Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот
Над сто уапсени за вандализирање на протестите во Барселона: И малолетници ограбуваа продавници и палеа контејнери
1Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот
2Над сто уапсени за вандализирање на протестите во Барселона: И малолетници ограбуваа продавници и палеа контејнери
1Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
3Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
СветВидео: Француската полиција брутално ги разби сите блокади- Околу 500 уапсениФранцуската полиција брутално ги разби сите блокади, речиси 500 уапсени..Министерството за внатрешни работи на Франција објави дека за време на вчерашните протести низ целата земја, уапсени се 473 лица, вклучувајќи 203 во Париз. Според Министерството, 13 припадници на безбедносните сили биле полесно повредени. Според извештаите, најмалку 175.000 луѓе учествувале во протестите „Блокирај сè“, а низ целата земја се одржале 550 собири, јавува BFMTV. 🚨🇫🇷 Meanwhile in Paris today Riot Police charge into Far Left Protestors who have vowed to ‘Block Everything’ today. You are witnessing the collapse of Western Society in real time. pic.twitter.com/v9clq5hce4 — Concerned Citizen (@BGatesIsaPyscho) September 10, 2025 Демонстрантите низ цела Франција го блокираа сообраќајот, палеа контејнери и повремено се судираа со полицијата во обид да „блокираат сè“ во знак на протест против францускиот претседател Емануел Макрон, политичкиот естаблишмент и планираните намалувања на буџетот. France faces a shutdown as new PM Leconru takes charge: 80.000 police officers deployed across the nation 'Block everything' protest called by a loose left-wing coalition @SaroyaHem reports pic.twitter.com/4UekSF3mOZ — WION (@WIONews) September 11, 2025 Тагови: протести Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часотСо огромна излезност и без посериозни инциденти и неправилности поминува изборниот ден во Србија, која гласа на предвремени парламентарни избори.. Главната битка се води меѓу владејачката СНС предводена од Александар Вучиќ и Студентската листа, додека останатите партии и коалиции се борат да го поминат изборниот праг од 3 проценти за да влезат во парламентот... Во Белград е Михаило Донев.. Михаило, од рано утринава се гледа незапамтен интерес за гласање, кои се последните податоци за одѕивот? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНад сто уапсени за вандализирање на протестите во Барселона: И малолетници ограбуваа продавници и палеа контејнериЕвропа денеска ги сублимира штетите и бројот на приведени по синоќешниот нов бран демонтрации, кои на одредени места повторно излегоа од контрола.. Демолирани и ограбени објекти, оштетени јавни површи и запалени улични објекти, оставиле демонстрантите зад себе во синоќешните немири во Барселона. Каталонската полиција соопшти дека биле упасени над сто лица, а триесетина од нив биле малолетни. Со качучки на глава кршеле излози – при што биле ограбени и оштетени најмалку 14 продавници, а во дел од проджните објекти купувачи останале заробени внатре откако вработените ги спуштале заштитните ролетни за да спречат упад и грабежи. Протестите кои не биле најавени се случиле во околината на плоштадот „Плаца де Каталуња“, а повиците се ширеле преку социјалните мрежи. Градоначалникот на Барселона, Жауме Колбони, остро го осуди насилството и порача дека уништувањето на јавниот и приватниот имот нема да остане неказнето, додека тамошната министерка за надворешни Нурија Парлон не ја исклучи можноста нередите да биле инспирирани од протестите во Париз. „Нема да дозволиме она што се случи да помине без последици. Ќе има санкции и за полнолетните учесници и за лицата што се одговорни за малолетниците. Нема да дозволиме нашиот град да биде опустошен“ Во меѓувреме, немирите и протестите продолжуваат и во други европски земји. Во Франицја илјадници демонстранти синоќа повторно излегоа на улиците. Главниот протест се одржа во југоисточните делови на Париз, но најмногу немири имаше во Марсеј каде дошло и до судири, откако млади луѓе запалле канти за ѓубре за да ги блокираат патиштата, а кон безбедносните сили фрлале камења и шишиња. Полицијата употребила солзавец и водени топови против демонстрантите, кои освен што палеле... ограбувале и продавници и залтарници. Тензично е и во Италија. И таму дошло до судири во неколку градови кои резултирале со речиси 400 приведени и над 5.000 легитимирани демонстранти. Тамошната полиција успеала да го идентификува и организаторот на движењето на „17 октомври“. Неофицијално станува збор Јусеф Сихер, 30-годишен Италијанец со мароканско потекло, кој е под истрага под за тешко поттикнување за извршување кривично дело со цел тероризам и употреба на компјутерски системи. Протести, но воглавно мирни имаше и низ Неапол, Падова и во Бари. Хаосот од немирите продолжи и во Албанија каде демонтрантите ја запалија влезната врата на Министерството за земјоделство во Тирана. Во текот на немирите биле искршени излози на продавници, а демонстрантите ваделе и камени плочи од тротоарите и ги фрлале кон полициските службеници. Полицијата освен солзавец, употребила и водени топови и гумени куршуми за да ги растера демонстрантите. Албаниот премиер Еди Рама најави парични казни за демонстрантите кои се движат од 100 до илјда евра за учество во ненароден собир и до 5.000 евра за лицата кои ќе останат во насилни толпи и по предупредувањата од полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСлаб одѕив на претседателските избори во Бугарија, главни фаворити се Јотова и ЃуровИ Бугарија денеска гласа, но на претседателски избори, откако Румен Радев си поднесе оставка пролетта и во меѓувреме стана премиер... Во трката има 27 кандидати, а вршителката на должноста претседателка, 61-годишната Илијана Јотова, води на анкетите. Нејзин најблизок ривал е поранешниот привремен премиер, 50-годишниот Андреј Ѓуров. До 12 часот, одѕивот изнесуваше само 5,8 проценти или на гласање излегле нешто над 385.000 гласачи, соопшти Централната изборна комисија. Првите резултати од излезните анкети се очекуваат вечерва по 20 часот, а доколку ниту една кандидатска двојка не ги исполни условите за победа во првиот круг, вториот круг е предвиден за 1 ноември. Многу слаб интерес за претседателските избори во Бугарија има и во Македонија.. Се гласа на седум избирачки места низ земјата, но за гласање се пријавиле само 265 бугарски државјани, што за околу 40% помалку откако на парламентарни избори во април, кога имаше 463 пријавени.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter