,4 процентни поени односно скоро 60% пониска во однос на априлското ниво. Особено охрабрувачки е трендот кај храната и безалкохолните пијалаци, каде цените во јули се намалија за 1,1% во однос на јуни, а стапката падна од 5,6% во мај на 1,8% во јули пад од 3,8 процентни поени за само два месеца. Единствениот посериозен месечен притисок доаѓа од транспортот, со раст од 4,4%, но тоа не го менува општиот тренд на смирување. Само за споредба, просечната инфлација во периодот март-јули 2022 година, кога економијата ја водеа токму нивните т.н. „експерти“, изнесуваше 12,34%. Во истиот период годинава, 4,22%. Кај цените на мало, разликата е слична: 12,1% тогаш, наспроти 3,88% сега. Тоа е сооднос од речиси 3:1 во корист на денешниот период, иако двата периоди не се споредуваат затоа што станува, во овој момент, збор за историски најголемата криза што ја има доживеано човештвото. СДС сакаше народот да поверува дека пониска инфлација значи замрзната економија. Бројките го покажуваат спротивно. Извозот во првите пет месеци од 2026 година е зголемен за околу 8% на годишно ниво. Индустриското производство во јуни бележи раст од 6,5%, а преработувачката индустрија дури 7,9% раст. БДП во првото тримесечје порасна за 3,1% на годишно ниво. Бројот на вработени е повисок отколку минатата година, а невработеноста падна од 11,7% на 11,3%. Даночните и вкупните буџетски приходи бележат раст. Почитувани, Талогот се обидува да шири хистерија затоа што реалните бројки не одговараат на нивната стратегија, немаат интерес од официјални податоци кои ја рушат нивната кампања базирана на лажни тези и вештачки создадена хистерија. Логиката на СДС е веќе позната, колку се поголеми нивните лаги, толку погласна треба да биде таа нивна хистерија за да ги прикрие. Затоа нема да видите нивна објава со бројките од јули за инфлацијата, ниту реален осврт на состојбата на Буџетот. Ние ќе продолжиме со политиките кои го штитат стандардот на граѓаните, кои носат нови вложувања и отвораат нови работни места, а бројките потврдуваат дека се движиме во правилна насока. Економските експерти т.н. нормално, од СДС кои сега делат совети оставија уништена држава, а ние градиме економија што реално им го подобрува животот на граѓаните. Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
МакедонијаФЗО: Здравственото осигурување се активира автоматски по евидентирање на уплатените придонесиФондот за здравствено осигурување ја информира јавноста дека состојбата со здравственото осигурување на вработените во Министерството за внатрешни работи не е резултат на технички проблем или застој во системот на Фондот.Според податоците евидентирани во системот, во Министерството за внатрешни работи се регистрирани вработени кои се вратени на работа врз основа на судски одлуки. За дел од овие лица во моментот не е евидентирана соодветна уплата на придонесите за здравствено осигурување за периодот за кој се пријавени. Станува збор за системски воспоставен механизам кој подеднакво се применува за сите правни субјекти во државата. Пријавувањето на вработените, пресметката и уплатата на придонесите се процеси поврзани со системот за наплата на придонесите преку Управата за јавни приходи, додека Фондот го евидентира статусот врз основа на податоците за извршената уплата. Во вакви случаи, кога кај правен субјект дополнително се пријавуваат вработени за претходен период, потребно е да се изврши соодветна корекција на пресметката на плата за тој период и да се доплатат придонесите и за дополнително пријавените лица. По евидентирањето на уплатата, здравственото осигурување се активира автоматски. Оттука, не станува збор за поединечна административна одлука на Фондот, ниту за рачно исклучување на осигурениците од страна на вработените во ФЗО. Процесот е системски и автоматизиран и истите правила важат за сите работодавачи и институции без исклучок. Фондот и самиот во минатото се соочил со идентична ситуација кај сопствените вработени, што дополнително потврдува дека механизмот се применува еднакво за секој правен субјект. Кај институции со голем број вработени, како што е Министерството за внатрешни работи, дополнителното пријавување лица по основ на судски одлуки може да има поширок ефект доколку навремено не се изврши потребната корекција и уплата на придонесите. Во моментов, претставници на Фондот и на Министерството за внатрешни работи се во директна координација за спроведување на потребните постапки и надминување на состојбата во најкраток можен рок. Фондот ги стави на располагање сите потребни податоци и стручна поддршка во рамките на своите надлежности. Фондот истовремено апелира до сите институции и работодавачи, при враќање или дополнително пријавување вработени за претходен период, особено врз основа на судски одлуки, паралелно и навремено да ги спроведат потребните корекции на пресметката и уплатата на придонесите. На тој начин ќе се избегнат ситуации во кои привремено може да биде засегнат статусот на здравственото осигурување и на останатите вработени. Апелираме ова прашање да не се политизира и да не се создава непотребна загриженост кај осигурениците. Станува збор за јасно утврдена системска постапка која подеднакво важи за сите правни субјекти, а по евидентирањето на потребната уплата здравственото осигурување автоматски се активира. Тагови: ФЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook