Видео: Георгина вежба со задникот?!!

Атрактивната свршеница на светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, убавата Георгина покажа што знае, по што мажите „полудеа“.

Поубавата половина на Кристијано, аргентинската манекенка Георгина Родригез го покажа својот неоткриен талент, вежбите со задникот.

Убавата Георгина одлучила да собере друштво дома и заедно со гостите да вежба. Но, пред да започне со вежбањето Георгина покажала неколку нејзини тајни за совршен задник.

Свршеницата на Роналдо прво одлучила малку да тверкува што со воодушевување било прифатено од нејзините фанови на социјалните мрежи.

Дебата на тема„Има помош за живот без насилство“ во организација на УНФПА

Веќе трета година по ред во Македонија се спроведува  проектот „Превенција и заштита од родово-базирано насилство во Македонија“ под покровителство на министерството за труд и социјала, британската амбасада и УНФПА.

Во рамки на проектот досега функционира програмата за реинтеграција на жртви, моделот за шелтер-засолниште на жртви на семејно насилство, а се даваат и препораките за подобрување на услугите на сос линиите за помош на жртвите.

Продолжува ископувањето со багер на страната на куќата каде што исчезна 2- годишната Данка

Уште едно потресно видео од Бањско Поље денеска.

Заврши ископувањето на едната страна од куќата во која завчера исчезна малата Данка Илиќ (2).

Како што јави репортерот на Телеграф од местото на настанот, копањето со багер продолжило од другата страна на куќата.

Екипата на порталот Телеграф.рс и денеска е пред куќата на семејството Илиќ каде во вторникот околу 13.45 часот исчезна Данка Илиќ (2) и се уште се трага по неа. Полициски екипи ја опколиле куќата на семејството Илиќ во Бањско поле, а пред неа пристигнал багер.

Полицијата претходно отворале шахти околу куќата на семејството Илиќ.

Како што дознаваме, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.

Да потсетиме, Данка исчезнала во моментот кога нејзината мајка му давала вода на другото дете. Носела виолетови панталони, маслинесто сако, а косата и беше врзана во опавче. По исчезнувањето на Данка, за прв пат во Србија беше објавен Алерт наречен „Најди ме“.

По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи на ГСС, како и бројни мештани. По 27 часа МУП го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поље.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

И денеска продолжуваат настаните поврзани со одбележувањето на четиригодишнината од членството на Македонија во НАТО.

Со одржување на информативен ден на НАТО програмата насловена „Наука за мир и безбедност“. Информативниот ден го отворија министерката за одбрана Петровска и шефот на одделот за управување и координација на алијансата Клаудио Палестини.

притисни ентер