3Петрушевски: Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и Алта банка, создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи банката за ниска сума
ЗабаваВидео: Ѓоковиќ го шета кучето и ги учи децата тенис!?Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш ја покажа својата големина.Српскиот тенисер додека го шетал своето кученце низ улиците на Белград наишол на група од деца кои побарале помош од него. Да научат некоплку основи удари во тенисот. Популарниот Ноле без размислување одлучил да им се посвети на децата и да им покаже неколку основи удари во тенисот. Ѓоковиќ на радост на сите присутни им објаснил на децата како правило се држи тенискиот рекет и уште неколку работи. Членот на стручниот штаб на кошаркарската репрезентација на Србија Адам Таталовиќ случајно се нашол на вистинското место и го снимил краткиот час по тенис на Новак. Not often you see the #1 tennis player in the world giving lessons to kids in the neighborhood while out walking his dog in Belgrade! @DjokerNole is an absolute class act on and off the court! 🙏🏽🎾🇷🇸 @atptour @novakfoundation #humanity pic.twitter.com/UYY5boOZ1J — Adam Tatalovich (@AdamTatalovich) October 17, 2020 -Не се случува чесно да видите како „Бројот 1“ во светскиот тенис држи часови на деца од маало, додека го шета своето куче низ Белград. Новак Ѓоковиќ е апсолутно фантастична личност на теренот но и надвор од него, напишал Таталовиќ под видеото кое го објавил на социјалните мрежи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаВидео: Несреќа на Монт Еверест: Хеликоптери се судрија при слетувањеИндиски државјанин загина, а државјанин на Нов Зеланд е повреден откако два хеликоптера се судрија при подготовка за слетување во регионот на Монт Еверест во Непал.„Инцидентот се случи во областа на Базниот камп на Монт Еверест. Државјанинот на Нов Зеланд е спасен“, изјави за Ројтерс Каман Синг Тапа Магар, главниот претставник на округот Солукхумбу. Хеликоптерите им припаѓале на приватните компании „Фиштаил ер“ (Fishtail Air) и „Дајнасти ер“ (Dynasty Air), пренесува Б92. Индискиот државјанин кој загина и Новозеланѓанецот кој беше повреден биле туристи, соопштија од компанијата. LIVE UPDATE FROM EVEREST: Helicopter Collision in Pheriche. Two helicopters collided at the helipad. More news coming up : #Pheriche #PhericheHelipad #NepalNews #HimalayanNews #BreakingNews https://t.co/ReLrzuc1eR — Daniel Mazur (@danielmazur) November 3, 2026 Претставник на компанијата „Дајнасти ер“ (Dynasty Air) изјави дека нивниот хеликоптер превезувал само товар. Несреќата се случила за време на шпицот на сезоната за пешачење и планинарење во Непал – период кога хеликоптерите во регионот превезуваат планинари и алпинисти, пренесува Ројтерс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски во Германија се сретна со Вуст: Продолжуваме да градиме силни партнерстваПремиерот Христијан Мицкоски оствари работна средба со Хендрик Вуст, премиер на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија.„Во рамки на посетата на Германија, остварив работна средба со Хендрик Вуст, премиер на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија. Заедно со владиниот тим, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, разговаравме за досегашната успешна соработка, поддршката и можностите за нејзино понатамошно продлабочување, особено во делот на економијата и инвестициите. Германските компании како „Костал“, „Кромберг и Шуберт“, „ВИК“, „Гересхајмер“ и други реномирани инвеститори кои веќе успешно работат во Македонија се одличен пример за потенцијалот за привлекување нови инвестиции од Северна Рајна-Вестфалија. На средбата го истакнавме и задоволството од спроведувањето на заедничката Декларација за намери за соработка, која опфаќа повеќе значајни области: економија, инвестиции, образование, култура, здравство, како и поддршка за европската интеграција на Македонија. Особено значајна е подготвеноста на премиерот Вуст да ја посети Македонија, што ќе претставува дополнителна можност за унапредување на партнерството и отворање нови перспективи за соработка. Продолжуваме да градиме силни партнерства, да привлекуваме нови инвестиции и да ги отвораме вратите за економски развој и нови можности за нашата држава.“- објави Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Славески вели не знаел чија е Алта банка — како тогаш и дал дозвола, по налог на Мицкоски?Гувернерот Трајко Славески вчера изјави дека не знаел чија сопственост е Алта банка Белград, дека не знае колкав процент е сопствеништвото и тоа не go интересирало.Kако тогаш дал дозвола за влез на банката во Македонија? По налог на Мицкоски? Заради бизнис интересите и перењето пари со Вучиќ? Тоа е истиот Славевски кој пред некој ден рече дека е се во ред со Алта банка во Македонија а граѓаните не можат да дојдат до своите пари. Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови, додека пак компаниите слободно префрлаат пари. Ова е изјава на Славевски во истиот ден кога во Србија е објавено дека е уапсен сопственикот на банката, Давор Мацура и кога е објавено дека извадил од трзорот на банката 400 милиони евра во кеш. За многумина денес ова е незамисливо, но наскоро ќе бидат шокирани од деталите што се врзани за ВМРО и за Мицкоски и за криминалните релации со нивната СНС и Вучиќ. Зошто гувернерот крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија? Дали останаа тука или продолжија понатаму кон Москва? Сега, кога контролата е преземена од Народна банка, не можат да кажат дека не знаат. Зошто се кријат податоците и дали Мицкоски и останатите членови на мафијата имаат свои сметки во Алта банка? Во меѓувреме, народот во Македонија не можете да си ги земе своите пари. Мерките што ги воведе Славески се направени за оваа криминална група да ги заврши своите непречени префрлувања на пари. Додека граѓаните не можат да дојдат до своите пари. Пари за живот, за основни потреби, за храна и лекови. Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на штедачите чии депозити и сметки се заробени. Ако се сакаше да се заштитат граѓаните, ќе им се дозволеше да си ги подигнат своите пари непречено, без лимити. Не се направи тоа. Наместо тоа, се штитат парите на мафијата. Одењето на Мицкоски во Германија во овој момент е само бегство од одговорите што го чекаат. Обвинителството мора да реагира и да отвори истрага. Дадовте заклетва дека сте во служба на граѓаните, не на оваа мафија на власт. Ќе одговарате и вие ако продолжите да ја чувате оваа банда. Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар Скопје, 03.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter