Видео-фото: „Volkswagen Golf GTI “ кој изгледа како да е нацртан - Канал 5

Видео-фото: „Volkswagen Golf GTI “ кој изгледа како да е нацртан

„Golf GTI Mk4“ на „Volkswagen“ можеби не е највозбудливиот хечбек со висока моќност во своето време, но германскиот моден бренд „HowDeep“ го претвори во ремек-дело благодарение на уникатеникатниот „цртан аутфит“.

Видео-фото: „Volkswagen Golf GTI “ кој изгледа како да е нацртан

Специјалниот „Golf“ е создаден со цел да се промовира новата колекција облека на брендот „HowDeep“. Комплетната каросерија е обоена во сино-зелена нијанса, по што е направена црна графика инспирирана од стрипови.

Графиките се дизајнирани да изгледаат како удари со четка и да ги следат линиите на автомобилот.

Благодарение на тие линии, се чини дека „Golf“ се движи со голема брзина, дури и кога стои во место, создавајќи оптичка илузија.

На прв поглед изгледа како да е применет ефект на стрип на фотографиите и клиповите.

Завршувањето е претставено со „Rotiform“ бандажи со аеродинамични капаци обоени на сличен начин како и каросеријата. „GTI“ е опремен со адаптивна воздушна суспензија.

Дали имало некакви модификации на моторот засега не е познато.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ивица Боцевски и Абдулади Вејсели вечерва во „Само вистина

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Ивица Боцевски и Абдулади Вејсели

Ивица Боцевски и Абдулади Вејсели вечерва во „Само вистина

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајките што го прават ова често несвесно ги оддалечуваат своите деца

Стручните лица предупредуваат на навиките кои, иако потекнуваат од грижа и љубов, може полека да ја нарушат блискоста и довербата во односот на мајките и децата.

 Мајките што го прават ова често несвесно ги оддалечуваат своите деца

Еден од најчестите проблеми во однесувањето на мајките е претераната контрола. Кога мајката постојано одлучува наместо детето, го проверува секој негов чекор и не остава простор за самостојност, детето почнува чувствува притисок и губи доверба. Наместо да го дели своето мислење, сè почесто го задржува за себе, а комуникацијата станува површна и формална.

Сличен ефект има честата критика, дури и кога е добронамерна. Ако детето постојано слуша што прави погрешно, тоа може да развие чувство дека никогаш не е доволно добро. Со тек на време тоа доведува до повлекување, избегнување разговор, па детето сè поретко бара поддршка од мајката.

Психолозите нагласуваат и дека споредбата со друго дете дополнително го влошува односот. Таа кај детето создава чувство на помала вредност и го оддалечува од родителот, бидејќи постојано чувствува како да не е доволно добро во очите на мајката. Проблемот се случува и кога детските емоции се намалуваат и игнорираат. Ако мајката не слуша или веднаш не нуди решенија, детето стекнува впечаток дека не е важно како се чувствува, па со тек на време престанува да ги дели своите внатрешни дилеми и да бара поддршка кога е потребно.

Ни претераната заштита не е безопасна. Иако е природно да сакате детето да го поштедите од грешки, тоа без сопствено искуство не развива самостојност, одговорност и сигурност во себе, што подоцна може да ги отежне и неговите односи со другите.

Стручните лица порачуваат дека односот не мора да биде совршен, но мора да биде искрен. Кога постои разговор, разбирање и спремност за промена, блискоста не се губи. Децата треба да се чувствуваат сакани и прифатени и кога грешат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два знака дека партнерот е создаден за долгорочна врска, според еден психолог

Според психологот Марк Траверс, привлечноста не е доволна за стабилен и квалитетен однос. Тој издвојува два знака, кои според негово мислење, често покажуваат дека партнерот е спремен за сериозна и трајна врска.

 Два знака дека партнерот е создаден за долгорочна врска, според еден психолог

Ги дели вашите цели и вредности

Траверс верува дека долгорочната компатибилност е многу повеќе од делењето заедничко хоби или интерес. „Долгорочноста на врската зависи од тоа дали партнерите се согласуваат околу големите прашања за животот“, вели тој за „Психологија денес“. Ова вклучува теми како што се децата, финансиите, кариерите, место на живеење и како сакаат да изградат заедничка иднина.

Тој додава дека заедничките цели го олеснуваат донесувањето одлуки и постигнувањето компромиси бидејќи двајцата партнери се движат во иста насока. „Здрава долгорочна врска е можна само помеѓу партнери чии животни патеки се компатибилни“, истакнува Траверс.

Прифаќање обиди за помирување по расправија

Според психологот, ниедна врска не е без конфликт, но поважно од самите расправии е како партнерите ги решаваат. Тој го цитира истражувањето на Џон Готман, кој истакнува дека „прифаќањето на обидите за помирување“ е еден од најсилните показатели за долгорочна стабилност на врската. Ваквите обиди можат да бидат едноставни реченици како: „Жал ми е“, „Можеме ли да почнеме одново?“ или „Ајде да разговараме кога двајцата ќе бидеме помирни“.

Траверс објаснува дека токму овие мали гестови се клучни за повторно градење на чувството на поврзаност по несогласувањето. „Во вистински здрава врска, смирувањето на работите е задолжителен дел од конфликтот“, напоменува тој и додава дека вреди да се обрне внимание на тоа дали вашиот партнер ги прифаќа таквите обиди или редовно ги отфрла.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер